Промовирани огласи »

Македонските граѓани можат слободно да патуваат во Албанија, но многу европски земји воведоа ограничувања за патувања. 

При влез во Австрија, потребно е да имате потврда за вакцинација или потврда за претходно прележан ковид или негативен тест (ПЦР или антиген), под услов лицето што влегува во земјата во претходните 10 дена да престојувало исклучиво во една од т.н. безбедни земји. За транзит низ Австрија не е потребен тест. 

За влез во БиХ е потребен негативен PCR тест, не постар од 48 часа.

Граѓаните можат да патуваат во Бугарија со документ за целосна вакцинација, негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа или негативен брз тест за антиген (не постар од 48 часа) (сметајќи од датумот на тестирање внесен во документот) – оние кои го прележале вирус наместо тест можат да приложат документ што покажува позитивен ПЦР резултат или антиген тест извршен во периодот од 15 до 180 ден (сметајќи од датумот на тестирање).

За патување во Грција, потребен ви е електронски формулар ПЛФ што мора да се пополни најмалку 24 часа пред да влезете во Грција – негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа (на деца под 5 години не им треба тест) или антиген (брз) тест (не постар од 48 часа)) – потврда за завршена вакцинација (најмалку 14 дена пред пристигнување во Грција) лица кои се заразиле со вирусот во претходните шест месеци пред патувањето, можат да влезат со потврда за болеста. Деца до 12 години слободно можат да влезат кај јужниот сосед. 

Патниците кои престојувале во Македонија, десет дена пред да влезат во Германија и се постари од шест години, се должни пред полетувањето да стават на увид: негативен тест за присуство на вирусот, потврда за ревакцинација или потврда за прележан ковид-19.

За влез во Црна Гора на странците има нови правила. Одлуката на Валдата на Црна Гора стапува на сила од денеска, а тоа значи дека непречен влез во земјата ќе бидат овозможени со еден од следните четири докази:

  • Да бидат целосно вакцинирани и/или вакцинирани со една доза на вакцина против ковид-19;
  • Да имаат негативен PCR тест за SARS-CoV-2, не постар од 72 часа;
  • Да има доказ дека лицето го прележало Ковид -19 (дека не поминале помалку од 14 дена и не повеќе од 180 дена од позитивниот ПЦР или брз антиген тест);

Да има негативен брз тест за антиген за САРС-КоВ-2 што не е постар од 48 часа.

Доколку странските државјани немаат ниту еден од четирите докази, тие се испраќаат на четиринаесетдневна самоизолација што може да се прекине по шестиот ден од влегувањето во Црна Гора со негативен PCR тест.

Промовирани огласи »

НЕПТУН ДОНAТОРСКА КАМПАЊА ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ХУМАНОСТА

World Humanitarian Day -19.08.2021

Како дел од стратешко партнерство помеѓу СОС Детско село и НЕПТУН Македонија „Заедно за повеќе насмевки“, почнувајќи од 03.08.2021 НЕПТУН организираше хуманитарна кампања “Заедно донираме повеќе” која симболично заврши на светскиот ден на ХУМАНОСТА 19.08.2021. Со кампањата беа опфатени повеќе производи од сите брендови што се продаваат во мрежата од 25  продажни места во 21 град во Македонија, при што за секој купен производ вклучен во хуманитараната кампања, НЕПТУН МАКЕДОНИЈА донираше 1% од нето вредноста на продадените производи во тој период. Преку хуманитарната акција, компанијата упати повик до своите купувачи да се вклучат во истата, со транспарентна комуникација во текот на времетраењето на кампањата.

По повод Светскиот ден на хуманоста, од каде произлезе идејата за спроведување на акцијата, на 23.08.2021 во дворот на СОС Детско село беше врачен чек во износ од 100.000 денари, финансиски средства кои ќе се искористат за тековните потреби на децата и младите без родителска грижа поддржани од СОС Детско село, но истовремено и  ќе донесат многу насмевки на децата.

За да кампањата има поголем импакт НЕПТУН ја прошири активноста и со дополнителна донација во добра спрема потребите за тековно функционирање на згрижувачките семејства од СОС Детско село при што  на тој начин дополнително се достави и донација во добра на апарати за домаќинство во вредност од 100.000 денари од брендот Фуего за кој Нептун е ексклузивен застапник.

За оваа заедничка соработка генералниот директор Горан Цветинов на НЕПТУН Македонија изјави:

Во име на сите вработени во компанијата, сакам да изразам најискрена благодарност до сите наши купувачи кои активно се вклучија во поддршка на кампањата “Заедно донираме повеќе”. Секој купен производ значи доверба во Нептун и поддршка на корпоративната иницијатива, собирање средства за добротворни цели, осигурувајќи дека истите ќе бидат проследени на оние кои се наш мотив да придонесеме за витална разлика во заедницата. Делуваме со огромна страст за градење свест за поддршка на добротворни акции кај сите наши клиенти, соработници и партнери. Ние во Нептун сакаме да го направиме својот дел и ќе продолжиме да соработуваме и ќе се потрудиме да поддржиме што повеќе иницијативи во уникатната дејност што ја спроведува СОС Детско село. Оваа донација е на некој начин само интензивирање на соработката со Сос Детско село и секако истата продолжува во периодот што следува во духот на Нептун како општествено одговорна компанија.

За значењето на ова стратешко партнерство и донациите направени од страна на НЕПТУН Македонија изјава даде раководителката на секторот за собирање средства и комуникации од СОС Детско село, Силвија Димитрова:

“Она што е одлика на човекот е потребата да споделува, да помага, да дарува, да биде хуман. По повод Светскиот ден на хуманоста, нашиот стратешки партнер НЕПТУН Македонија ја препозна таа потреба и делуваше во насока на поддршка на нашата работа  - обезбедување топол дом, љубов и грижа во семејна атмосфера  и поддршка во подготовка за самостоен независен живот на деца и млади од ранливи категории. Работа која се одвива во континуитет, секој ден, недела, месец. Работа која не може да застане, да престане, да се откаже. Во тој дух, компанијата НЕПТУН ја препозна важноста на одржливоста на нашата работа и стана амбасадор на нашата мисија.

Им благодариме на НЕПТУН Македонија за хуманоста, донациите и стратешкото партнерство, и се надеваме дека ќе бидат инспирација  и на останатите компании да помагаат на ранливите категории – кауза полна со емоции.

Лепа Петровска (Бренд менаџер Фуего)

Александра Ивановски (Директор на приватна установа на СОС Детско Село)

Горан Цветинов (Генерален директор на Нептун Македонија)

Силвија Димитрова (Раководителка на секторот за собирање средства и комуникации)

Промовирани огласи »

Сојузната држава и германските провинции донесоа заедничка одлука дека од денеска граѓаните нема да можат да одат во кафулиња или кино ако немаат доказ за вакцинација, негативен тест или прележан ковид.

Според договорот меѓу сојузната држава и покраината, овие правила се однесуваат на клиниките, домовите за стари лица, спортски сали, базени, фризери, хотели, ресторани и разни настани, пишува ДВ.

Ова правило се нарекува „3G“ бидејќи на германски сите три збора - вакцинирани, тестирани и излечени - започнуваат со буквата „g“ (geimpft, getestet, genesen).

Минатата сабота, инциденцата за седум дена - бројот на случаи на 100.000 жители - надмина 50 за прв пат од мај.Најголем скок во бројот на новозаразени е Северна Рајна -Вестфалија - 99,2 нови случаи на ковид на 100,000 жители во последните седум дена, додека на второ место е Берлин. Во главниот град на Германија, тој број е 67,3.

Германскиот просек скокна на 56,4 во понеделникот наутро.

Расте и бројот на пациенти со ковид, кои треба да се згрижат во болниците. Луѓето на возраст меѓу 35 и 59 години се особено погодени. Речиси сите нови инфекции беа предизвикани од повеќе заразното соединение на делта.

Според институтот Роберт Кох, луѓето кои имаат целосна заштита од вакцинација се со помала веројатност да се заразат, а оние што навистина се разболуваат многу ретко имаат потешка форма на болеста. Од февруари, повеќе од 13.000 луѓе се заразени и покрај вакцинацијата, но само 2,4 проценти од пациентите на возраст од 18 до 59 години кои се лекуваат во одделите за интензивна нега се целосно вакцинирани.

Темпото на вакцинација значително забави во Германија минатата недела - 58,8 проценти од луѓето беа вакцинирани во целост, а 63,9 проценти со барем една доза.

Премиерот на провинцијата Баварија Маркус Зедер (Христијанско -социјална унија, ЦСУ) повеќе не сака да се ориентира само врз основа на инциденцата:

Врз основа на високата квота за вакцинација, методологијата што се применуваше во правата на три бранови, односно инциденцата, повеќе не е соодветна - рече Цедер.

Тој се залага ситуацијата во болниците да се земе предвид многу повеќе и да се направи „еден вид болнички семафор“, што ќе ја означи црвената линија.

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан (Христијанско -демократската унија, ЦДУ) ја отфрли можноста луѓето што целосно се опоравиле или вакцинирале да бидат ограничени од контакт и излегување во иднина. Тој додаде дека целта е да поминеме низ есента и зимата без дополнителни мерки, со почитување на познатите правила за престој во јавен простор - дистанца, хигиена и маски - како и со користење на правилата „3G“ во затворени простории, и конечно со лозинка: "вакцинација, вакцинација, вакцинација".

Промовирани огласи »

Млад дечко се пријавил за работа како чистач во Мајкрософт.

Кадровиот директор го примил на разговор и по краткиот тест му рекол: “Примен си. Остави ја твојата e-mail адреса за да ви го пратам договорот и списокот на вашите работни задачи“.

Дечкото збунет, одговорил дека нема компјутер па со тоа нема ни e-mail. Тогаш директорот му рекол: “Е па тогаш многу ми е жал. Ако немате e-mail, вие не постоите виртуелни и јас не можам да ви ја дадам работата“.

Сиромашното момче очајно излегло до зградата на Мајкрософт, без идеа што би можел да работи со 10 долари во џебот. Влегол во еден супер маркет и купил  мала гајба со 10кг јагоди. За кратко време јагодите ги продал од врата на врата и до пладне го удвоил почетниот капитал.

Изненаден и со ентузијазам ја повторил истата работа уште неколку пати и дома се вратил со 60 долари.

Тогаш сватил дека овој систем би можел да му овозможи да преживее, па почнал од следното утро да го применува во континуитет, излегувајќи рано наутро, враќајќи се доцна навечер.

Работејќи така, го зголемувал капиталот секој ден. За кратко време купил рачна количка за да го зголеми обемот на работа, а подоцна ја заменил со камионче. Работејќи така, во рок од една година станал сопственик на мала флота моторни возила за разнесување овошје и зеленчук. За 5 години станал сопственик на најголема мрежа за дистрибуција на намирници во САД. Во тој момент, мислејќи на иднината на семејството, одлучил да си го осигура животот.

Повикал агент од осигурителна компанија за да потпише полиса за осигурување. Агентот на крајот од разговорот го прашал за e-mail за да му прати проспект за осигурување. Но човекот му одговорил дека нема e-mail.

„Баш чудно“, прокоментирал агентот за осигурување. „Немата e-mail, а сте направиле успешна империја. Замислете каде би биле кога би имале“.

Човекот се замислил, па му одговорил: “Во Мајкрософт, би чистел тоалети“.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »