Промовирани огласи »

Добрите вести доаѓаат од Швајцарија, најголемото автомобилско шоу ќе се врати следната година!

Но, ништо од враќањето со стил, следното издание на автомобилскиот фестивал во Женева ќе биде далеку од големиот настан што го знаевме досега. Затемнувањето на ерата на автомобилските шоуа во голема мера започна, а ефектите се видени на „тивката“ манифестација во Минхен.

Организаторите на настанот во Женева потврдија дека властите дозволија одржување на автомобилскиот саем од 19 до 27 февруари следната година, со одредени ограничувања. Тоа сигурно ќе влијае на престижот на овој настан, но и на неговото општо значење…

Какви ќе бидат границите? Би рекле огромни! Да потсетиме, последната манифестација во Женева се одржа во 2019 година, додека изданието 2020 беше буквално откажано еден ден пред почетокот на автомобилскиот саем! Некои од излагачите беа крајно незадоволни од ваквиот развој на настаните, а најголемиот револт го изрази Koenigsegg, кој и покрај откажувањето, ги одржа премиерите на своите возила и емитуваше директен пренос од Женева на Интернет.

Па, новото издание ќе биде далеку од славните денови на ова шоу … Следната година бројот на изложувачи ќе биде ограничен на само 60, додека на последниот настан имаше околу 160!

Намалена е и површината каде што ќе се одржува овој саем – наместо поранешните 106.000 метри квадратни, сега ќе бидат достапни само 30.000!

Ограничувањето на бројот на посетители е исто така строго – максимум 30.000 луѓе ќе можат да се најдат во салите на саемот Palexpo секој ден. Значи, далеку од она на што сме навикнати кога станува збор за автомобилскиот саем во Женева.

Со таков пристап, тешко е да се очекува Женева 2022 година да биде место за средба на огромен број премиери. Наместо тоа, тоа ќе биде на ниво на неодамна одржаната IAA во Минхен. За жал…

Промовирани огласи »

Македонските возачки и возачи дефинитивно го обожуваат овој модел. Откако во јули недостигаше меѓу 10-те најпродавани модели, Kia Sportage во август се катапултираше директно на првото место, со 23 продадени примероци.

Во Македонија во август се продадени вкупно 365 нови возила од лесна категорија, од коишто 281 се патнички автомобили, а останатите 84 се доставни возила. Најпродаван модел е Kia Sportage со 23 примероци, пред Citroen C3 со 18 и Toyota Corolla со само еден продаден примерок помалку.

Меѓу марките, најуспешна во летниот месец била Toyota, со 57 возила. Втора е Kia со 33 возила, на третото место е Skoda со 19 продадени возила, а исто толку има продадено и Hyundai. Станува збор за неофицијални податоци што се земаат со голема резерва, имајќи предвид дека неколку увозници на нови автомобили не ја соопштуваат продажбата од различни причини. Објавените податоци се добиени преку регионални канали, затоа во Македонија и натаму не постои официјална статистика на продажба, што инаку претставува моќна алатка за менаџментот на автомобилските марки.

Во споредба со август лани, продажбата годинава паднала за 11,4 проценти. Вкупно во првите осум месеци од годината, пазарот сепак бележи раст и со 3.650 возила е за 13,2 проценти над резултатот од истиот период лани.

Три модели на Toyota во Топ 5

Citroen C3 води во вкупната продажба годинава, со 185 примероци, а најмалку е изненадување тоа што Kia Sportage следи веднаш потоа, со 150 примероци до август. СУВ-бетселерот на Kia годинава беше на врвот на продажбата во март. Toyota Corolla е за 70% над резултатот од август лани, а во чекор ја следат уште два модела на јапонската марка: Aygo и новиот Yaris на четвртото и петтото место.

Одлично напредувале и Mitsubishi Space Star, Renault Captur, Toyota RAV4 и VW Caddy, кои во август повторно се пласирале во македонскиот Топ 10.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »