Промовирани огласи »

Видео од птичја перспектива се споделува на фејсбук од новиот кружен тек во Струмица. 

Повеќе од јасно е дека самиот кружен не е воопшто добро центриран и автомобилите влегуваат во пешачкиот премин, а тоа не е дозволено.

Промовирани огласи »

Управата за јавни приходи апелира до граѓаните кои во апликацијата „МојДДВ“ имаат внесено трансакциска сметка од Охридска банка АД Скопје да ја заменат со нова трансакциска сметка, поради статусните промени по нејзино присоединување кон Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје.

Исплатата на парични средства како дел од ДДВ искажано во фискалните сметки скенирани во тримесечјето април, мај и јуни 2021 година ќе се врши во текот на месец август 2021 година, а заради непречено одвивање на исплатата потребно е навремено ажурирање на податоците – укажуваат од УЈП.

Оттаму посочуваат дека ажурирањето се врши во самата апликација МојДДВ.

Граѓаните на брз, лесен и едноставен начин може да ја сменат трансакциската сметка со тоа што треба да се најават во апликацијата МојДДВ и да го одберат прозорчето профил, кое ќе се отвори и во полето за трансакциска сметка ја впишуваат новата трансакциска сметка и го одбираат прозорчето зачувај – се вели во соопштението од УЈП.

Од УЈП додаваат дека заради зачувување на измените по извршеното ажурирање, корисниците ја впишуваат и лозинката на апликацијата МојДДВ.

Промовирани огласи »

Дали сте подготвени да се ставите на Zen режим и да влезете во нова реалност?

АSUS ZenBook и Neptun Македонија претставуваат нов и креативен предизвик за сите Zen љубители. Претстои цело лето исполнето со дружење, забава и наградување. Димитар Атанасовски, преку својот Instagram профил, во наредните две недели ќе доделува ASUS аксесоари и тоа: машка и женска торбица за лаптоп, сет тастатура и глувче на тројца среќни добитници, а најсреќниот ќе ги добие сите овие работи во комплет.

Дали некогаш сте се запрашале „Кој е вашиот Zen?“

Како креатори и создавачи на нашето секојдневие, функционираме и се движиме во матрицата, која што сами ја креираме. Без разлика каква е нашата приказна, мора да го пронајдеме нашиот Zen, кој што ќе нè ослободи и ќе биде наш водич низ креирање на свет во кој што ќе бидеме среќни.

Сите имаме уникатна способност да создадеме нешто. Тоа е движечка сила зад мотивацијата и креативниот порив. Zеn има моќ да биде извор на инспирација и причина за среќа, да иницира потрага по нови светови, слобода за живеење на секој момент со полни гради и можност за надградување на креативните умови.

Креативноста, стилот и иновациите се токму квалитетите, кои што го дефинираат вистинскиот Zen, лаптопот ASUS ZenBook. Сè што ви е потребно е токму ова ремек дело – најмалиот лаптоп на светот дизајниран да овозможи слобода да го искористите вашиот потенцијал.

Дали вашиот режим е веќе поставен на #ZenModeОn?

Влези во креативниот предизвик на #AsusZenBook и Neptun Македонија, пронајди го твојот Zen и очекувај многу награди.

Лето е, а со Asus и Neptun Македонија е секогаш поинтересно!

(Пи-ар текст)

Промовирани огласи »

Земја од Јужна Америка се одлучи да ја скрати работната недела. 

Во Колумбија работната недела се скратува од 48 на 42 часа. Претседателот на државата Иван Дјук, потпиша закон со кој постепено се скратува работната недела од 48 на 42 часа, без намалување на правата на работниците.  Дјук вели дека Колумбија на тој начин се приклучува кон најдобрата практика на безбедност при работа, пренесува РИА Новости. Законот предвидува обврска на работодавачот постепено да ја скратува работната недела во следните пет години. Две години по стапувањето во сила на законот, работната недела ќе се скрати за еден час неделно, а по три години за уште еден час. Четири години по стапувањето во сила на законот, работната недела ќе се скрати за уште два часа неделно – до 42 часа. Овој модел го применуваа земји од Скандинавија. Се покажа дека со скратена работна недела, работниците се попродуктивни. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »