Форбс ги објави резултатите од истражувањето за најбогатите жени на светот. Во моментот најуспешните самостојни жени во Америка се вкупно 60 , тоа се 10 повеќе од минатата година . Некои од овие жени вредат до 53 милијарди долари.
Со помош на најиновативните жени на светот се создадени некои од најдобрите светски брендови како што се Gap, Spanx, Proactive, Vera Bradley и други. Голем број од нив, исто така, помогнаа да се изградат некои од најуспешните компании во тек, вклучувајќи facebook, eBay и Google, додека пак други се збогатија со милиони преку сопствени музика, книги или ТВ емисии.
Најбогатата претприемач жена во Америка е Дајен Хендрикс, којa e сопственик на ABC Supply, најголемиот дистрибутер на големо за кровни покриви во земјата. Таа потекнува од семејство на на сточари, и самостојно започнала со бизнис во Висконсин во 1982 година со нејзиниот покоен сопруг Кен. Денес Хендрикс е во вредност од 4,9 милијарди долари, 1,2 милијарди повеќе од минатата година, кога таа беше на второто место.
Mеѓу познатите екрански успешни имиња од женски род секако се вбројува и Oprah Whinfrey која котира високо на листите на Форбс секоја година.
Најмладата од најуспешните жени во светот е 26 годишната Taylor Swift, секако тука се Jessica Alba и Vera Bradley заедно со нејзината сосетка Patricia Miller со која станала најпрво пријателка па подоцна и бизнис партнер. Нивната приказна е најинтересна и истата започнала откако двете позајмиле по 250 долари од нивните сопрузи и започнале да работат во еден подрум. Денес Vera Bradley продава чанти во вредност од половина милион долари за само една година.
На овој свет му требаат нови иновативни жени и секогаш има простор за нови идеи. На вас останува да ја означите стартната линија и да започнете со вашите замисли. Форбс со години изработува анализи на најбогатите жени во светот, се надеваме дека една од вас некогаш ќе се најде на оваа прекрасна листа.