Промовирани огласи »

Промените не стивнуваат и во периоди на пандемија, а македонскиот пазар станува атрактивна локација за нови инвестиции. По цели 8 години, интернационалиот гигант за брза храна „McDonald’s“, кој без престан работи на експанзија во речиси сите држави, доаѓа и кај нас, дознава Фактор.

Иако постојано се отвораат нови оператори за брза храна, сепак за многумина уживатели на брза храна  „McDonald’s“ е омилено место.

Цените и куповната моќ се едни од главните индикатори за одредена експанзија и влез на одредени брендови. Имајќи предвид дека 2021 година навестува динамични промени, како отворање на најголемиот трговски центар, се чини дека за американскиот гигант нашата држава претставува соодветно место за експанзија. 

Промовирани огласи »

СООПШТЕНИЕ

Скопје, 09.04.2021 година

ГРАД СКОПЈЕ: НАСКОРО СУБВЕНЦИИ  ЗA ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ И ЧИСТЕЊЕ НА ОЏАЦИТЕ

Град Скопје и во 2021 година ги продолжува мерките за доделување субвенции на граѓаните за набавка на инвертер клима уреди за загревање, како и за субвенционирање на домаќинствата и на други субјекти за чистење на оџаците.

Советот на Град Скопје на вчерашната седница ја донесе Програмата за субвенционирање на граѓаните за набавка на високоефикасни инвертер клима уреди за затоплување за 2021 година, со која се утврдуваат начинот и условите за спроведување на активностите за субвенционирање и нивното финансирање.

Денови ќе биде распишан јавниот повик за субвенции на кој ќе можат да аплицираат сите лица кои ги исполнуваат предвидените услови, а ќе можат да аплицираат сите оние што набавиле инвертер клима уреди почнувајќи од 01.01.2021 година. Средствата предвидени за овие субвенции се добиени од Владата на Република Северна Македонија, односно во 2020 година Град Скопје доби средства во висина од 322.400.000,00 денари. Во годинешниов јавен повеќ ќе бидат користени нереализираните средства од минатогодишниот јавен повик или сума во износ од 107.404.074,00 денари.

Согласно со годинешната програма, на граѓаните ќе им бидат целосно надоместени трошоците за набавка на инвертер клима уред, но не повеќе од 62.000 денари во нето износ.

Овие субвенции се дел од мерките предвидени во Планот за подобрување на квалитетот на воздухот и Акциониот план на Стратегијата за климатски промени на Град Скопје. Согласно со многубројните истражувања за квалитетот на воздухот во Скопје најголемо учество во емисијата на ПМ10 и ПМ2,5 честичките има затоплувањето на домовите кои немаат централно греење. Ова се јавува, пред се, заради нецелосното и несоодветно согорување на огревното дрво, лошиот квалитет на дрвото, начинот на неговото чување и употребата на стари, дотраени и технички неисправни печки. Инвертерите за затоплување се економични, еколошки, не користат фосилни горива, а истовремено го постигнуваат максималното задоволство при затоплувањето на домовите.

Доколку  се направи паралела во трошоците за греење на стан со 60 м2 за една грејна сезона во однос на греење со термо печка, печка на дрва и инвертер клима уред ќе се добијат следните пресметки:

 - Термо печка која троши 10.920 kwh електрична енергија троши околу 40.000 денари годишно;

-  Печка на дрва која троши 12 м3 огревно дрво троши околу 37.000 денари годишно;

- Инвертер клима уредот на годишно ниво троши само 4.580 kwh електрична енергија, односно само 18.000 денари годишно.

Според  анализата на  годишно ниво ќе се  заштедат  околу 19.000 денари во однос на загревањето со печка на дрва или 22.000 денари во однос на загревањето со термо печка.

Советот на Град Скопје на вчерашната седница ја донесе и Одлуката за определување на максимален износ за доделување на поединечна субвенција за надоместување на дел од трошоците на домаќинствата и на други субјекти на подрачјето на Градот Скопје за чистење оџаци за 2021 година. Со оваа одлука е утврдено дека максималниот износ за доделување на поединечна субвенција е во висина од нето износ најмногу до 1.200,00 денари по домаќинство или правен субјект, додека персоналниот данок на доход е на товар на Град Скопје.

Наредниот период ќе биде распишан јавен повик за доделување субвенции за чистење на оџаците, а за аплицирање на јавниот повик ќе биде потребно да се прикаже оригинална фискална сметка со датум од 01.01.2021 година, па се до исцрпувањето на буџетот за оваа намена, но не подоцна од 30.11.2021 година.

Со почит,

Град Скопје

Промовирани огласи »

Пандемијата КОВИД-19 го прекина долгорочниот раст на очекуваниот животен век, кој во повеќето земји-членки на ЕУ, според податоците за 2020 година, е пократок од претходната година, објави во средата Европската агенција за статистика - Евростат.

Најголемо намалување на очекуваниот животен век при раѓање, во споредба со 2019 година, е забележано во Шпанија (1,6 години помалку), Бугарија (1,5 години помалку) и Литванија, Полска и Романија - 1,4 години помалку. Во Словенија просечниот животен век е скратен за една година, а во Хрватска за 0,8 години.

Од 30 земји опфатени со статистиката, само Норвешка, Данска и Финска се очекува да имаат подолг животен век од 0,3 години, односно 0,1 година.

Според податоците за 2020 година, во повеќето земји-членки на ЕУ, мажите се малку повеќе погодени во однос на скратувањето на животниот век отколку жените.

Најголемо намалување на очекуваниот животен век кај мажите е забележано во Бугарија (-1.7 години), Латвија и Полска (-1.5 години) и Шпанија и Романија (-1.4 години).

Во ЕУ, очекуваниот животен век при раѓање постојано се зголемува во последните децении.

Според официјалната статистика, до 60-тите години на минатиот век тој растел во просек за повеќе од две години по деценија.

Сепак, неодамнешните податоци сугерираат дека очекуваното траење на животот се скратува во последните неколку години во неколку земји-членки.

Промовирани огласи »

Министерот за економија Крешник Бектеши во гостувањето во Дневникот на Сител изјави дека смета оди оваа сезона во земјава ќе има странски турсти, посочувајќи дека при почетокот на мај ќе се започне со промоција на нашата дражава.

Јас мислам дека ќе имаме странски гости сезонава. Што се однесува до нашите домашни капацитети ние веќе при крајот на овој месец ќе го објавиме јавниот повик за поттикнување на домашен туризам кој веќе две години го реализираме како Министерство за економија. Дополнително на тоа ја разгледуваме можностата да ги вклучиме и туристичките агенции да можат да издаваат одредени ваучери кои ги издава Министерството за економија или пак да бидат посредници за нашите граѓани и за нашите туристички објекти и на таков начин директно да им помогнеме. Дополнително на тоа работиме со стопанските комори за одредена промоција на нашата држава која ќе почне при почетокот на мај, значи во тие одредени држави каде што ние и претходно или традиционално сме имале странски туристи, но и таму каде што анализите ни покажуваат дека има потенцијал за да поттикнеме странски туристи, истакна Бектеши, при гостувањето во ТВ Сител.

Министерот за економија во однос на ваучерите за туризам, кои беа споменати, посочи дека нивната вредност ќе биде уште поголема.

Вредноста ќе биде уште поголема, а дополнително на тоа ќе биде за сите тие вработени со ниски приходи. Ако има потреба секако дека сумата ќе се зголеми, но истовремено и граѓаните опфатени во програмата ќе бидат зголемени, рече Бектеши. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »