Промовирани огласи »

ССМ ги повикува сите работодавци, во услови кога се најавува дека во наредните денови, целата територија на државата ќе биде зафатена со температури од жолта (алертна) фаза, да ги почитуваат мерките предвидени со Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението.

Сите работници кои работат во услови на изложеност на високи температури, се изложени на топлински стрес. Топлински стрес се дефинира како физичка и физиолошка реакција на работникот на температурата на која е изложен на неговото работно место. Согласно Законот за безбедност и здравје при работа, работодавецот е должен да обезбеди соодветни услови на работа кои нема да го загрозат животот и здравјето на работниците, велат од ССМ.

Сојузот им препорачува на работодавците: да ги проверат техничко-технолошки колективни мерки за заштита (адекватна вентилација и климатизација), да ги контролираат микроклиматските параметри, да обезбедат минимум една климатизирана просторија со функција на „засолниште“ (каде вработените можат да се разладуваат извесен период во текот на работата), повозрасните лица, бремените жени и хронично болните лица да бидат ослободени од работни обврски.

ССМ уште им препорачува на работодавците да направат промени во организацијата на работниот процес (работа во смени, ротација на работниците и друго).

Избегнување на работа на отворено во за време на најтоплиот период на денот (11-17 часот) или нејзино редуцирање. Редуцирање на тешка физичка работа, почести паузи во текот на работата, разладување на вработените со обезбедување на климатизирани простори и доволно разладени течности за пиење, смалување на интензитетот на работата и нормите во производството, избегнување на прекувремената работа. Прекин на работата при потреба, се дел од препораките на ССМ.

Сојузот исто така препорачува работодавците да го поттикнат самопријавувањето на симптомите кај вработените, потоа тие да обезбедат  адекватни лични заштитни средства.

Запознавање на работниците со ризикот на работното место од високи температури, можните штетни ефекти по здравјето како и со мерките за работа на безбеден начин. Предупредување на вработените за зголемената опасност од несреќи при работа (пожари). Посебно внимание и надзор при работа со хемиски материи заради поголема опасност од интоксикација, стои во препораките на ССМ.

Промовирани огласи »

Георгиевски и на прес-конференција пред тргнувањето во Токио најави дека ќе оди на медал и тоа не на било каков туку на златен и еве го сега е на чекор од златото и со сребро во „џебот“, што секако е голем успех ако се знае дека тоа е прв медал за Македонија на Олимписките игри после 20 години.

Георгиевски има 22 години и е европски вицешампион во таеквондо од минатата година. Среброто го освои на Европското во Сараево. Тогаш во финалето минимално изгуби Махди Кодарбашки со 18:19.

Во 2017 година го освои првиот златен сениорски медал во олимпискиот спорт откако Македонија е независна држава. Зад себе има и сребро од Медитеранските игри, две бронзи од У21 и сребро од Клупското европско првенство.

Јасно е дека олимпиското финале во Токио е неговиот најголем предизвик.

Финалето ќе го гледаме во 14:45 часот и во него ќе се бори против Русинот Владислав Ларин.

Промовирани огласи »

Група момчиња тинејџери на кои им беше забрането да носат шорцеви за време на горештините, организираа протест со тоа што се појавија во кратки здолништа. 

И покрај зголемените температури над 30 степени оваа недела, правилата на средното училиште не им дозволуваат на учениците да носат шорцеви.

Упатството за униформа во средното училиште гласи: Учениците мора да носат едноставни црни панталони изработени од стандарден материјал што седат на струкот и линијата на чевлите.

Поради тоа Адријан и неговите двајца пријатели, Конор Хамфрис и Скот Пенман, планираат да продолжат да ги носат здолништата до крајот на неделата и велат дека сакаат и момчињата и девојчињата да имаат можност да ги носат.

„Дефинитивно е многу кул. Навистина е непријатно да се носат панталони на оваа топлина. Ние само сакаме сите да имаат можност да носат шорцеви на оваа топлина, а тоа важи и за девојчињата“, рече Адријан.

 

Промовирани огласи »

По насилниот инцидент во општина Карпош, во кој вчера сопруг на вработена во општината со нож го нападнал нејзиниот љубовник, исто така вработен во општината, градоначалникот Стефан Богоев и дал отказни решенија на сопружниците кои во Општина Карпош биле ангажирани со договор на дело.

Во текот на вчерашниот ден, Богоев информираше дека во немилиот настан учествивале вработени во општинската администрација.

МВР информираше дека вчера во 11,30 часот по претходна расправија С.А. (34) со остар предмет му нанел повреда на В.К. (37), двајцата од Скопје. Повредениот веднаш б ил пренесен во ГОБ „8 Септември“, каде му била укажана лекарска помош.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »