Промовирани огласи »

50GB интернет, 10% попуст на месечна претплата и нов избор на атрактивни смарт уреди на рати.

А1 Македонија со големо задоволство ја најавува најновата атрактивна промоција за сите свои корисници кои ќе направат онлајн нарачка на тарифниот модел A1 Neon+

Новите корисници на онлајн тарифниот модел A1 Neon+и А1 Neon+ SIM добиваат промотивно 50GB национален интернет за сурфање на најбрзата мобилна мрежа, а дополнително А1 Neon+ корисниците кои ќе склучат договор на 24 месеци,добиваат и 10% попуст на месечната претплата.

Во комбинација со А1 Neon+ тарифниот модел, корисниците можат да изберат и еден од одличните смарт телефони, како дел од новата пролетна онлајн понуда, со можност за плаќање на рати и тоа, iPhone 11 64GB за 1339ден./месечно, Huawei P40 lite за 259 ден./месечно, Honor9X за 109 ден./месечно, Samsung GalaxyA02s зa 89 ден./месечно, Samsung Galaxy A12 за 159 ден./месечно, како и моделите Samsung Galaxy A52 за 629 ден./месечно и Samsung Galaxy A72 за 799ден./месечно достапни на рати ексклузивно преку онлајн каналите за продажба.

Понудата на телефони важи за нови и постојни корисници на постпејд мобилни услуги, со склучување на нов или обнова на договорот на 24 месеци, само со испраќање на електронска нарачка или нарачка преку A1 Live Shop.

Дополнително на овие промотивни придобивки, корисниците на А1 Neon+ добиваат и можност за 12 месеци бесплатно слушање на омилената музика преку услугата A1 Xplore Music на музичката стриминг платформа – Deezer, без да трошат од месечниот интернет вклучен во тарифата.

Со оваа понуда, А1 Македонија уште еднаш ја потврдува својата заложба за креирање понуди и услуги кои ги пресретнуваат комуникациските потреби на корисниците и тоа преку дигиталните канали, за врвно корисничко искуство.

Повеќе информации за понудата се достапни тука.

ПР објава

Промовирани огласи »

Од 1ви Јуни Малта ги враќа директните линии со 31 држава меѓу кои е и Македонија. Тоа значи дека конечно по пауза од повеќе од една година ќе имаме директна линија Македонија-Малта.

Меѓународниот аеродром на Малта објави распоред на летови за летото 2021 година, прикажувајќи директни летови со 32 земји.

Распоредот, кој останува предмет на промена, укажува на извесно обновување на воздушната поврзаност со аеродромот, кој бележи драматичен пад и на бројот на патниците и на линиите во текот на пандемијата.

Во декември, Централната банка на Малта предупреди дека речиси половина од воздушните правци на Малта се изгубени поради КОВИД-19, со што прометот во авиосообраќајот се вратил за 15 години.

Промовирани огласи »

Да се ​​биде успешен претприемач овие денови може да значи многу работи, но најмногу бара висок степен на амбиција и позитивен резултат. Бидејќи сè повеќе жени добиваат сила и храброст за реализација на сопствените идеи за бизнис, тие стануваат сериозен дел од нашето општество. Нивниот успех не само што произлегува од амбициозноста, напорната работа и инспирацијата, туку потекнува и од нивната способност да се борат да ја преживеат секоја „бура“ во процесот и да не прифаќаат НЕ за одговор.

Сите можеме да учиме од примерот на овие жени.

Затоа тимот на KARIERA.mk одлучи да ја започне оваа кампања за поддршка на жените - претприемачи (основачи ) со тоа што ќе ги понуди своите услуги на сите заинтересирани жени - претприемачи за промоција на нивните компании преку промотивни приказни, интервјуа и споделување на успешни приказни на вработените, социјални медиуми со над 500 000 фанови, како и за бесплатно огласување за новоотворени работни позиции со цел да се овозможи наоѓање квалитетен кадар кој дополнително ќе го зацврсти успехот на нивните компании.

KARIERA.mk е онлајн мрежа за вработување од 700 000 луѓе и претставува сервис за поврзување на компаниите со кандидатите за вработување кој е резултат на заедничката соработка помеѓу тимови со над 15 годишно искуство во HR и IT индустријата.

Услугите што тимот на KARIERA.mk ги нуди се следните:

1. Банер (реклама) 300 х 250 

2. Промотивна приказна со 2 до 3 слики која ќе биде објавена на нашите канали за промоција 

3. Објавување оглас,  доколку не сте го направиле досега, треба да креирате профил на компанијата на нашиот сајт и самостојно да го внесете огласот по што ние веднаш ќе го активираме. Огласот ќе биде исто така пуштен на сите наши канали за промоција на огласите.

Оваа кампања е веќе поддржана од Сојуз на Стопански КомориЗдружение на Бизнис Жени, Womenpreneurs Stories, Women in TechМакедонија2025NewMan's Business Accelerator и AmCham. Очекуваме оваа листа на поддржувачи да се зголеми доста во периодот додека трае кампањата. 

Сите кои се заинтересирани да бидат дел од оваа кампања можат да ни пратат барање на [email protected]

Промовирани огласи »

Се поголем е интересот од страна на граѓани за добивање на социјален стан од државата. Официјалните информации до кои стигнаа медиумите велат дека привршува процесот на изградба на над 30 нови згради наменети за ранливите категории на граѓани. Досега податоците велат дека според последниот проект се изградени 18 згради во кои има 842 социјални станови. А во фаза на градба има уште осум објекти со 595 станбени единици. Според планот, до крајот на годинава треба да започне изградбата на дополнителни 6 згради со вкупно 283 станови.

Од Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор за Денар велат дека овој проект е од големо заначење за цела држава бидејќи објектите се лоцирани во 25 градови, а со тоа има можност за порамномерен регионален развој и во извесна мера изедначување на станбениот стандард.

Ова се податоците за последниот проект (F/P 1674) во однос на изградени згради наменети за ранливите категории на граѓани:

Скопје- Ѓорче Петров ( 2 објекти по 51 стан), Кичево ( 32 ), Охрид (71), М.Каменица (29), Кочани (29), К.Паланка (46), Берово (51 ), Квадарци (30), Битола (78), Штип (91), Демир Хисар (25 ) Прилеп (76), Ресен (18 ), Кочани (43 ), Македонски Брод (10), Струмица (41 ), Гостивар (70 – во моментов се врши технчики прием).

Во фаза пак на градба се околу 300 станбени единици. Според информациите, рокот за изградба е 15 месеци. Еве во кои општини и колку се градат социјални станови:

Пробиштип (48 ), Неготино (62), Св. Николе (48), Виница (36), Скопје- Бутел (312), Гевгелија (44), Демир Капија (16), Велес (29).

Што се однесува до планираните објекти за изградба од овој проект предвидено е е да изградат уште 34 стана во Пехчево, во Дебар 46, во Скопје поточно во Сарај 58, во Кочани 35, во Штип 40 и во Прилеп 70 станови наменети за ранливите категории на граѓани.

Информаците велат дека со претходниот проект за изградба на социјални станови F/P 1340 веќе изградени се 16 социјални згради во кои има 850 станбени единици. Најмногу од становите се во Скопје и тоа 156, во Велес 144, во Битола има 43, во Ресен 29, Дебар 30, во Прилеп 52, во Кичево и Кочани има по 24 социјални стана, а во Делчево 48. Информациите велат дека во Штип има 81, во Гевгелија 64, во Кратово 40, во Тетово 35, и во Крива Паланка 8 социјални станови.

„Во социјалните згради опфатeни со двата проекта F/P 1674 и F/P 1340 има вкупно слободни 35 стана. Во моментот на доделување сите станбени единици биле распределени, а најчеста причина за нивно ослободување е поради с*рт на корисникот на станот. Повторната распределба на овие, како и впрочем на сите социјални станови ја врши Комисијата за станбени прашања при Влада на РСМ“, велат за Денар од Акционерскотот друштво за стопанисување со станбен и деловен простор.

НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ И РАСПРЕДЕЛБА НА СТАНОВИ

Просечната површина на социјалните станови се движи од 35-47 м2. Што се однесува до распределбата на социјални станови под закуп, таа се одвива согласно одлуката за распределба, како и условите за нивно користење изградени по Програмата за изградба, продажба и одржување на станбениот простор во сопственост на Македонија. Тоа значи дека откако зградата ќе биде изградена, со извршен технички преглед од страна на АДИССДП тие доставуваат извесување до Министерството за транспорт и врски. Следната фаза е во Министерството за транспорт и врски кои потоа доставуваат обрасци за аплицирање по категории на корисници на социјалните станови до Центарот за социјални работи во општината каде е изграден социјалниот стан. Потоа процедурата вели дека се објавува Оглас за распределба на социјални станови под закуп за конкретната зграда со определен рок во кој треба да бидат доставени барања од страна на апликантите.

Во однос на категориите на граѓани кои имаат можност за аплицирање за ваков тип на стан надлежните наведуваат шест групи на граѓани кои може да аплицираат на овој оглас.

Предност имаат:

  • деца без родители или без родителска грижа кои имаат навршено 18 години, а до својата осумнаесет годишна возраст биле згрижени во институции или дуги облици на згрижување на деца без родители;
  • корисниците на право на гарантирана минимална помош, лица кои се погодени од елементарни природни непогоди без разлика на правниот статус на нивните постојни живеалишта.
  • лицата со попреченост и семејствата со лица со попреченост.
  • лица припадници на Ромската заедница кои се социјално загрозени, самохрани родители на малолетни деца.

Постапката за распределба на социјални станови под закуп ја спроведува Комисија формирана од страна на Министерот за транспорт и врски, а составена од 3 члена од Министерството за транспорт и врски и 2 члена од Министерство за труд и социјална политика. Апликантите ја доставуваат потребната документација до Центарот за социјална работа во општината во која е изградена зградата во определениот рок во Огласот. Центарот за социјална работа во општината во која е изградена зградата ја прибира потребната документација доставена од страна на апликантите и истата ја евидентира во образецот за апликативна листа, кој образец го потврдува и заверува со потпис и печат, по што сите апликативни листи ги внесува во збирен список – Листа на пријавени кандидати, која ја доставува до Министерство за транспорт и врски – Комисија за распределба на социјални станови.

И кога ќе заврши целата процедура следува јавна електронска распределба на социјалните станови во општината и се врши јавна електронска распределба на социјални станови по што се објавуваат премилинарни листи. Тука следува процедурата на разработка на документацијата на апликантите, се врши увид на лице место каде што живеат лицата кои се на таа прелиминарна листа. Конечната листа ја подготвува Министерството за транспорт и врски, од каде подготвуваат решенија за распределба на социјалните станови за секој учесник на Огласот. И на самиот крај, врз основа на решенијата за користење на социјален стан под закуп, договорот за закуп во име на државата го склучува АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор со лицето кое го добило станот.

Извор : https://denar.mk/

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »