Промовирани огласи »

Еден од предлозите на Комисијата за заразни болести, за кој ќе се разговара и на утрешната владина седница е воведување задолжителни ПЦР-тестови за влез во Македонија, односно сертификат за вакцинација или за прележан ковид-19. 

Ова е една од мерките за која јавноста беше најгласна уште од почетокот на пандемијата, со оглед на тоа што досега никогаш, на ниту еден граничен премин, Македонија не побара ниту од странци, ниту од повратници од дијаспората, да приложат негативен резултат од ПЦР-тест, ниту пак каков и да е друг документ дека во државата влегуваат здрави. 

Според многумина, оваа мерка доцни барем три месеци, а други велат дека доцни и цела година. 

Дополнителна мерка за која утре ќе се расправа на Владата, а тоа е за влез и за излез во нашата земја на сите граѓани без разлика дали се наши државјани или странци и за влез и за излез да биде барана потврда за вакцина или негативен ПЦР тест или доказ дека ја прележале болеста - рече денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Министерот изјави и дека е предложен 14-дневен карантин за оние кои се враќаат од Авганистан. 


Промовирани огласи »

Независната угосстителска комора (НУК) бара од Владата целосно и безусловно да ја укине одлуката за забранет влез на неим*низорани во угостителските објекти, посочувајќи дека таа е условена и неспроведлива и дека е неприфатлива и за многу граѓани кои вчера излегле на протест.

По синоќешниот врисок на граѓаните искажан преку паралелни протести низ цела Македонија, на Владата не и останува ништо друго туку веднаш по кратка постапка да ја укине одлуката со која сакаше да се спроведе експериментален филтер на проверка дали и како системот на селекција на граѓаните може да функционира во време на панде*ија на т.н. им*низирани и неим*низирани, предвиден да се одвива со редарски служби преку угостителите и угостителските објекти од 16 август, наведува НУК во соопштение.

Во однос на изјавата на министерот Крешник Бектеши, НУК бара од Владата „наместо да разгледува какви било други можности, разводнувања и дополнувања кон одлуката и мерката со која се забранува влез на неим*низирани во угостителски објекти“, веднаш да свика седница и да го разгледа и усвои нивното барање доставено на 10 август за целосно и  безусловно укинување на одлуката во кратка постапка.

Промовирани огласи »

Иако глобалната пандемија со Ковид-19 е катастрофална за повеќето луѓе низ целиот свет, таа е „бум“ за милијардерите.

Според податоците на „Oxfam“, Алијансата за борба против нееднаквоста, Институтот за политички студии и Патриотските милионери, богатството на најбогатите е зголемено за вкупно 5,5 трилиони долари од почетокот на пандемијата, пишува „Fast Company“.

И токму овие групи сега бараат еднократен данок за милијардерите за да помогнат да се запре катастрофалното влијание на пандемијата врз економијата и здравјето на остатокот од светот.

Групите бараат еднократен данок од 99 проценти за богатството собрано од милијардерите за време на пандемијата, што може да собере 5,4 трилиони долари. Ова за возврат ќе биде сосема доволно за да ги покрие трошоците за целосната вакцинација на секој човек на планетата.

Ако данокот од 99 проценти на профитот на милијардерите за време на пандемијата изгледа висок, „Oxfam“ и други групи велат дека дури и по еднократниот данок, 2.690 милијардери во светот сепак ќе бидат за 55 милијарди долари побогати отколку пред пандемијата да го уништи светот.

Како што истакнува претседателот на Патриотските милионери, Морис Перл, еднократниот данок за богатите има долг преседан: „По Првата и Втората светска војна, беа воведени еднократни даноци на богатство во голем број европски земји и Јапонија за финансирање на обновата. На пример, по Втората светска војна, Франција го оданочи прекумерното зголемување на богатството за време на војната од 100%. По глобалната финансиска криза во 2008-ма година, земји како Исланд воведоа привремени даноци на богатство за да помогнат во надополнувањето на јавната каса.

Групите исто така посочуваат дека богатството на милијардерите се зголемило повеќе во последните 17 месеци отколку во последните 15 години заедно. Од почетокот на пандемијата се појавија 325 нови милијардери.

Промовирани огласи »

Од денес, во земјава, се бара потврда за вакцинација или прележан ковид-19 за да отидете во угостителски објекти, концерти или натпревари. Според одлуката на владата во Скопје, поради забрзаното ширење на вирусот, работата на затворените делови од угостителските објекти е забранета, а за седење во отворени делови на кафулиња, ресторани и клубови, лицата над 18 години ќе мора да имаат потврда за најмалку една примена доза вакцина.

Граѓаните со потврда за ковид може да посетуваат угостителски објекти, но само 45 дена по болеста, по што ќе мора да имаат потврда за вакцинација како и сите други.

Оваа обврска ќе важи за сите објекти кои примаат повеќе од 30 гости, а угостителите се должни да организираат редарска служба која ќе ја контролира.

Владата најави построги контроли за строго спроведување на новите ограничувачки антиквитети, а се предвидуваат и парични казни. За граѓаните кои немаат фалсификат, или имаат фалсификат, казната е 250 евра, за правно лице од 2.500 до 30.000 евра во зависност од големината на објектот, а за одговорното лице 1.500 евра.

Освен кафулиња, ресторани или ноќни клубови, сертификатот за ковид е потребен и за сите видови прослави, кои можат да се организираат само на отворено, свадби и крштевки, како и за концерти, семинари, конференции, културни и спортски настани.

  

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »