Луѓето што одбиваат да се вакцинираат во просек имаат пониски когнитивни способности, односно понизок коефициент на интелигенција, според големото истражување објавено во списанието „Брејн, бихејвиор енд имјунити“.
На пример „Пју рисрч“ открива интересна корелација помеѓу различни фактори и неподготвеноста што владее меѓу Американците во однос на вакцинирањето. Во истражувањето на „Пју рисрч“ било откриено дека на двоумењето влијаат возраста (помладите луѓе повеќе се двоумат од оние што се над 65 години), етничката припадност (Азијците најмалку се двоумат, а црнците најмногу), религиозноста (атеистите најмалку се двоумат, а евангелистичките протестанти најмногу), политичката припадност (конзервативците повеќе се двоумат, а либералите помалку).
Во друго истражување „Пју рисрч“ откри дека постои силна врска меѓу недовербата кон вакцините и недовербата кон владата, и дека двоумењето значително зависи од нивото на образование.
Колку е помала когнитивната способност, толку е поголем скептицизмот кон вакцината. Тоа и се очекува затоа што постои корелација помеѓу коефициентот на интелигенција и степенот на образование, и тоа во двете насоки. Имено, не само што луѓето со повисоки когнитивни способности во просек постигнуваат повисоки академски достигнувања, туку истражувањата покажаа дека секоја година образованието го зголемува IQ за околу три поени. Поинтелигентните се помалку збунети и помалку заведени од лажните вести.
Се разбира, треба да се има предвид дека врз двоумењето влијаат многу фактори, а не само интелигенцијата, и дека резултатите треба да се разберат како индикатори за статистичка поврзаност.
Извор: fakulteti.mk
https://www.fakulteti.mk/news/15072021/lugjeto-shto-odbivaat-da-se-vakciniraat-imaat-ponizok-iq-pokazhalo-golemo-istrazhuvanje?fbclid=IwAR3Q_7fKUW6HbBdbiyQn_Laiqj2sqrYOHiU1PJXanwQk77sFxYETvkkXvbQ