Промовирани огласи »

Продажбата на автомобили преку интернет може да биде опција за заштеда на време на купувачите. Доаѓање до брендот на автомобилот исто така не е лесна задача. Иако голем дел од брендовите имаат свои мк. домени, дел можат да се најдат само под своите дистрибутери, така што наоѓањето бара дополнителна авантура. Целиот процес на купување автомобил преку интернет варира од еден застапник до друг, но повеќето го следат истиот основен процес.

Еве четири најдобри избори за онлајн автомобил шопинг:

AutoScout 24 има масовна база на корисници и таа популарност ja прави одлично место за купување или продавање автомобил преку интернет. Од 1998 година e најголемиот европски автомобилски интернет пазар, koj им нуди на приватните клиенти, дилери и производители сеопфатна платформа за трговија на автомобили преку Интернет. Со 20 милиони корисници само во Германија, компанијата работи во 18 земји низ Европа. Преку AutoScout24, корисниците можат да најдат, финансираат, купуваат, претплаќаат и продаваат користени и нови автомобили. Веб сајтот нуди инспирација за сите видови возила и ги прави тешките одлуки лесни.

Cars.com е уште еден добро воспоставен агрегатор кој обезбедува пристап до залихи на застапништва, приватни огласи и богатство на истражувачки информации. Во прилог на пребарувањето со марка и модел, можете исто така да наведете општ тип на возило и комплет на функции. Кога ќе пронајдете возило за кое сте заинтересирани имате можност да ја повикате или да ја испратите е-поштата на застапништвото. Додека не постои интегриран метод на контакт, огласите вклучуваат телефонски броеви, линкови до веб-страниците на дилерот и обрасци за контакт.

На Mobile.de , купувачите можат да најдат нови и користени автомобили, како и мотоцикли, камиони и моторни домови. Корисниците кои го рекламираат своето возило за продажба имаат контакт со клиенти ширум Германија и пошироко. Oбемниот избор и развој на mobile.de гарантираат рамнотежа помеѓу понудата и побарувачката, што овозможува да се обезбедат одлични резултати во продажбата.

Mobile.bg веб-страницата број 1 зa автомобили во Бугарија, се базира на таква огромна база на податоци од сите места, нуди многу поголема веројатност да го пронајдете точнoто возилo што го барате, отколку ако само проверувате локални огласи. Од автомобили, џипови, приколки и чамци, до специјализирана опрема, сигурно ќе најдете совршено совпаѓање за вашите потреби. Мобиле.бг сега е достапна во секое време, каде било со вашиот паметен телефон Андроид.

Ви прелгагаме да го прочитачте правилникот на царинска управа пред да се одлучите да увезете возило: https://customs.gov.mk/index.php/mk/patnici/uvoz-na-vozila-mk

Промовирани огласи »

Во летните денови нема ништо поубаво и полесно од свежо подготвена, вкусна салата. Таа може да го комплетира, збогати и подобри речиси секој оброк. Брзо се подготвува, а за нив ви се потребни само неколку здрави, свежи и вкусни намирници. Денес ќе ви предложиме два итнересни рецепти за подготовка на летни салати. Истите може да ви послужат како одличен прилог за ручек или како вечера.

Салата од компири и боранија

Koмпирот е една од најчесто употребуваните намирници во нашата традиционална кујна. Во секој дом, најмалку неколку пати неделно има оброци кои вклучуваат компир, дали е тоа печен, варен, компир-манџа, супа или пак пире од компири. Нутритивниот состав на овој зеленчук е особено корисен и здрав и затоа компирот треба често да се консумира.

За денешната салата од компири и боранија, потребни ќе ви бидат:

  • 6-7 компири
  • Околу 400g боранија
  • Млад кромид, ситно исецкан
  • Малку свеж магдонос
  • 2-3 испечени зелени пиперки, излупени и исецкани
  • 1 поголема главица исецкан кромид
  • 100g маслинки

За преливот:

  • Малку маслиново масло
  • Сол, бибер и малку ким
  • Малку оцет (јаболков, вински или балсамико)
  • 1-2 лажички сенф

Начин на подготовка:

1.Компирите сварете ги во вода. По варењето, оставете ги неколку минути да се оладат, а потоа излупете ги и исечете ги на покрупни парчиња.
2.Во меѓувреме, додека се варат компирите, сварете ја боранијата (доколку не користите готова боранија од конзерва). По варењето, исцедете ја и оставете ја да се олади.
3.Подгответе го преливот, така што ќе ги ставите сите состојки во мал сад и ќе ги промешате.
4.Младиот кромид, маслинките, кромидот и магдоносот исецкајте ги и додадете ги во еден сад. Кон нив додадете ги испечените зелени пиперки, компирите и боранијата. Прелијте ги зеленчуците со подготвениот прелив. Зачинете дополнително со сол и бибер (по желба).
5.Послужете.

Лесна салата од спанаќ и наут

Вториот предлог за салата, може да ви послужи како одличен прилог на ручекот, но и како самостоен оброк за вечера, бидејќи навистина содржи лесни, хранливи и освежителни состојки – првенствено спанаќ и наут.

За оваа салата, потребни ќе ви бидат:

  • 1-2 домати со средна големина, исецкани
  • Малку сок од лимон
  • Малку маслиново масло
  • Околу 150g свеж спанаќ
  • 1-2 чешниња лук, ситно исецкани
  • Малку сол, бибер и магдонос за зачинување
  • 1-2 средно големи моркови, ситно исецкани или изрендани
  • 1 мала тиквичка, изрендана
  • Околу 150g сварен наут (може и веќе подготвен од конзерва)
  • Малку млад кромид, ситно исецкан
  • 100g урда или фета сирење
  • По желба – 30g ореви или некој друг јаткаст плод

Начин на подготовка:

1. Во еден сад ставете ги ситно исецканите ореви, домати, сок од лимон, маслиново масло, лук и сол и бибер. Ова ќе биде преливот за салатата.
2. Во поголем сад, ставете ги наутот, морковите, тиквичката, младиот кромид, магдоносот и урдата. Прелијте со дел од сосот.
3. За сервирање, поделете го спанаќот по порции и прелијте го со смесата од наут и зеленчуци. Врз тоа, во секоја порција прелијте со преостанатото количество сос.

Преземено од: https://drmitov.mk/letnisalati/?fbclid=IwAR2d6X9EWrijuAedtMu_AYDKzGmYzTM6ImV8repNpx-ZZi-V7Pl72lQwTmg

Промовирани огласи »

Тимот на Барселона од денес е побогат за уште еден член. И тоа не било каков туку според многумина за наследникот на неприкосновениот и единствен Лионел Меси.

Многу момчиња во денешно време се нарекувани така, но Јусуф Демир, досегашшниот член на Австрија Виена, ќе ја има таа привилегија да го носи дресот на Барселона, и да биде директен потенцијален наследник на Аргентинецот. Таков му е и прекарот, „австрискиот Меси“.

Неговите соништа се исполнија на само 18. годишна возраст. Направи трансфер во Каталонија благодарение на агентот со потекло од Македонија, Шкумбин Ќормемети, кој живее во Виена, и го направи директниот линк со Барселона, и претседателот на Каталонскиот клуб, Хуан Лапорта.

Во текот на денешниот ден, целиот трансфер беше обавен, а очигледно дека од сега натаму сите очи како во Австрија така и во Каталонија, а и во целиот свет ќе бидат вперени во Јусуф Демир, затоа што со години се чека да се појави новиот Меси, а во името на сите светски љубители на фудбалот искрено веруваме дека Јусуф е конечно тој.

Преземено од: http://bitly.ws/fwTM

Промовирани огласи »

Собраниската Законодавно-правна комисија денеска на седница ќе расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за лична карта, во прво читање.

Како што стои во образложението на предлог-текстот, донесувањето на законот ќе имплицира ревидирање на подзаконскиот акт со кој се уредува образецот на барањето за издавање на личната карта, образецот на потврдата за поднесено барање за издавање на личната карта, образецот на личната карта, постапката за издавање и замена на личната карта, како и за начинот на водење евиденција за издадените лични карти, во насока на нивно усогласување со новиот Закон за употреба на јазиците, како и нивно усогласување со уставниот амандман  ХХХIII во однос на усогласување на називот на државата, како и усогласување со уставниот закон за спроведување на амандманите од ХХХIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија.

Личните карти кои го содржат натписот „Република Македонија“, издадени до денот на почнувањето на примената на овој закон, ќе важат до истекот на рокот на важење кој е наведен во личната карта, најдоцна до 12 февруари 2024 година.

Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, а ќе почне да се применува од 1 јули 2021 година.

Според Владата која е предлагач, Законот за изменување и дополнување на Законот за личната карта нема да предизвика фискални имликации и за неговото спроведување не се потребни дополнителни финансиски средства од Буџетот на државата.

-По донесување на Уставниот закон и Законот за употреба на јазиците, Министерството за внатрешни работи потпиша Рамковна спогодна за набавка на хардвер и софтвер за изготвување на лични документи (лични карти, патни исправи, возачки дозволи и дозволи за престој на странци), за чија реализација беа обезбедени финансиски средства во Буџетот на Министерството за внатрешни работи во износ од 6.563.436,45 евра и веќе, согласно утврдена временска динамика, се врши исплата. Наведените финансиски средства се однесуваат за целиот пакет на лични документи (лични карти, патни исправи, возачки дозволи и дозволи за престој на странци). Истовремено, укажуваме дека финансиските средства се враќаат согласно динамиката на издавањето на личните документи на граѓаните, стои во предлог-текстот на Законот.

Законодавно-правна комисија на седницата треба да расправа и по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени, по скратена постапка, во второ читање, поднесен од Љатифе Шиковска.

Со законот се уредува постапката за прибирање и евиденција на личните податоци за лицата кои не се евидентирани во матична книга на родени, видот на податоците што се евидентираат, условите за запишување во посебна матична книга на родени, условите за запишување во  посебна матична книга на  умрени,  издавањето извод од посебната матична книга на родени, издавањето извод од посебната матична книга на умрени, идентификациската исправа и дополнителниот упис на овие лица во матичната книга на родените.

-Целта на овој закон е лицата неевидентирани во матична книга на родени да се евидентираат во посебна матична книга на родени, заради добивање на извод од посебната матична книга на родени и идентификациона исправа заради остварување на право на образование, здравствена заштита, социјална заштита и вработување со задолжително социјално осигурување согласно со закон, до дополнителен упис во матична книга на родените и добивање на прв извод од матичната книга на родени, се наведува во предложениот текст. 

Преземено од: 

https://sitel.com.mk/najdocna-do-12-fevruari-2024-godina-kje-vazhat-lichnite-karti-so-natpisot-republika-makedonija?fbclid=IwAR1gzshsDT3CNaUFjniuBgfDUyrotdhU01Aq_3QrbvdMTfQReLRQm1QFu_I

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »