Промовирани огласи »

Се укинува ограничувањето на максимално дозволениот број на лица на една маса во кафетериите, рестораните и во рестораните на хотелите, како во отворените, така и во затворените делови на овие угостителски објекти, одлучи Владата на денешната седница.

Како што соопшти владината прес-служба, дополнително е усвоена и измена на ограничувањето на исполнетоста на капацитетите на овие угостителски објекти, односно ограничувањето на бројот на гости во затворениот дел од објектот, како и во отворениот дел е до најмногу 50% искористеност на капацитетот на објектите.

За угостителските објекти за организирање прослави, веселби и свадби, остануваат во сила постојните мерки и протоколи

Промовирани огласи »

Инстаграм го укинува IGTV, на некој начин. Платформата ќе биде реименувана во Instagram TV. После неколку години Инстаграм конечно одлучи да направи голема промена со IGTV.

Добропознатиот  IGTV  ќе биде ребрендиран  во „ Instagram TV“ воедно и досегашниот видео формат ќе претрпи промена. Почетната на Инстаграм сега ќе може да прикажува видеа дури до 60 минути времетраење кое беше оставено за IGTV, со ова корисникот нема да има потреба  од гасење на главаната апликација за да го гледа истото. 

Еден вработен за Инстаграм изјави дека IGTV апликацијата, сега преименувана во Instagram TV, ќе остане место за луѓето да гледаат и уживаат во долгите видеа. IGTV  беше претставен во Јуни 2018 година, во суштина беше најавен како еквивалент на Youtube, место за откривање и гледање на подлоги видеа. Но за жал, само после 2 месеци подоцна, апликацијата наречена ТикТок беше лансирана во Америка.

Инстаграм одлучи да  постане голем ривал на ТикТок со нивниот краткометрежен формат на видеа наречен Reels. Тие беа додадени на самата платформа во Август 2020 година. Истите им придонесоа голем број нови корисници кои нивните видеа од ТикТок ги објавуваа на Инстаграм. Reels добиjа очигледно добро место и лесен пристап до нив на самата платформа. Почнаа со продавање на реклами и ре-објавувани на Facebook.
 

Промовирани огласи »

Ова се автомобили за кои „народски“ речено трошат како запалка, сакајќи да се потенцира нивната ниска потрошувачка на гориво…

Со растот на цените на горивото, потрошувачката на гориво повторно стана актуелна како една од најважните карактеристики на возилата. Откако димензииte на екранот (во дијагонала) и системите за помош имаат предност како најчести теми за автомобилите, сегашните услови на пазарот диктираат некои нови трендови. Едно од нив е секако потрошувачката на гориво, која сега има зголемено учество во буџетот на домаќинствата.

Меѓутоа, има и автомобили чии сопственици не се грижат премногу за потрошувачката, пишуваат специјализираните портали во регионот. Не мислиме на сопствениците на возила со инсталација на системи на гас, оние на поскапите хибриди или дури и поскапите електрични автомобили, туку на сопствениците на некои многу економични автомобили.

На пример, во раните 1990 -ти години такви автомобили беа Daihatsu Charade, Suzuki Swift и Citroen AX (потоа Saxo), кои дури тогаш трошеа помалку од 5 l / 100 km. И тоа била драстична разлика во однос на највообичаените возила Zastava и Yugo, кои беа двојно повеќе жедни со класичните карбуратори, без разлика колку лесна нога имале нивните сопственици врз педалот за гас.

Денес, некои други автомобили ја преземаа таа улога, а нивната потрошувачка, и покрај технолошкиот напредок, не се намали значително. Поголеми и потешки, овие автомобили останаа на нивото на поранешните штедачи, што значи дека тие се вртат околу 5 л / 100 км.

Промовирани огласи »

Германскиот производител на луксузни автомобили Mercedes-Benz потврди дека поради кризата со чипови, не може да ги достави сите возила со комплетна техничка опрема. Во такви случаи, клиентите можат да ги добијат нарачаните автомобили со намалена опрема по пониска цена, изјавила портпаролката на Мерцедес-Бенц.

Доколку купувачот не се согласи со изменетата понуда, може да се повлече од купопродажниот договор, се додава во соопштението. Mercedes-Benz на тој начин го демантираше написот во локалниот дневен весник Stuttgarter Nachrichten според кој нарачката не може да се откаже.

Кој ќе преземе автомобил со намалена опрема, не може да очекува негова последователна надградба, бидејќи тоа не е секогаш возможно од технички причини, објави одделот за продажба на компанијата. Не се наведува колку автомобили биле нарачани и кои модели ќе излезат од монтажната линија со намалена опрема поради кризата со чипови.

Клиентите исто така можат да чекаат за испорака на нивните возила додека не биде достапна саканата опрема.

Современите автомобили содржат многу електроника, така што производителите на автомобили во моментов се принудени да произведуваат недовршени возила, да ги паркираат и да ги завршат кога ќе ги набават сите електронски делови поради проблеми со снабдувањето со чипови.

Mercedes-Benz исто така привремено складира возила поради недостаток на некои полупроводнички компоненти, потврди неодамна портпаролот на компанијата. Практиката е вообичаена и кај производителите на камиони.

Незавршените камиони всушност не се испорачуваат на клиентите, изјави во вторникот извршниот директор на Daimler Truck, Мартин Даум. Камионскиот сектор има помалку „луксузни инсталации“ отколку секторот за патнички автомобили, додал Даум.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »