Промовирани огласи »

По корона кризата ќе има  зголемен ризик од финансиска нестабилност во еврозоната. 

Со вакво предупредување излезе Европската централна банка (ЕЦБ).

Во анализата се истакнува дека владите се соочуваат со задача да најдат деликатна рамнотежа помеѓу предвременото прилагодување на мерките за поддршка, што може да предизвика бран на банкроти на компании. Се смета дека со предолгото спроведување на мерките за поддршка, ќе се одржуваат неодржливи компании. 

„Поголем товар на долгови за компаниите во земји со поголем услужен сектор може да го зголеми притисокот врз нивните влади и банки“, изјави потпретседателот на ЕЦБ, Луис де Гвиндос.

ЕЦБ предвидува дека профитабилноста на финансиските институции во еврозоната ќе остане релативно слаба.

Промовирани огласи »

Во пресрет на највозбудливото фудбалско лето со натпреварите од европското фудбалско првенство, А1 Македонија ја збогатува својата понуда и ја најавува новата промоција со зголемен мобилен интернет, уште поголем попуст за нови уреди и подарок навивачки дрес за опуштено следење на најголемиот спортски настан годинава и бодрење на македонската фудбалска репрезентација.

Од денеска, во портфолиото на А1 Македонија, како дел од понудата во А1 Combo М и L, достапна е најновата промоција со која постоечките и нови корисници покрај супербрз и стабилен интернет, ТВ со најквалитена слика на пазарот, Арена Спорт ТВ канали  добиваат и зголемен попуст за атрактивниот Philips 55 инчен телевизор или било кој друг уред по нивен избор. Со активирање на A1 Combo M пакетот со две мобилни линиии или A1 Neo M+ корисниците добиваат 18.000 денари попуст за било кој уред. Дополнително, сите нови корисници на А1 Combo М или L пакетите добиваат и подарок – специјално дизајниран навивачки дрес со кој заедно ќе навиваме за тимот на македонската фудбалска репрезентација.

Во понудата на А1 Македонија е и најновата промоција за корисниците на мобилната телефонија кои со склучувaње на нов договор или обнова на тарифниот модел А1 Neo M+ имаат можност да изберат нов смарт телефон и за само 99 денари месечно да го добијат посакуваниот Samsung Galaxy A02s. Притоа корисниците добиваат и 50GB мобилен интернет за сурфање на најбрзата мобилна мрежа, потврдено со мерењата за квалитет на мрежи од независното регулаторно тело, Агенцијата за електронски комуникации.

Дополнително, сите корисници на мобилната телефонија добиваат можност за  бесплатно следење на европското првенство преку апликацијата А1 Xplore TV S.

Сè што треба да направат корисниците е да се регистрираат на https://a1xploretv.mk/register и потоа да ја преземат апликацијата достапна за Android или iOS и со тоа од кое било место во државата ќе можат да ги следат највозбудливите натпревари.

За Македонија навиваме!

Повеќе детали за понудата можете да најдете на www.A1.mk

Промовирани огласи »

Истражувањата на пазарот на трудот во Република Северна Македонија укажуваат на сериозна дефицитарност на стручните занимања, што пак со соодветно стручно образование овозможува поголема можност за вработување на младите.

Не е непознаница, ниту новина, дека пазарот на трудот во национален контекст се соочува со бројни предизвици, меѓу кои како еден од најголемите е недостигот на квалифицирани работници. Проблемите како неусогласеноста помеѓу понудата и побарувачката, евтината работна рака и сѐ помасовното заминување на младите лица надвор од државата, но и несоодветноста на нивните стекнати знаења и вештини, се чини е неопходно да се адресираат низ образовниот процес, со цел да се компензира недостатокот на работна сила во одредени дејности и гранки.

Сево ова, несомнено доведува и до висок степен на невработеност кај младите, што пак директно влијае и на севкупната економска слика на државата, имајќи предвид дека работната сила која е носител на трудот и понатаму останува еден од основните економски и развојни фактори со значително учество во домашниот БДП. Иако во изминатите неколку години се применија низа политики за вработување насочени кон младите, тие се сѐ уште недоволно информирани за нивните можности, особено што се однесува до младите од руралните средини и ранливите категории на млади лица, што пак повторно го наметнува прашањето дали можностите и мерките за вработување на младите треба активно да им се „сервираат“ во училишните клупи?

Одговор на токму овие прашања дава и тековната кампања „Учи паметно, работи стручно“ на Министерството за образование и наука, а поддржана од проектот „Образование за вработување“ (Е4Е@мк), која промовира промени во средното образование како едно од решенијата за неусогласеноста помеѓу понудата и побарувачката на пазарот на труд. Имено, главната цел и на овој проект е да придонесе кон подостоинствено вработување на младите (15 – 29 години), вклучително и на ранливите групи, на социјално-инклузивен и одржлив начин.

Всушност, кампањата секако дека не е случајна, ако истовремено земеме предвид и дека една од спецификите на македонскиот пазар на труд е недостиг на работна сила токму од специфични квалификации кои не бараат високо образование. Анализата на податоците на Агенцијата за вработување, во однос на актуелните занимања за кои има најголем број огласени слободни места, покажува дека во најголемиот број случаи станува збор за мануелни работни места, за кои се потребни основни вештини и базична писменост во неколку значајни дејности за економијата како што се земјоделството, градежништвото, преработувачките и трудоинтензивни индустриски гранки.

Дополнителен податок кој ја истакнува потребата од кадри со стручно средно образование е и Анкетата за потреба од вештини на пазарот на труд во 2020 година. Оваа анкета наведува дека според степенот на потребно образование од очекуваните вработувања, доминантни 46,9% ќе бидат за лица со завршено средно образование. Спротивно на ова, во последните неколку години пораст се забележува само кај активното население со терцијарно образование, додека вработувањата кај население со средно образование, бележат намалување. Значи од една страна, иако домашниот пазар на труд најмногу има потреба од кадри со завршено средно образование и стручна квалификација, од друга страна, токму вработувањата на население со средно образование се значително пониски.

Ваквите трендови кои се во расчекор со актуелната побарувачка за работна сила, неминовно мора да бидат пресретнати, меѓу другото, токму и со мерки во образовната политика и всушност на недостатокот на технички вештини кои се неопходни за бизнис-секторот да се одговори преку унапредување на стручното образование.

Друг факт кој говори во прилог на потенцијалниот пораст на вработување на стручни кадри се и големиот број локални компании кои активно зборуваат за дефицитот од квалифицирани работници во нивното бизнис опкружување, секако имајќи ги потребните вештини. Меѓутоа, додека потребите на локалниот пазар на труд се евидентни, локалните заедници се веројатно сѐ уште водени од концептот дека професиите кои подразбираат средна стручна спрема се „срамни“, па оттука неопходни се и стратегии за комуникација со родителите и децата дека истите, всушност овозможуваат добра заработка и со тоа спасуваме цели генерации млади од невработеност и барање на работа надвор од државата.

Овие два проблеми, односно дефицитот на квалифицирани стручни кадри од една страна, и лошата перцепција за средната стручна спрема од друга, се адресираат и низ споменатиот проект „Учи паметно, работи стручно“ преку кој средното стручно образование поминува низ реформа со воведување на принципот на дуално образование и се отвора активен дијалог со локалната бизнис заедница и општините со цел да се идентификуваат потребните профили кои понатаму ќе се отворат во средните стручни училишта. На овој начин, компаниите учествуваат во образованиот процес со цел да ги прилагодат програмите согласно нивните потреби, а пак на идните средношколци им обезбедува вештини, знаења и подготовка за вработување.

Во рамки на проектот „Учи паметно, работи стручно“ во учебната 2021/2022 се отвораат вкупно 97 дуални паралелки со голем број различни струки, во 46 средни училишта во 25 општини низ целата територија на Република Северна Македонија плус градот Скопје, а пак повеќе од 200 компании се вклучени во целиот процес и практично ги отвораат своите врати за реална пракса за учениците и можности за брзо и лесно вработување.

На крајот, можности за градење на подобра иднина за сите постојат доколку се искористат соодветните начини и механизми, но она што е меѓу приоритетите е да се делува и во насока на подигнување на колективната свест. Бидејќи фокусот на фирмите во координираната пазарна економија е токму во стручното образование кое е важно за развојот на способностите специфични за индустријата или бизнис-мрежата, па оттука кога и образовните политики се насочени кон инвестиција во човечки капитал според потребите на пазарот на труд, на долг рок е многу поцелисходно и дава поголеми ефекти отколку кога политиките се насочени кон директно посредување при вработување.

Промовирани огласи »

На вчерашната седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец мај 2021 година и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 25.05.2021 година, за да обезбедат пензионерите да може да располагаат со мајските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 26.05.2021 година.

Владата им препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 26.05.2021 година (среда); за пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 27.05.2021 година (четврток); за пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 28.05.2021 година (петок); и за пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 31.05.2021 година (понеделник).

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »