Промовирани огласи »

Изминатата недела во Скопје во Ragusa 360 Rooftop во организација на P World и ексклузивно партнерство од страна на KARIERA.mk беше одржан HR SUMMIT Skopje 2021. Пеесетина врвни експерти од светот на HR од Макдонија и Косово беа присутни и активни на самитот и низ интересни работилници и презентации се едуцираа за последните трендови во светот.  

По пандемијата, природно, една од главните теми на настанот беше враќањето во канцелариите по вирусот ипромените кој истиот ги донесе во работењето. Дополнително се разговараше за тоа како да се остане среќен на работнот место и да се избегнат сите стресни моменти и предизвици во секојдневието. 

На настанот, како главни говорници беа Рамаркришна Мова од CHRYSALIS CONSULTING SOLUTIONS, Анета Коробкина од KA WORLD и Азад Наваз од BMW.

KARIERA.mk, преку кратка презентација на генералениот директор Зорица Бужаровска Бошковска, исто така го претстави својот нов продукт под името HR SCANNER, наменет за сите компании кои имаат потреба од аналитичка алатка за следење на пазарот на труд во регионот.

На настанот присуствуваа претставници од сите најголеми компании во регионот како А1 Македонија, Axapta Masters, Assecco, KAZ Group, Жито Лукс, Халк Банка, Vanhool Македонија, Quantox Technology, Slice и многу други.

Атмосферата беше позитивна и денот прерасна во одлично едукативно сеќавање за сите учесници од регионот.

Се надеваме дека наредната година, сите рестрикции ќе бидат анулирани и ќе можеме да се собереме во уште поголем број како и во минатото! Ваквите настани со сигурност носат одлична промена на енергии и мотив за понатака! 

Промовирани огласи »

Денеска почнува онлајн регистрацијата за Лотаријата за зелена карта за 2023 година, објавија од Стејт департментот. Аплицирањето ќе заврши на 9 ноември.


Единствениот начин за аплицирање е на следниот линк: https://dvprogram.state.gov/

Линкот сè уште не е активен затоа што аплицирањето ќе почне напладне по американско време, што значи дека ние ќе може да почнеме да аплицираме во попладневните часови.

По завршувањето на апликацијата ќе добиете потврда со единствен број кој треба да се чува. Со овој број потоа се проверува статусот на апликацијата.

Аплицирањето за лотаријата е бесплатно. Со среќа!

Промовирани огласи »

Во детските градинки во државата се згрижуваат деца согласно протоколите поради пандемијата на ковид-19, а усвоени од Комисијата за заразни болести. Во јасли се згрижуваат по максимум 15 бебиња, а во поголемите групи има по максимум 25 деца. Она што се случува и оваа година, според директорките со кои разговаравме, е тоа што има родители кои не си ги носат децата во градинка иако ги запишале. Станка Буџакова, директорка на градинката „Весели цветови“, вели дека во оваа градинка има 160 деца кои се на листа на чекање.


Поголеми групи се составени од по 25 деца, а во јасли има по 15 деца максимум. Кога би немало мерки, ќе можевме сите да ги примиме, но ситуацијата е таква каква што е. Ако беа нормални условите, имаме одобрение од Советот на Општината да може да запишуваме број на деца и над нормата. Конкретно кај нас, но и во поголемиот број градинки, капацитетот кој е предвиден по протокол не е исполнет. Еве ние, според новите протоколи, можеме да примиме 880 дечиња, но ни доаѓаат 450, а тоа е околу 60 отсто од капацитетот. Родителите ги држат местата - вели директорката.

Прочитајте повеќе на Деца.мк

Промовирани огласи »

Tinker Labs едукацијата е иновативен образовен систем кој ги опфака сите области од СТЕАМ едукацијата (наука, технологија, инжинерство, математика и уметност) интегрирајќи ги заедно преку интердисциплинарен пристап на учење.

 

Магијата на Tinker Labs едукацијата се состои во посебниот метод на учење, каде што децата учат во училници, кои изгледаат на мали иновативни лаборатории и сето знаење го стекнуваат преку работа на реални проекти, експерименти, истражувања, наоѓање на иновативни решенија и изработка на модели и прототипови.

Вратите на трите Tinker Labs училишни центри во Скопје, Струмица и Радовиш се отворени за сите заинтересирани деца и родители. Повелете на бесплатен пробен час и направете разлика.
Регистрирајте се на тел:

Tinker Labs Skopje – 070 547 269
Tinker Labs Strumica – 071 242 476
Tinker Labs Radovish – 070 226 489

За повеќе информации: https://tinkerlabs.mk/

Низ фотографии погледнете ја атмосферата во нашите простории и одлучете се да го внесете и вашето дете во светот на иновативното учење!

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »