Промовирани огласи »

Полициски службеници од ЕВР Карпош, ЕВР Ѓорче Петров и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера во 19:30 часот го лишиле од слобода Е. А. (39) од село Љубин, скопско, поради кражба на графички картички и електрична енергија.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени ‘битмаин’ и графички картички, кои потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“ извршена на 14.03.2021 на ул.„Петар Драганов“, а биле користени за копање биткоини. При претесот, исто така, било утврдено дека Е.А. врши и кражба на електрична енергија, се вели во соопштението од МВР.

Лицето е приведено во полициска станица и по целосно документирањена случајот против него ќе бидат поднесени пријави по член 236 за „тешка кражба“ и член 235 за „кражба на електрична енергија“ од Кривичниот законик. 

Промовирани огласи »

Македонија се најде на 49 место на листата земји во светот по висината на трошоците кои граѓаните ги издвојуваат месечно за комуналните и другите услуги кои ги плаќаат. За ова, според најголемата светска база на статистички податоци Numbeo, во земјава се потребни 97 евра. На списокот на кој има ажурирани бројки, од земјите од регионот, Србија е на 32 место, а БиХ се најде на 35 место.

Статистиката подготвена од Numbeo се однесува на цените на услугите како што се електрична енергија, греење, вода, но и собирање ѓубре.

Статистиката ги опфаќа речиси сите земји во светот, а табелата се одредува врз основа на сумата на пари што треба да се распредели за трошоците за живот во стан од 85 квадратни метри.

Она што може да се забележи според објавената табела е дека областа на Европа, барем кога станува збор за просечните цени на основните услуги, е „најскапиот“ дел од светот за живеење.

Според статистиката на Numbeo, Германија е убедливо најскапата земја кога станува збор за просечната цена на основните услуги, па затоа граѓаните на оваа земја плаќаат околу 225 евра за месечни сметки.

Меѓу 10-те најскапи земји, има само две неевропски земји, односно Израел и Хонг Конг. Жителите на овие области издвојуваат 199, односно 198 евра месечно, за основните трошоци.

Во табелата на Numbeo, исто така се вклучени и земјите од регионот.

Според податоците, Србија е 32-та најскапа земја во светот кога станува збор за основните услуги. Во просек, србите треба да издвојат 129 евра за основни услуги во стан од 85 квадратни метри, што е приближно иста сума што мора да ја издвојат граѓаните на Јужна Кореја, Литванија и Босна и Херцеговина.

Кога станува збор за остатокот од регионот, убедливо најскапата земја за живеење е Словенија, која е на петтото место на оваа табела. За основните услуги во оваа земја, граѓаните треба да издвојат речиси 200 евра.

Другите земји во регионот се сместени нешто пониско на листата, па така Хрватска е на 20-то место, а според податоците во оваа земја, 159 евра треба да се издвојат за комунални услуги.

БиХ е на 35 место со трошоци за основни услуги од 124 евра, а „поевтини“ земји во регионот според овие статистики се Македонија (49 место) каде за основни трошоци потребно е да се одвојат 97 евра, Црна Гора (50 место) каде што е потребно да се одвојат 95 евра, и Албанија (63 место), каде што трошоците се околу 70 евра.

„Најевтина“ земја за живеење, барем кога станува збор за регионот, е Косово, каде што граѓаните треба да платат 54 евра за основните услуги.

Интересно е што од северниот сосед Србија, според Numbeo, некои далеку поразвиени европски земји имаат поевтини месечни трошоци, како што е на пример Шпанија, чии граѓани плаќаат 114, и Португалија со 101 евро месечни трошоци.

Промовирани огласи »

Министерот за здравство Венко Филипче, во изјава за медиумите, денеска информираше дека во болниците има доволно слободни кревети за хоспитализација на заразени од корона вирус.

 Во некои градови се намалува бројот на пациенти. Во однос на новодијагностицираните во изминатите денови се бележи едно плато, односно ист бројот на новозаразени. Тешко е да се каже дали ова ќе продолжи. Се прави детална анализа во Институтот за јавно здравје која ќе биде индикатор за нови дополнителни мерки, рече Филипче.

Министерот го најави и потенцијалното дополнение на мерката „една доза вакцина“ за влез во молови, ресторани...

Една од мерките што сигурно ќе се препорача е потребата да се прикаже потврда за примени две вакцини, односно тоа ќе прерасне во потврда за примени две дози вакцини или целосно вакцинирани лица, рече Филипче потенцирајќи дека тоа би било во месец октомври, согласно анализата на која се работи и која ќе покаже каква е состојбата со заразени по региони, возраст, пол, опфат на вакцинација итн.

Промовирани огласи »

Голема најава за GLOBAL HR Summit Skopje!!!

 Остануваат уште малку денови до LIVE изданието на Global HR Trends Summit Skopje закажано за 29 -ти септември во Ragusa 360 Rooftop!

Уште размислувате зошто треба да се регистрирате? 

- Самитот опфаќа 3 интерактивни работилници од меѓународни лидери за човечки ресурси од BMW, NEWIND & KA World кои ќе ви помогнат да навигирате по новиот начин на работа, да ги забрзате трансформациите на работното место и да се прилагодите на пост-COVID периодот! 

- Интерактивна работилница за ангажирање на вработените на работа по „Ковид-19“ презентирана од Азад Наваз од BMW, која ги опфаќа ефектите на пандемијата врз ангажманот, работата од дома и хибридната работа.

- Интерактивна работилница: Усогласување на вашата нова култура со вашата нова пост Ковид стратегија презентирана од Фрод Хваринг од NEWIND, кој ќе сподели стратегија за тоа како да дизајнирате подобра култура со нови вештини, нови однесувања, нови очекувања и нови приоритети и за компаниите и за персоналот.

- Интерактивна работилница: Како да останете среќни на работа во турбулентни времиња? презентирана од Анета Коробкина од KA World, фокусирајќи се на грижата за себе и тимската грижа, ќе сподели практичен водич за тоа како да напредувате на работа во тешки времиња.

Не пропуштајте, местата се ограничени! Резервирајте го вашиот билет ТУКА и станете дел од водечкиот меѓународен HR настан во Скопје на 29/9/2021.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »