Промовирани огласи »

Со олеснувањето на рестриктивните мерки воведени поради епидемијата на коронавирусот, се повеќе луѓе резервираат патувања и хотели преку интернет. Ова е многу добро за рекламниот бизнис на Гугл. Исто така, вработените во таа компанија сè уште работат од дома и не патуваат толку многу на службени патувања – што е повторно добро за деловното работење на Гугл.

Конгломератот „Алфабет“, кој инаку е сопственик на Гугл, во првиот квартал од годинава заштеди 268 милиони долари на патувања, промоции, забави, во споредба со истиот период минатата година, што е првенствено резултат на пандемијата, се наведува во извештајот на компанијата. Годишно, тоа би изнесувало повеќе од милијарда долари.

Всушност, „Алфабет“ во својот годишен извештај претходно оваа година соопшти дека трошоците за рекламирање и промоција се намалиле за 1,4 милијарди долари во 2020 година, бидејќи компанијата ја намали потрошувачката, паузираше или презакажуваше кампањи, а некои настани ги измени во дигитални формати поради пандемијата. Трошоците за патувања и забави се намалија за 371 милион долари.Заштедите компензирале многу од трошоците направени при вработување на уште илјадници работници.

Гугл е познат по придобивките кои им ги нуди на работниците, како што се кревети за масажа, ресторани, корпоративни годишни одмори. Сега повеќето работници на Гугл работат од дома и без тие поволности се од март 2020 година.

Сепак, компанијата планира да се врати во канцелариите подоцна оваа година. Извршниот директор Рут Порат им рече на инвеститорите дека Гугл планира „хибриден“ модел – ќе има повеќе простор по работник отколку претходно.

Порат, исто така, нагласи дека Гугл ќе продолжи да инвестира во своите недвижности низ целиот свет.

Промовирани огласи »

Долги години повеќе владини функционери го најавуваат намалувањето на цената на зелениот картон, но засега нема ништо од тоа. И натаму ќе мора да се издвојува и до 40% од минималната нето-плата за зелен картон.

Во Македонија, како што може да се види од следната табела, годишниот зелен картон за возила до 66 KW изнесува 3.690 денари, додека над 66 KW изнесува 5.536 денари. Може да се извади и месечен и истиот изнесува 1.850 денари за возила под 66 KW, односно 3.075 денари за возила над 66 KW.

Дека цените на зелениот картон во Македонија е астрономска покажува и споредба со Србија. Цената на зелениот картон во Србија изнесува 2.000 динари односно околу 1.000 денари. Тоа е и за шест пати помалку од годишниот зелен картон за возила над 66 KW.

  • Цената на зелениот картон во Црна Гора изнесува 30 евра или нешто помалку од 2.000 денари.
  • Во Бугарија цената на зелениот картон исто така е далеку помала и истиот е вклучен во годишното осигурување.
  • Во Италија цената на зелениот картон изнесува само 10 евра.

Промовирани огласи »


Што нè мотивира да работиме?

Наспроти конвенционалната мудрост, тоа не се само парите. Но, не е ни баш радост. Се чини дека повеќето од нас напредуваат надградувајќи се постојано и чувствувајќи цел. Бихевиоралниот економист Ден Арајли презентира два експерименти со отворање очи кои ги откриваат нашите неочекувани и нијансирани ставови кон значењето во нашата работа. 

TEDTalks е дневен видео подкаст за најдобрите говори и настапи од TED конференцијата, каде водечките мислители и реализатори на светот говорат за своите животи за 18 минути (или помалку).


 

Промовирани огласи »

Личните средства на извршниот директор на „Амазон“, Џеф Безос, минатата недела ја надмина границата од 200 милијарди долари, пишува „Фокс Бизнис“.

Со тоа, лидерот на Амазон го засили водството на листата на најбогати луѓе во светот, пред главниот конкурент, шефот на Тесла, Елон Маск.

Со месеци двајцата се менуваа на врвот на листата на најбогати луѓе во светот.

Сепак, во петокот, личното богатство на Безос изнесуваше 202,3 милијарди долари, според пресметките на Форбс.

Францускиот бизнисмен Бернард Арно е втората најбогата личност во светот со нето вредност од 182,8 милијарди, додека Маск е на третото место со „само“ 172,5 милијарди долари.

Основачот на „Амазон“ последен пат го надмина прагот од 200 милијарди долари минатиот август кога акциите на гигантот за интернет трговија достигнаа досега незамисливи височини поради скокот во продажбата преку Интернет предизвикана од последиците од пандемијата. Безос е најголемиот единствен акционер во „Амазон“.

Најновиот раст на богатството на Безос е резултат на добрите резултати во првиот квартал, објавени од „Амазон“. Продажбата на компанијата скокна за 44 проценти на над 108 милијарди долари, надминувајќи ги внатрешните очекувања.

Безос треба да се повлече од функцијата извршен директор во втората половина на оваа година.

Акциите на Амазон се зголемија за повеќе од девет проценти во 2021 година.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »