Промовирани огласи »

Зоран Јовановски, главниот советник на Управниот одбор на Стопанската комора за економски прашања, денеска во панел-дискусијата на Скопскиот економски форум рече дека Владата понатаму нема простор за големи задолжувања и дека финансиите треба даобро да ги испланира кога станува збор за помошта кон стопанството во опоравувањето од ковид-кризата.

Податоците покажуваат дека во март годинава споредено со март 2020 покажуваат дека бројот на вработени во приватниот сектор се намалил за околу 32.000 лица или за 5 отсто. Најголем удар претрпе транспортот со пад на вработеноста од 21 проценти, туризмот и угостителството од 20 и градежништво со 6 проценти.

Она што е важно е дека ова ќе потрае. На крајот од годинава нема да бидеме како на крајот од 2019, затоа ќе биде многу важно што ќе се прави оваа година и во периодот што ќе следи. Но во досегашниот период беше полесно да се обезбедат финансиски средства, постоеше меаневераски простор за задолжување, но за наредниот период ќе биде потребна голема внимателност, коментираше Јовановски.

Тој додаде дека трите видови на економска помош во исплата на плати, бескаматни кредити и оиддршка за инвестициите на компаниите биле добро групирани според разните приоритети што ги имале фирмите.

Промовирани огласи »

Пасошите кои ќе се издаваат од први јули ќе бидат со новото уставно име Република Северна Македонија. Ова за „Фокус“ го потврдија од МВР.

Што се до однесува за прашањето за рокот на важење на личните документи (лични карти, пасоши и возачки дозволи) со старото име, истите ќе важат согласно законската регулатива и тоа пасошите и возачките дозволи ќе треба да се заменат најкасно до 12.02.2024 година, додека за важноста на личните карти ќе бидете накнадно известени затоа што Законот за лична карта сеуште е во собраниска процедура, велат од МВР за „Фокус“.

Според неофицијални информации, надградбата на системот за лични документи која се правеше пред неколку недели, била токму поради имплементирање на новото име.

Промовирани огласи »

Владата го усвои предлогот на Министерството за финансии за намалување на ДДВ за електрична енергија за домаќинства, напиша министерот за финансии Фатмир Бесими во објава на Фејсбук.

Како што наведува Бесими, според измените на Законот за данок на додадена вредност, ДДВ-то за електрична енергија се предлага да се намали од 18 на 5 отсто за период од 1 јули 2021 до 30 јуни 2022 и 10 отсто за период од 1 јули 2022 до 30 јуни 2023 година.

Целта е да им се помогне на домаќинствата во транзитниот период на либерализација на пазарот на електрична енергија и да се одржи пониска цена на струјата, потенцира Бесими.

Промовирани огласи »

Со отворањето на границите и олеснувањето на ковид мерките, туристичките дестинации во соседна Грција станаа реалност после повеќе од една година за сите нас. Освен потрагата по добро сместување и исполнување на сите услови за премин преку границата останува грижата и за конекцијата со пријателите или семејството дома. Една од работите што прво ги правите кога сте на граница е да гопроверите дали ви е вклучена опцијата за користење интернет во роаминг.

За корисниците на мобилната пост пејд и при пејд телефонија на А1 Македонија тие времиња се веќе минато бидејќи компанијата ја увиде потребата на своите корисници  од интернет комуникација и во странство и ја воведе најновата роаминг понуда која се однесува на Грција и овозможува 10GB во оваа земја.

Сигурно си го поставувате прашањето, што можам со 10GB откако ќе ја минам границата? Според статистиките, со 10GB можете опуштено да гледате кратки видеа, непрекинато да четувате на сите апликации како Messenger, Viber, а секако можете да постирате содржини на Instagram, TikTok, Facebook, но и да бидете онлајн кога сте во движење и користите електронски мапи.

Што се можете да направите со 10GB во Грција:

  • Да се сликате и да ги постирате најубавите 5.000 фотографии на социјалниите мрежи  
  • Да си снимате и да постирате 1500 видеа со должина од 1 минута и со резолуција 640*400 на социјалните мрежи  
  • Да снимите и постирате 140 видеа на ТикТок
  • Да испратите неверојатни 10 милиони текстуални пораки преку Вибер или 100 000 emoji, GIF-ови или сл.
  • Да одгледате дури 30 фудбалски натпревари од актуелното Европско фудбалско првенство (UEFA.tv)
  • Слободно да си работите каде и да сте и да пратите 100 000 mail – ови со текст подолг од една страна и тежина од 100kB  

Пакетот можете да го активирате преку апликацијата Мојот А1 или со едноставно испраќање СМС порака со клучен збор START GR на 140999. Повеќе информации можете да најдете на www.a1.mk

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »