Промовирани огласи »

Следниот четврток е неработен ден, а потоа ни следува уште еден споен викенд до крајот на месец мај.

Имено муслиманскиот празник Рамазан Бајрам кој се прославува на 13 мај е неработен ден за сите граѓани, а потоа на 24 мај се прославува и Св. Кирил и Методиј.

Ова се сите неработни денови кои преостанаа во 2021-ва година.

За сите граѓани на РМ

13 мај (четврток), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,
24 мај (понеделник) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители,
02 август (понеделник), Ден на Републиката,
8 септември (среда), Ден на независноста,
11 октомври (понеделник), Ден на народното востание,
23 октомври (сабота), Ден на Македонската Револуционерна Борба,
8 декември (среда), “Св. Климент Охридски”.

За граѓаните од православна вероисповед:

18 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
28 август (сабота), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

01 ноември (понеделник), Празникот на сите светци,
25 декември (сабота), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед

20 Јули (вторник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам.

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ
• 22 ноември (понеделник), Ден на Албанската азбука,

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ
• 23 мај (недела), Национален ден на Власите,

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ
• 16 септември (четврток), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ
• 28 септември (вторник), Меѓународен ден на Бошњаците,

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ
• 21 декември (вторник), Ден на настава на турски јазик.

Промовирани огласи »

Како што тече вакцинирањето, така и бројката на КОВИД-19 случаи се намалува. Некои од компаниите ќе побараат од вработените да се вратат во канцеларија, додека пак другите ќе останат на принципот на работа од далечина. 

Реалноста е дека животот се смени и иако многумина од нас копнеат за контакт со други луѓе, работењето од далечина има свои придобивки. Тука се јавува и психолошкиот момент, кога на многумина би им било тешко да се откажат од автономијата кога работат од дома. 

Компаниите кои сакаат да ја одржат бројката на таленти во своите тимови треба да го прочитаат ова. Наместо да ги објаснувате правилата на компанијата, време е да ги прашате вработените што сакаат да се случи и соодветно да создадете план кој ќе излезе во пресрет на нивните потреби и во исто време нема да го наруши текот на работата. Доколку не го направите ова, бидете подготвени најдобрите вработени да си заминат. 

Еве 9 прашања кои треба да ги земете предвид  кога ќе дебатирате за следниот чекор во компанијата: 

  1. Дали сакате да се вратите на работа во канцеларија?
  2. Дали би сакале да бидете во канцеларија бар на одредено време? Ако да, колку часа и денови во неделата?
  3. Што функционира, а што не во однос на работата од далечина и како можеме да го подобриме тоa искуство?
  4. Каков тип на развој или кариерна поддршка ви е потребна за да можете да дадете се од себе во наредната година? 
  5. Дали ви е преку глава од Zoom состаноци? Ако да, дали опцијата една недела без состаноци би помогнала?
  6. Дали се чувствувате доволно безбедно за да се вратите во канцеларија? Ако не, што би направило да се чувствувате безбедно за да може да се одржуваат состаноци во живо?
  7. Кој беше вашиот најголем предизвик во работата кaко резултат на пандемијата? А во приватниот живот?
  8. Како би ја оцениле сопствената работа од минатата година? И што беше најголемата пречка за да може работата да си тече нормално?
  9. Дали имате некакви препораки за тоа како можеме да ве поддржиме во годинава што доаѓа?

Ако ги поставите овие прашања, вашиот тим ќе се чувствува ценето и разбрано, нешто што е есенцијално кога се работи за одржување на лојалноста во месеците што доаѓаат. 


Запомнете: Секој страдаше периодов на свој начин и како компанија/организација што повеќе покажувате слух, грижа и отвореност за идеи за вработените, толку помалку вработени ќе ја напуштаат компанијата по ваквата дискусија.

Промовирани огласи »

Обединетото Кралство ги признало македонските возачки дозволи, објави денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Признавањето е врз основа на потпишан билатерален договор. Државјаните на Македонија кои престојуваат на територијата на Англија, Велс и Шкотска од 20 мај ќе можат да поднесат барање за замена на дозволите.

Промовирани огласи »

Можно е да има и седми пакет мерки за помош на секторите кои се погодени од пандемијата. 

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вели дека следат што се случува во текстилот и во кожарскиот сектор. 

Императив ќе ни биде да излеземе од кризата со најмалку можни последици што значи да ги зачуваме сите работни места, но и да работиме да ги вратиме на пазарот на труд и тие кои ќе ги загубат своите работни места. Го спроведуваме петтиот пакет на економски мерки, а веќе излеговме и со шести. Ако е неопходни ќе следи и седми пакет за одредени дејности. Размислуваме, разговараме и гледаме можности дали и каков би требало да биде следниот пакет на поддршка, рече Битиќи. 

Претходно имаше помош за фирми, работници, естрадни уметници и многу други. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »