Промовирани огласи »

Премиерот Зоран Заев денеска соопшти дека годинава ќе користи десет дена летен одмор, но не сакаше да коментира дали Парламентот треба или не да оди на одмор за да се реализираат сите заостанати активноти пред пописот во септември и локалните избори во октомври.

Значи, како што реков, социјалдемократ сум, правото на одмор е вистинско право, заради тоа што одморен човек и работник, па и пратеник, може да биде поефикасен. Можеби не мора цел август месец да биде одмор, обично после Илинденските празници, Парламентот заминува на одмор, можеби помалку, но Парламентот е над Владата, над мене како премиер. Јас не би си дозволил да ги коментирам нивните одлуки, како ќе одлучат тие ќе почитуваат. Но, јас ќе користам десет дена годишен одмор, рече Заев на новинарско прашање на настан во скопската општина Ѓорче Петров.

Промовирани огласи »

Богатството на сопственикот на компанијата „Тесла“ – Илон Маск, на крајот на минатата недела се зголеми за 9,9 милијарди долари, објави „Форбс“.

Тоа, како резултат на растот на вредноста на акциите на „Тесла“. И, во овој миг, вкупното богатство на Маск изнесува 165,9 милијарди долари. Тој, инаку, сѐ уште е трет на списокот милијардери на „Форбс“.

Акциите на Тесла се зголемија за 7,8 отсто на крајот на минатата недела, иако во петокот паднаа за 1,17 отсто. Според наводите, наглиот пораст на хартиите од вредност на компанијата е поврзан со општиот оптимизам на пазарот откако претседателот на државата и двопартиската група сенатори постигнаа првичен договор за „инфраструктурен пакет“ од околу 1,2 трилиони долари.

Промовирани огласи »

Јапонската влада ги објави своите годишни упатства за економска политика, што вклучуваат нови препораки за компаниите – да им дозволат на своите работници да работат четири дена во неделата наместо пет.

Пандемијата на коронавирусот веќе донесе големи промени во начинот на работа на  јапонските корпорации.

Политичките лидери сега се надеваат дека ќе ги уверат компаниите дека флексибилното работно време, онлајн-работата и растечката поврзаност можат да бидат корисни доколку останат на сила по завршувањето на здравствената криза.

Како дел од кампањата, владата смета дека со четиридневната работна недела компаниите ќе може да задржат способни и искусни работници, кои инаку ќе мора да заминат ако планираат да основаат семејство или да се грижат за постарите членови на семејството.

Четиридневна работна недела исто така ќе охрабри повеќе луѓе да добијат дополнителни образовни квалификации или дури и да преминат на дополнителни работни места покрај редовното вработување.

Властите се надеваат дека дополнителен слободен ден секоја недела ќе ги охрабри луѓето да излегуваат и да трошат, со што ќе се зајакне економијата. Исто така, се очекува дека младите ќе имаат повеќе време да се запознаат едни со други, да стапат во брак и да имаат деца, што делумно ќе им овозможи да го решат растечкиот проблем со паѓање на наталитетот. 

Промовирани огласи »

Претседателот на Салвадор, Наџиб Букеле, најави дека ќе понуди криптовалути во вредност од 30 долари на секој граѓанин што ќе се пријави да користи дигитален паричник, пишува Блумберг.

Владата ќе создаде сопствен паричник за биткоин наречен чиво, што на сленг значи „cool“.

Парите ќе бидат депонирани на сметката на секој граѓанин кој ќе преземе „чиво“ и ќе се регистрира како корисник со неговиот телефонски број и бројот на лична карта, пренесува SeeBiz.

Законот што биткоинот ќе го направи легално средство за влегување во сила на 7 септември.

Букеле верува дека овој потег ќе го претвори Салвадор во атрактивна дестинација за инвеститорите, ќе ја зголеми потрошувачката и ќе ги намали трошоците за милиони граѓани на земјата кои работат во странство и испраќаат пари дома.

Парламентот на таа централноамериканска држава усвои закон на почетокот на јуни, со кој биткоинот стана легално платежно средство.

Ова значи дека, меѓу другото, цените во таа земја сега можат да бидат изразени во биткоини и даноците и придонесите да се плаќаат во таа дигитална валута.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »