Промовирани огласи »

Граничниот премин Богородица-Евзони од денеска ќе работи 24 часа дневно, објавија грчките медиуми.

Најпрометниот премин помеѓу Македонија и Грција досега работеше од 7 до 23 часот.

Од денеска со целосно 24-часовно работно време ќе работат и граничните премини Дојран, Промахонас, Ники, Кастаниес, Кирои, Нимфаија, Орменеио, Кристалопиги и Какавиа.

Од 2 јули, 24 часа ќе биде отворен и граничниот премни Ексохи, јавуваат грчките медиуми.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која сметките за електрична енергија на универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ незначително ќе се намалат, со примена на измените на Законот со кои ДДВ за електрична енергија ќе се намали од 18 % на 5%. 

На одржаната главна седница регулаторите одобрија регулиран максимален приход и цени на пресметковните елементи за вршење на енергетската дејност снабдување со електрична енергија на потрошувачите кои ги снабдува универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ ДОО Скопје. 

„Евтината тарифа останува на сила во дневните и ноќни интервали како и до сега, а сметките за електрична енергија практично ќе останат непроменети со носење на законот со кој ќе се намали ДДВто за електрична енергија. “ изјави Марко Бислимоски претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. 

Со донесената одлука се гарантира сигурност и стабилност во испораката на електрична енергија. Од побараните 50 денари на 1000 денари сметка за електрична енергија од страна на сите енергетски компании што ги регулираме, одобрени се 6 денари. На останатите елементи во крајната цена РКЕ нема влијание, а тоа се: увозот на струјата кој во првите шест месеци изнесуваше 32 милиони евра, маржата на ЕВН Хоме, трошокот за обновливи извори кој е зголемен за 1,5 милиони евра, цената на ЕСМ која во просек во однос на минатата година е зголемена за 2,5%. 

„Намалувањето на ддв-то е добро решение, но неопходeн е системски одговор – да се прошири опфатот на ранливи категории кои ќе добиваат субвенции за сметките за електрична енергија “ изјави Марко Бислимоски претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Промовирани огласи »

Денеска во Министерството за внатрешни работи, министерот Оливер Спасовски  со најблиските соработници присуствуваше на промоцијата и презентирањето на новите ласерски радари наменети за потребите  на сообраќајната полиција опремени со уред  за ноќно снимање, далеку посупериорни од досегашните.

Набавката вредна 21.257.175 денари е  направена согласно побарувањата, односно потребите на Единиците за сообраќај во МВР, следствено на актуелните европски полициски стандарди во овој дел од полициското работење, согласно законските норми и согласно нашите проекции за развој и унапредување на функционирањето на сообраќајната полиција.

Со оваа набавка  нашето Министерство е единствено во регионот кое располага комплетно со уреди од последната генерација, од кои невозможно е да се избрише снимениот материјал, при што бројот на уреди за брзина и алкохол по глава на жител е на исто или дури и повисоко ниво од земјите од Европската Унија.Во крајна линија, сите сме сведоци дека од 2017 година наваму, како раководство на МВР, без престан  инсистираме и делуваме на континуирано организационо и, пред сѐ, материјално-техничко опремување на сите наши служби, што како процес напоредно течеше со процесите на полициски реформи – истакна пред присутните министерот Спасовски.  

За сите нас исклучително важен е фактот што безбедноста во сообраќајот веќе одамна ја третираме не само како прашање на почитување на законската регулатива од таа област или, пак, само како стручно опсервирање на квалитетот на сообраќајната инфраструктура туку, пред сѐ, како приоритетен сегмент, во кој се пресликува нашата посветеност за создавање на безбедни средини за граѓаните, но и поширока по обем проблематика од јавен, односно општествен интерес. Оттаму сосема се логични и неопходни нашите секојдневни активности, не само во поглед на засилените сообраќајни контроли по патиштата низ државата, туку и во делот на материјално-техничкото унапредување на сообраќајната полиција за квалитетно извршување на своите работни обврски и надлежности. Во таа смисла денешнава промоција на 50 модерни, технички високо-софистицирани радарски уреди, што МВР по пат на јавна набавка ги обезбеди за службениците на сообраќајната полиција, е уште еден, за нас многу значаен исчекор, во насока на утврдената цел – зголемување на безбедноста на сообраќајот на патиштата. Уверен сум дека со овој нов зафат уште повеќе ќе се зголеми ефикасноста и квалитетот на сообраќајната контрола што, пак, треба да даде свои резултати во зголемување на нивото на безбедност на сообраќајот на патиштата – рече министерот Спасовски на денешнава промоција на новите радари во министерството.

Промовирани огласи »

Американскиот милијардер, Ворен Бафет, не сака да им ги остави богатството од 100 милијарди долари на своите деца, а се знае и зошто се решил на тоа.

Најголемиот дел од своето богатство го донираше во добротворни цели.

Инвеститорот, минатата недела рече дека е подобро неговото „неразбирливо“ богатство да се искористи за филантропски цели отколку да биде дел од портфолиото за инвестиции на неговите деца.

„Откако анализирав многу супер-богати семејства, еве ја мојата препорака: оставете ги вашите деца било што да работат,  но не толку многу за да не можат да работат ништо“, напиша тој во обраќањето до акционерите, додавајќи дека и неговите деца се ангажирани во филантропската работа која вклучува трошење пари и време.

Според 90-годишниот Бафет, тој забележал дека династичкото однесување или пренесувањето на големо богатство од една на друга генерација во фамилијата е поретко во САД отколку во другите држави. Тој се надева дека неговото размислување ќе придонесе за поинаков став кон богатството.

Како што објави „Вашингтон пост“ во 2014 година, тоа не значи дека неговите деца, кои се на шеесет годишна возраст, не добиле дел од неговото богатство. Секој од нив доби фондација вредна две милијарди долари..

Обраќајќи им се на акционерите, Бафет истакна дека акциите на конгломератот Беркшир Хатавеј, вреден 4,1 милијарда долари, ги донирале на пет добротворни организации, што е дел од неговата цел да донира 99 проценти од богатството до крајот на животот.

Тој рече дека неговата филантропија е „најлесната работа на светот“ затоа што давањето е безболно и само може вашиот животот и животот на вашите деца да ги направи подобри.

„Со децении добивав неразумна сума на пари работејќи го она што го сакам. Јас не се жртвував, ниту пак го жртвував семејството. Комплексните интереси, долгото патување, прекрасните соработници и нашата неверојатна земја едноставно создадоа магија. Нека општеството ги искористи парите, јас не морам “, рече тој.

Бафет во 2006 година објави дека ќе донира најголем дел од своето богатство.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »