Секое заболување на работното место од ковид-19 се смета за повреда на работно место и се исплаќа 100 проценти боледување, согласно член 39 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување. Во овие случаи поради спречување на ширењето на заразната болест, за сите вработени, за привремена спреченост на работа, односно кога е издадено решение за самоизолација, треба да се исплаќа 100 проценти плата”, наведува Конфедерацијата на слободни сидникати.
Пандемијата нѝ покажа колку е важна безбедноста и здравјето на работниците, истакнуваат од Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) кои Светскиот ден за заштита при работа го одбележуваат преку онлајн кампања.
„КСС уште од почетокот на пандемијата сериозно го сфати новиот предизвик со кој се соочуваме и континуирано укажува и бара итно да се изнајдат решенија за надминување на ваквите состојби и е загрижена за здравствената состојба на работниците во Македонија и негрижата на надлежните институции за работничките права. Пандемијата ги допре речиси сите аспекти од светот на работата. Неочекувано мораше да се смени начинот на работа на многу работници и да се воведат нови форми на работен ангажман на работниците, како што е работа од далечина, што исто така претставува потенцијален ризик за безбедноста и здравјето на работните места, односно допрва ќе се согледуваат психо-социјалните ризици“, велат од КСС.
Синдикатот извесен период бара прогласување на ковид-19 како професионално заболување за сите работници и 100 процентна исплата на боледување и плата за сите оние кои се заболени.
„Секое заболување на работното место од ковид-19 се смета за повреда на работно место и се исплаќа 100 проценти боледување, согласно член 39 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување. Во овие случаи поради спречување на ширењето на заразната болест, за сите вработени, за привремена спреченост на работа, односно кога е издадено решение за самоизолација, треба да се исплаќа 100 проценти плата“, наведува КСС.
Изразуваат незадоволство што не добиле можност да ги искажат своите согледувања на Советот за безбедност и здравје при работа. Сметаат дека сите релевантни чинители треба да се фокусираат на градење на стратегии за зајакнување на системите за безбедност и здравје при работа. Ги повикуваат сите надлежни институции да го почитуваат и спроведуваат законот за безбедност и здравје при работа со цел тој закон да функционира и во пракса.