Маркетинг агенција Филигран лого

Специјалист за Дигитален Маркетинг

За компанијата:

„Филигран" доаѓа од вековната уметност на филигранство, техника на изработка која комбинира најпрецизна рачна работа со исклучително внимание на детали. Во светот на филигранот, сè... повеќе за компанијата »

Активни огласи од Маркетинг агенција Филигран:

Акаунт Менаџер

Ако си личност која вешто балансира помеѓу светот на социјалните мрежи, аналитиката и градењето односи со јавноста и медиумите, ова е вистинската позиција за тебе.

Клучни одговорности

  • Креирање и имплементација на сеопфатни дигитални маркетинг стратегии и PR кампањи за клиентите на агенцијата.
  • Водење и оптимизација на профили на социјални мрежи (Meta, LinkedIn, TikTok, Instagram) и управување со платени реклами.
  • Пишување и уредување на соопштенија за медиуми, ПР текстови, блог постови и креативни содржини (copywriting).
  • Градење и одржување односи со медиуми, инфлуенсери, клиенти
  • Истражување на нови трендови, дигитални алатки и решенија базирани на вештачка интелигенција (AI) за унапредување на комуникацијата.

Потребни квалификации

  • Диплома во областа на Комуникации, Маркетинг, Односи со јавност, Новинарство или сродни дејности.
  • Минимум 3 години работно искуство во маркетинг агенција или на слична позиција во дигитален маркетинг и PR.
  • Одлични вештини за пишување
  • Познавање на алатки за менаџирање социјални мрежи, аналитика и ад-платформи (Meta Business Suite, Canva/Figma за основни визуелни потреби).
  • Силни организациски способности и вешто менаџирање со рокови (multi-tasking).
  • Одлично познавање на македонски и англиски јазик (пишан и говорен).

Како да се пријавите?

Сите заинтересирани кандидати можат да аплицираат со испраќање на своето CV (и портфолио од претходни проекти, доколку имаат) на е-маил адресата: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака (Subject): "Апликација за Дигитален Маркетинг и PR".

Само селектираните кандидати кои ги исполнуваат условите ќе бидат повикани на интервју.

Напомена: Со поднесување на апликацијата, кандидатите даваат согласност компанијата да ги обработува нивните лични податоци за потребите на процесот на селекција и регрутација, во согласност со Законот за заштита на личните податоци. Кандидатите можат да ја повлечат својата согласност во секое време со испраќање известување на горенаведениот е-маил.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »