Промовирани огласи »

Од 1 октомври 2021 започнува зимското сметање на рaботното време на јавните површини наменети за паркирање со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ – Скопје.

Рабоното време во зоните ќе биде: Зона А, Б и Ц од понеделник до петок од 7:00 до 21:00 часот, сабота од 7:00 до 14:00 часот.  Зона Д – од понеделник до сабота од 7:00 до 23:00 и  за зоните Д62, Ц80 и Ц81 од понеделник до петок од 7:00 до 21:00. соопштија од ЈП „Градски паркинг“ – Скопје.

Промовирани огласи »

Тунискиот претседател Каис Саид ја назначи Најла Буден Ромдан за првата жена премиер во Тунис, а воедно и во арапскиот свет, два месеци откако ја отпушти претходната влада и превзема широки извршни овластувања. 

„ Ова е првпат во историјата на Тунис жена да раководи со Влада.“- изјави претседателот Саид, кој што исто така додаде дека тоа е чест за Тунис и тунижанките.

Родман служеше во министерството за образование во 2011 година, а ќе ја превземе функцијата на премиер во момент на криза, со демократски придобивки добиени во 2011 година под сомнеж и како голема закана за јавните финансии, иако се наметнуваат прашања колкава моќ може да имаа таа.

Во месец јули, Саид ја собори владата и ги замрзна активностите на парламентот предводени од исламистичката партија Енахда, а овој негов потег непријатели го означија како државен удар. Тој отфрли голем дел од Уставот велејќи дека може да ја контролира сам владата за време на вонредниот период.

Тунис се соочува со заканувачка криза во јавните финансии, откако долгогодишната економска стагнација беше отежната од пандемијата и политичките судири. Државните обврзници се под притисок и трошоците за осигурување од неисполнување на нивните долгови достигнаа рекордно високо ниво.

Новата влада ќе мора да побара финансиска поддршка за буџетот и отплатата на долговите, откако владата на Саид во јули ги стави во мирување преговорите со Меѓународниот монетарен фонд. По минатонеделната објава на претседателот Саид дека владата ќе биде одговорна пред претседателот и дека тој може да избере или отпушти министри од кабинетот, улогата на премиерот ќе биде помалку важна отколку во претходните администрации.

 

 

Промовирани огласи »

Европскиот центар за контрола и превенција од болести ја објави новата европска ковид-мапа, во која со различни бои ги одбележува државите според моменталната ковид-состојба во Европската Унија. 

Според боите, зелената значи дека во последните 14 денови имало мал број позитивни случаи од тестираните, додека пак темно црвената значи дека има повеќе од 500 позитивни просечна вредност во последните 14 денови. Сивите зони означуваат земји кои не се во ЕУ или за кои нема доволно податоци. 

Благодарение на овие мапи и инфографици, секоја држава одлучува за билатералните односи со другите земји и правилата и рестрикциите кои важат за нив. 

Промовирани огласи »

Нерегулираните настапи на нашите музичари, кои редовно гостуваат во локали низ земјава, без при тоа да подлежат на било каква обврска за подмирување на финансиски надомест кон државата, заминуваат во историја. Здружени, музичарите од фолк, поп и класичната сцена, вчера одржа собрание за формирање на Комора, со цел регулирање и подигање на нивото на професијата – музицирање. Како што појаснува за ,,Фокус” музичарот Горјан Стојановски, тоа би значело дека за секој настап ќе треба да се добие посебна лиценца, а музичарите наскоро ќе ги имаат на увид сите информации поврзани со овој новитет во музичката индустрија.

По иницијатива и во организација на координативното тело на музичките здруженија од цела Македонија, вчера вечер во хотелот Александар Палас во Скопје со почеток во 18.00 часот се одржа првото основачко Собрание за формирање на КОМОРА НА МУЗИЧАРИ И МУЗИЧКИ ДЕЈНОСТИ на Р.С .Македонија.

Целиот текст прочитајте го на Фокус.мк

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »