Промовирани огласи »

Иако барањето на работа најчесто се сведува на праќање CV често се случува одговор од работодавец да нема. Во тој случај работите треба да ги преземете во свои раце и „поактивно“ да се посветите во потрагата.

Ова се шест начини како во денешно време да се вработите:

1. Пронајдете компанија за која сакате да работите.

2. Запознајте ја таа компанија.

3.Откријте како веднаш ќе се вклопите во работата.

4. Употребете дела наместо зборови

5. Користете препорака како средство

6. Прашајте за работа

Промовирани огласи »

Многу луѓе од целиот свет се плашат својот интелектуален свет да го сведат од 9 до 5 заради тоа се повеќе одлучуваат сами да си го контролираат времето во својот живот и да работат од дома.

Бидејќи е тренд во последно време и во нашата држава истражувавме какви можности се нудат за сите вештини кои еден човек може да ги поседува. За пример - побарувачката за креативни хонорарни преведувачи никогаш не била повисока.

Според CNBC, бројот на независни преведувачи се зголеми за околу 27% повеќе од вработените на платен список во текот на изминатите 20 години. Многу од тоа е токму благодарение на оваа можност за работа од дома која одлично се усогласува со побарувачката за брзо извршување на задачи.

Маркетинг на социјалните мрежи

Социјалните медиуми станаа главни маркетинг алатки за повеќето бизниси. Како независен експерт за социјални медиуми, можете да им помогнете на компаниите користејќи ги Facebook, Twitter, Snapchat, Instagram, или други платформи за да компанијата ја постигне својата бизнис цел.

Блогирање

Ова е бизнис и забава - две во еден. Потребни ви се иновативни слики или текстови со кои ќе го привлечето вниманието на луѓето од регионот или светот а со то ада заработите одлични хонорари.

Уште подобро, можете да започнете свој блог за мода или патување и да го привлечете вниманието на многу светски компании кои ќе сакаат да ве спонзорираат или пак да ги откупуваат вашите дела. На пример, има блогови кои прават $9000 за еден месец, а некои блогерски профили минатата година биле продадени на група американски инвеститори за $280 000 минатата година.

Преведување

Многу често на компаниите им е потребна помош со брз превод за време на важен бизнис состанок или политички самит. Традиционално, толкувачите ова го вршеле лице влице меѓутоа благодарение на  онлајн групите, можете лесно да го направите ова од дома. Според Glassdoor, хонорарните преведувачи во просек се платени $ 35,43 на час.

Графички Дизајн

Графичките дизајнери се многу активни во онлајн светот. На компаниите им требаат логоа, инфографици, постови на блоговите, обработка на слики и друг услуги во секое време. Хонорарни графички дизајнери заработуваат во просек $44 109 годишно.

Патнички консалтинг

Ако сте светски патник и имате многу дестинации во вашиот пасош тогаш можете да им помагате на луѓето да го испланираат своето патување врз база на вашето искуство. Помогнете им на луѓето да го планираат својот одмор - можете да го направите ова независно или да станете експерт за резервацијии на летови на FlightFox.com

Настава

Благодарение на видео разговорите, наставата е хонорарна работа што можете да ја правите онлајн. Ако имате вештини за пишување, знаете два јазика, постојат луѓе од целиот свет кои имаат потреба од вашата помош. Многу луѓе одлично заработуваат и на овој начин особено во модерниот свет кога немаат време за посета на курсеви надвор од нивниот дом.
 

Промовирани огласи »

Сообраќајната полиција во оквирот на обележувањето на Четвртата светска недела за безбедност на сообраќајот на патиштата од денеска до 14 мај ќе ја засили контролата за брзината на движење на возилата, соопштија од Министерството за внатрешни работи на Србија.

Четвртата светска недела за безбедноста на сообраќајот на патиштата, која се спроведува под окривот на ОН, оваа година се одбележува под слоганот „Забави и сочувај ги животите“, и усмерена е кон подигнување на свеста на граѓаните дека неприлагодената брзина е еден од клучните причини за сообраќајните незгоди со загинати и повредени лица.

МУП наведе дека Управата за сообраќајната полиција во мај ја спроведува и акцијата „Блиц маратон“, во која за 24 часа непрекинато ќе бидат ангажирани сите расположливи уреди за мерење на брзината и движење и ги повика граѓаните да укажат на локацијата на која, според нивната оценка, е загрозена безбедноста на учесниците во сообраќајот поради брзината на движење на возилото.

Податоците за локациите на граѓаните можат да се испратат на адресата [email protected].

Сообраќајната полиција во текот на акцијата „Блиц маратон“, на предложените локации ќе ја мери брзината со рачни радари и уреди за мерење на брзината на возилата без обележја на полицијата „пресретници“.

Контролата на брзината на движење ќе се изврши и без запирање на возилата на местото на прекршокот.

Доколку возачот кој ќе ја пречекори дозволената брзина не биде запрен на лице место, а на сопственикот на возилото ќе му биде доставена веродостојна исправа за прекршокот, со повик да ја плати казната или да на надлежната организациона единица МУП, достави податоци за лицето кое го направило прекршокот.

МУП наведе дека во текот на претходните акции „Блиц маратон“, на 19 април на радарите ќе документира 3127 прекршоци, пишува во соопштението.

Промовирани огласи »

Денеска во просториите на Вип беше потпишан Колективниот договор помеѓу оне.Вип ДОО Скопје и Синдикалната организација на оне.Вип ДОО Скопје (СООВ). Колективниот договор го потпишаа членовите на раководниот тим на Вип со претседателот на Синдикалната организација на оне.Вип.

Со потпишувањето на колективниот договор што се случува по интензивни преговори меѓу раководството на компанијата и СООВ се уредуваат фундаменталните права на вработените во оне.Вип и се решаваат голем дел од предизвиците со кои се соочувавме во компанијата во минатиот период.

Менаџментот на Вип секогаш имал слух и разбирање за потребите на вработените, а Колективниот договор е потврда за определбата на компанијата да го почитуваме правото на слобода на здружување и колективно преговарање. Овој документ претставува темел за понатамошните заложби на двете страни за унапредување на релациите меѓу вработените и менаџментот се со цел да овозможиме здрав дијалог во креирањето на здрава работна средина. Со потпишувањето на Колективниот договор докажуваме дека сме компанија која, пред се, посветува внимание на правата на вработените, условите за работа и системите за унапредување и наградување, што потврдува дека Вип е најдоброто место за постигнување на врвни резултати во професионалната кариера,изјави Димитар Ковачевски Извршен директор на оне.Вип.

Ни претставува задоволство што успешно го финализиравме овој процес. Со колективниот договор подетално се регулираат правата и обврските на сите вработени во оне.Вип, а оние ставки кои се предвидени во Законот за работни односи и во Општиот колективен договор за стопанството се допрецизираат во корист на вработените во оне.Вип, изјави Звонко Младеновски, претседателот на Синдикалната организација на оне.Вип.

Меѓудругото, колективниот договор подетално ги уредува правата и обврските на работодавецот и вработените, отсуствата од работа, плата и додатоци, откажување на договорот за вработување, начинот и постапката за утврдување на бројот и структурата на вишокот на вработени како и критериуми за унапредување.

По спојувањето на телекомункациските оператори ОНЕ и Вип во ново друштво оне.Вип во 2015 година, Синдикалната организација на ОНЕ (СОО) се пререгистрира во Синдикална организација на оне.Вип (СООВ) и како таков субјект од областа на синдикалното здружување делува како претставник на работниците во сите три компании (ОНЕ, Вип и Blizoo) кои ја сочинуваат новата компанија оне.Вип.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »