Промовирани огласи »

Долгоочекуваниот Дино Парк во Скопската Зоолошка градина од денеска е отворена за посетителите.

Паркот се состои од 41 диносаурус, дел од нив со синхронизирани движења, а испуштаат и звуци. 

Просторот е со големина од 2.000 метри квадрати, а дополнително е збогатен со 430 високостеблести и нискостеблести растенија.

Влезот во паркот е од страна на Градскиот парк, односно старио влез на Зоолошката. 

Влезницата ќе чини 50 денари, а истиот ќе биде отворен за посетители од 9 до 21 часот. 

Промовирани огласи »

Премиерот Зоран Заев денеска одговарајќи на новинарско прашање рече дека не очекува да има зголемување на даноците во земјата поради пандемијата, наспроти очекувањата на опозицијата, и најави дека на крајот од годината ќе започне со реализација на едно ветување од владината програма за овој мандат.

Во последниот квартал од 2021 најавувам намалување на персоналниот данок во ИТ секторот од 10 на 5 отсто, рече Заев, кој додаде дека потоа истиот во оваа дејност ќе се намали на 3 и на крај на 0 проценти со цел да се стимулира мотивацијата на овој кадар.

За подготовката на измени и дополнувања на законодавството за декриминализација, легализација и искористување на медицинските, социјалните и економските придобивки на канабисот, тој рече дека неговата фамилија поседува само една од 61 лиценца за одгледување.

Една лиценца е на мојот прв братучед, сите останати 60 се на домашни и странски инвеститори. Мојот братучед веќе ме праша дали да ја затвори компанијата, но платите таму се од 700 до 1.500 евра во оваа дејност, изјави Заев.

Тој рече дека Македонија за одгледување цвет од канабис за медицински цели има попримамлива почва и клима дури и од Португалија и дека се бара решение за негов извор што би овозможило флексибилност и примамливост за уште повеќе инвестиции.

Промовирани огласи »

Во пресрет на Меѓународниот ден на детето, 1ви јуни, А1 Македонија најавува отворена работилница на која можат да се приклучат сите заинтересирани и да го проследат предавањето за безбедно користење на интернет, дел од проектот „Интернетот не е само игра... Кликај безбедно!“, наменето за сите четвртоодделенци.

„Интернетот не e само игра... Кликај безбедно!" е програма наменета за најмладите, со која вработените во А1 Македонија, преку интерактивни и интересни предавања, приспособени за возраста и на образовната програма, ги запознаваат учениците од четврто одделение и го збогатуваат нивното знаење за интернетот, како безбедно да бидат дел од светската мрежа, а притоа како да ги заштитат своите лични податоци. Предавањата ги држат вработени во А1 Македонија, на волонтерска основа, со огромно искуство стекнато низ годините.

Работилницата ќе се одржи во вторник, 1 јуни 2021 со почеток во 12:30 часот, онлајн, преку платформата на MS Teams, во времетраење од 45 минути, а е отворена за сите заинтересирани ученици од четврто одделение кои сакаат да слушнат и научат повеќе на кој начин да се заштитат додека сурфаат на светската мрежа. Сите заинтересирани родители своите деца четвртоодделенци можат да ги приклучат со едноставно пристапување на следниот линк.

Проектот започна во 2018та година со работилници во основните училишта на територијата на град Скопје, а наредната учебна година продолжи со работилници во основните училишта во сите поголеми градови низ Македонија. Третиот циклус работилници се одвиваа во просториите на компанијата, а ги следеа децата на вработените, четвртоодделенци, со своите одделенија. Оваа година поради пандемијата, работилниците се одвиваат онлајн, а од почетокот на овој проект па досега едуцирани се повеќе од 2500 ученици од целата држава.

“Чест и задоволство ни е што четири години по ред ги одржуваме успешно овие работилници и можам да кажам дека интересот од страна на учениците и наставниот кадар е огромен. За нас, тоа е дополнителна потврда дека ваков проект е повеќе од потребен. Живееме во дигитален свет, мобилните телефони и пристапот до интернет се нашето секојдневие,  па така дигиталната писменост уште во најрана возраст е неопходна и на нас е да ги едуцираме најмладите и да придонесеме кон нивна соодветна подготовка за иднината и дигиталниот свет, притоа обрнувајќи особено внимание за нивната безбедност. Токму затоа и ја организираме оваа работилница, на Меѓународниот ден на детето, за да ја подигнеме свеста за безбедноста на најмладите на интернет” – истакна Елена Димовска, Раководител на одделот за корпоративни комуникации во А1 Македонија.

Програмата се реализира во соработка со Министерството за образование на Република Северна Македонија, а со одобрение на Бирото за развој на образованието. Заложбата на А1 Групацијата е до 2023 година на групациско ниво преку тренинзи и работилници на тема дигитална писменост да се едуцираат над 100.000 деца и возрасни.

Едукативната програма „Интернетот не е само игра...Кликај безбедно!“ е добитник на признанието во категоријата “Однос кон заедницата”, што го доделува Координативното тело за општествена одговорност на претпријатија и Министерството за економија. 

Промовирани огласи »

„Живееме низ технолошко разоткривање на самото вработување со полно работно време“, вели антропологот Мери Л. Греј. Бидејќи пандемијата ја изложува и забрзува смената на работна сила на Интернет, Греј нè носи во создадени работни места за да ги решиме проблемите со кои вештачката интелигенција не може да се справи - и објаснува зошто нашето економско закрепнување зависи од проширувањето на основните придобивки на сите работници. (Овој виртуелен разговор, домаќин на деловниот куратор на TED Кори Хаџим, е снимен на 6 јули 2020 година.)

Каналот TED Talks ги содржи најдобрите говори и настапи од TED конференцијата, каде водечките мислители и вршители на светот говорат за својот живот за 18 минути (или помалку). Побарајте разговори за технологија, забава и дизајн - плус наука, бизнис, глобални теми, уметност и многу повеќе. Добредојдени сте да ги поврзете или вметнете овие видеа, да ги препратите на други и да ги споделите овие идеи со луѓе што ги познавате.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »