Промовирани огласи »

Електричните автомобили покажуваат одлични перформанси. Хрватската компанија Римац го произведува најбрзиот продукциски автомобил во светот Невера, со цена од 2 милиони долари и се планира да се произведат 150 примероци. Неговата конкуренција Тесла S PLAID пак чини „само“ $130.000 и ќе биде масовно произведувана. Во видеото подолу трка на најбрзите продукциски автомобили во светот:

Промовирани огласи »

Кога ќе успеете да ја пронајдете работата која што ја сакате ќе бидете многу среќни и задоволни,но сепак тоа претставува еден долг процес и нормално дека постои шанса да бидете одбиени од одредена позиција за која што сте аплицирале. Биографијата која што ќе ја испратите за да аплицирате за некоја работа често може да ги зголеми или да ги намали вашите шанси за време на интервјуто. Има многу свети и трикови кои може да ги користите за да изработите одлична биографија.

Вашата биографија треба да биде лесна за читање,следење и визуелно привлечна. Постојат примери за тоа како би требало да изгледа една биографија кои може да ги најдете на интернет. Треба да знаете дека од особено значење е резимето да е пократко од аспект на сите професионални контексти,бидејќи вие имате ограничен простор,а регрутерот ограничено време. Скратете ја вашата биографија со тоа што ќе се ослободите од зборови како што се “со цел“,“во основа“,“на пример“ ,ослободете се од ирелевантните работни функции,скратете го растојанието помеѓу линиите и користете прецизни и моќни зборови. Доколку ги применувате сите овие чекори,вашата биографија ќе изгледа многу повеќе професионално и ќе направи да изгледате по квалификувано за работната позиција за која што аплицирате.

Промовирани огласи »

Владата по синоќешната седница објави дека е прифатен нов Анекс бр. 5 кон Договорот за изградба на автопат, делница Кичево – Охрид помеѓу  Јавното  претпријатие за државни патишта и Sinohydro Corporation Limited.

Според новиот анекс, се утврдува рокот за завршување на работите на оваа делница на 31.12.2023 година, без никакви дополнителни финансиски импликации по Буџетот на Република Северна Македонија, соопштуваат од Владата.

Според претходните информации на „Фактор“ кои ги објави минатиот месец, Владата еднаш веќе им испратила предлог анекс на договорот, но Кинезите го одбиле. Проблемот всушност пак се врзува на некаков начин со роковите на довршување. Владата барала Синохидро да довршува делница по делница и да ја пушта во употреба, а кинеската компанија на тоа не се согласува. Имено ако целиот автопат од Кичево до Охрид е во пет делници, Синохидро инсистирале во употреба да се пуштат сите заедно или пак барем евентуално прво две па останатите до крајниот рок. Сите овие несогласувања резултираат со тоа анексот до сега да не биде готов, иако беше најавено да биде пуштен на усвојување во Собранието до крајот на изминатиот јуни. 

Целиот текст прочитајте го на Фактор.мк

Промовирани огласи »

Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, објави фотографија од три набавени возила специјални за превоз на лица со посебни потреби.


Пристигнаа возилата наменети за лицата со посебни потреби, изработени како посебна нарачка. Овие возила ќе бидат распределени во три Центри за социјална заштита низ државата и тоа ќе бидат првите Центри во државата кои ќе располагаат со сопствени возила наменети за овие лица, објави Милевски.Инаку средствата се обезбедени од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската развојна агенција.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »