Промовирани огласи »

Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил објави видео во кое се појаснува како да се извади CommonPass, односно сертификат за патување:

https://fb.watch/7vieN9Ivr4/

Инаку, Европската комисија го усвои националниот Дигитален сертификат на Република Северна Македонија и истиот го смета за еквивалентен на Дигиталниот сертификат на ЕУ, информира Министерството за здравство.

Според Здравство, ние сме прва земја во регионот чии сертификати ќе се сметаат за еквивалентни на Дигиталниот сертификат на ЕУ.

Со ова се избегнуваат сите ограничувања во патувањата како што се дополнително тестирање или карантин. Во неопходни случаи, како што е заштитата на јавното здравје, земјите членки можат да преземат дополнителни мерки. Благодарение на оваа одлука ќе бидат укинати ограничувањата за патување за луѓето што ги примиле дозите против болеста одобрени од ЕУ. Со оваа одлука се гарантира дека сертификатите издадени од Република Северна Македонија ќе се сметаат за исти со Дигиталниот сертификат на ЕУ, а нашата земја официјално е поврзана со системот на ЕУ со сертификатот за болеста издаден од нашите авторитети ќе биде прифатен во ЕУ под истите услови како и Дигиталниот сертификат за ЕУ. Во пракса, носителите на овие сертификати ќе можат да ги користат под истите услови како и носителите на ЕУ Дигиталниот сертификат за вакцинација, велат од Здравство.

Промовирани огласи »

Австрија и Хрватска се првите земји во Европа кои утврдија кога завршува заштитата од вакцините. 

Ова го објави угледната британска платформа за тестирање на производи и услуги и заштита на потрошувачите, Which, пренесува Јутарњи. По 270 дена од втората доза или девет месцеи, веќе нема да се признава националната потврда за вакцинација. Објаснето е дека Британците нема да можат да патуваат во овие две земји кога ќе истече овој рок. 

Австрија и Хрватска се првите туристички дестинации кои утврдиле кога стекнатиот имунитет од вакцините ослабнува. Досега земјите бараа вакцината да е примена најмалку две недели пред патувањето. Хрватска ќе ги земе в предвид потврдите дека лицето неодамна прележало ковид и ќе му се даде шанса за ПЦР тест. 

Промовирани огласи »

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на вчерашната стота владина седница информирал дека подзаконскиот пропис во врска со издавањето на обрасците на новите лични карти ќе биде објавен уште во текот на денот во „Службен весник“, и со тоа ќе се овозможи веднаш да започне печатењето и издавањето на личните карти на граѓаните согласно нивните поднесени барања.

Како што се посочува во владиното соопштение, денешната седница била со единствена точка на дневен ред на која била разгледана Информација за надминување на актуелната состојба во врска со издавање на обрасците на новите лични карти.

На седницата Владата го задолжи министерот да ги преземе сите потребни активности за донесувањето на подзаконски пропис согласно овластувањето од Законот за лични карти и да го усогласи со одредбите од Законот за употреба на јазиците со што се овозможува непречено издавање на обрасците за барање за издавање на личната карта, образецот на потврдата за поднесено барање за издавање лична карта, образецот за личната карта, постапката за издавање и замена на личната карта, како и за начинот за водење на евиденцијата за издадени лични карти. Спасовски, како што се посочува, ги информира премиерот и министрите дека подзамконскиот пропис веднаш ќе биде објавен во „Службен весник“ и дека од денеска ќе се овозможи печатење и издавање лични карти. 

Промовирани огласи »

Фејсбук воведе нови безбедносни мерки за авганистанските корисниците кои се загрижени за својата безбедност, бидејќи талибанците продолжуваат да ја зацврстуваат својата моќ. Отстранета е можноста да се пребарува листата на пријатели на социјалната мрежа со цел луѓето да не бидат мета на напади.

Исто  така и професионалната веб-страница LinkedIn превзема одредени мерки за да ги заштитити корисниците од Авганистан. Постои загриженост дека талибанците ги користат социјалните медиуми за да може да ги најдат противниците. Дополнителни мерки за безбедност беа објавени од страна на шефот на безбедносната политика на фејсбук,Натаниел Глејчер.

“Воведовме нова која алатка која што со еден клик ќе им овозможи на луѓето во Авганистан да ги заклучат своите профили. Кога ќе ги заклучат своите профили,луѓето кои што не се нивни пријатели на социјалната мрежа нема да можат да симнуваат или да споделуваат нивни слики,ниту пак да ја гледаат содржината која тие ја споделуваат на нивните профили“-напиша на твитер г-дин Глејчер.

Тој рече дека објавуваат предупредувања во Авганистан со конректни чекори за тоа како луѓето да ги заштитат своите профили. Исто така,додаде дека фејсбук тесно соработува со своите колеги од областа на индустријата и владата за да им се обезбеди секаква помош и заштита на луѓето. Потврдија дека ќе продолжат да ја забрануваат содржината која ја објавуваат талибанците,бидејќи сметааат дека групата е терористичка организација.

Во меѓувреме твитер исто така даде изјава дека нивен приоритет е да ја заштитат безбедноста на луѓето, иако во еден период самата социјална мрежа под лупа поради содржина која што ја имаа објавено талибанците. Потпарол на талибанците ја искористи оваа платформа за да ги ажурираат своите стотици илјади следбеници.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »