Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

Завчера, по повод петгодишнината од убиството на младинците кај Смилковското Езеро, познатиот шоумен и хуманист, Боки Јовановски, на семејствата на жртвите им предаде уметнички слики, портрети со ликовите на нивните најмили.

Ликовните дела изработени на платно од наш познат уметник, Јовановски лично им ги однел на членовите на семејствата на загинатите, со цел да порача дека трагедијата не е заборавена, и како споменот на младинците вечно ќе живее.

Семејствата биле доста трогнати од неговиот гест, со растреперени раце и срца ги прифатиле портретите, и порачаа дека му се многу благодарни.

Боки со својата човечност и хуманост длабоко не трогна. Иако болката никогаш нема да стивне, утешително е да знаеме дека луѓето сеуште мислат на нашите најмили, сочувствуваат со нашата тага и се трудат неправдата никогаш да не биде заборавена – велат тие.

,,По трагедијата, сите ние, блиските роднини на жртвите доста се зближивме, станавме како едно семејство. Не е кажано туку така, дека најголемите болки, најдобро ги зближуваат луѓето. Нашите семејства ги спои оваа голема болка за навек.

Благодарни сме му на Јовановски, ни ги допре срцата на сите. Благодарни сме и на сите кои што сочувствуваат со нас, но сепак, и по сите овие изминати години останува прашањето – Зошто? И ние секој ден живееме со истото тоа прашање’’ – ни изјави Елена Славковска, сестра на Филип, кој што беше една од жртвите во масакрот.

Бев на гости кај семејствата чии што прекрасни деца на монструозен начин ги изгубија животите, со цел да им ги предадам портретите од нивните деца. Им благодарам за емотивниот и топол дочек, и како јавна личност, сакам да ја пренесам нивната порака и да апелирам.

Овие луѓе ја заслужуваат вистината за убиството на нивните деца, овие луѓе живеат со таа мисла!’ – порача Јовановски.

Извир - Фокус

Промовирани огласи »

Германскиот Институт за работна сила предвидува дека половината од бегалците кои престојуваат во земјата. ќе најдат работа во рок од пет години, јави дописникот на МИА од Берлин.

Според институтот, 10 отсто од бегалците кои пристигнаа во Германија во 2015 година, биле вработени до јули 2016 година, а 22 проценти од пристигнатите во 2014 нашле работа во текот на 2015-та.

Голем дел од овие вработувања се дел од програмата на Владата за стажирање и повремена работа, а само пет отсто од бегалците дојдени во 2015 година нашле редовна работа лани.

Според истражувањето, во кое биле вклучени повеќе од 4,800 бегалци, бројот на вработени баратели на азил од Авганистан, Еритреја, Ирак, Иран, Нигерија, Пакистан, Сомалија и Сирија пораснал за 80.000 во периодот меѓу 2015 и 2016 година.

Паралелно со оптимистичките предвидувања на Институтот за работна сила, германските власти најавуваат укинување на субвенционираните работни места за бегалците познати како „работа за едно евро“.

Медиумите цитираат извори во Сојузното министерство за труд, според кои, се укинуваат над 100 илјади предвидени работни места, а за шест пати ќе се намалат парите за отворање на работни места за бегалците.

Дел од причините за укинување на државната помош за вработување на бегалците се побрзите процедури за добивање азил, особено за оние мигранти кои имаат реални шанси да добијат подолг престој во земјата со што стануваат конкуретни на пазарот на работна сила.

Германија во март дојде до рекордно ниско ниво на невработеност од 5,9 отсто, што е најниско во историјата на обединета Германија.

Промовирани огласи »

Цигарите и натаму ќе поскапуваат. Предвелигденкото покачување на цената на одредени брендови, не било поради зголемената акциза, која ќе стартува во јули, туку политика на фирмата. Сепак, од Империјал Тобако велат дека може, но и не мора веќе поскапените цигари  за неколку месеци да  добијат повисока цена. Со измените во законот за акцизи, од јули за секоја цигара акцизата се зголемува за 0,20 денари, што значи по 4 денари за кутија.

-На формирањето на продажната цена влијаат многу фактори, не само акцизата. Последното поскапување на цигарите беше интерна одлука, на компанијата, согласно сопствените проценки за нејзиното позиционирање на пазарот, потенцира Стеван Вранеш, од Империјал Тобако .

Зголемената цена на цигарите, намалената куповна моќ кај граѓаните и  законските прописи кои го ограничуваат пушењето се причината за намалување на бројот на пушачи

-Потрошувачката на цигари во Македонија последниве четири години бележи континуиран пад од 2 до 4 отсто, а ваквиот тренд е евидентен и во Европа каде веќе 15 години консумацијата се намалува за 2 до 6 проценти. Клучни причини за намалувањето на потрошувачката на цигарите се куповната моќ на граѓаните, промената на цените, здравствениот аспект, а во последно време и законската регулатива која забрани пушење во затворен простор., изјави Кирил Величковски, директорот на Империјал Тобако за македонскиот, албанскиот и косовскиот пазар

И покрај трендот на намалување на пушачите, македонците се пушачка нација, Дневно во просек пушат по 18 до 19 цигари.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »