Промовирани огласи »

После лошите квалификации за првата трка, Вуков го постигна најавеното, завршна позиција во топ 5 во втората трка.

Македонскиот автомобилист Ристо Вуков овој викенд имаше тешка задача на претпоследната рунда од Porsche Cup Italia каде вози веќе втора сезона.

Имено на патеката Франчакорта тој имаше доста лоши квалификации поради проблемите со директното сонце во неговите очи кое не му дозволи да направи ниту еден добар круг. Тоа е проблем кој Вуков го има и не може да го промени, па затоа мораше да стартува од последната 17 позиција.

Првата трка тој ја заврши дури на деветтата позиција, а веќе за втората трка денес, најави завршување во топ 5. Тоа и го оствари после жестока офанзивна и дефанзивна борба, после која заврши на четвртата позиција на чекор од неговиот прв подиум, за што исто така и коментаторите беа крајно импресионирани.

Ова е најголем успех досега за нашиот натпреварувач кој дефинитивно заедно со неговиот GDL Racin Team се повеќе од среќни после овој пресврт од квалификациите на двете извозени трки.

Победник на трката беше Џорџо Амати, пред Енрико Фулџенци и Симоне Јакуинта.

Инаку трката изобилуваше со борби за позиции поради кои дури три пати безбедносниот автомобил излегуваше на патеката додека се расчисти истата, а тоа дефинитивно им го расипуваше темпото на возачите.

Промовирани огласи »

Големиот интерес за состојбата на седумкратниот светски шампион Шумахер се појави во последниве недели по објавувањето на документарниот филм на Netflix, кој го прикажува неговиот извонреден подем кон врвот, како и аспекти од семејниот живот на 52-годишниот Германец.

Говорејќи на неодамнешното доделување на наградите во Рим, Пјеро Ферари сподели неколку спомени за Шумахер пред неговата скијачка несреќа во 2013 година.

Имав задоволство да му гостувам на Шумахер и да пијам црвено вино. Тој навистина уживаше во овие моменти на интимност и мир. Тој е едноставна, јасна, прецизна личност, многу комплетна личност“, рече потпретседателот на Ферари, додавајќи:

Жал ми е што денес зборуваме за него како да е мртов. Не е мртов, тој е тука, но не може да комуницира", рече Ферари.

Да потсетиме, Шумахер се здоби со тешка повреда на главата при пад на 29 декември 2013 година во францускиот скијачки центар во близина на Мерибел, и истиот ден беше префрлен во болница и оттогаш нема многу официјални информации за неговата здравствена состојба.

Промовирани огласи »

Дизелот од полноќ поскапува за два денари

Од полноќ ново поскапување на горивата

Регулаторната комисија за енергетика информира за новите повисоки цени на горивата кои ќе важат од полноќ.

Согласно донесената одлука, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 ден/литар.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 е 73,50 ден/лит, додека на ЕУРОСУПЕР БС-98 75,50 ден/лит.

Дизелот од полноќ поскапува за два денари. На бензиските пумпи ќе се продава по цена од 65 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 ден/литар, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,351 денар/килограм и сега ќе изнесува 41,131 ден/кг.

Од 28.9.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 75,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 65,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 64,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 41,131 (денари/килограм)

Промовирани огласи »

Минатата седмица се одржа AUTOBEST гала настанот за оваа година, на која официјално му беше доделено признанието на Seat Leon, а беа воведени и уште неколку новитети.

Невообичаено доцниот датум за настанот се должи на ситуацијата со пандемијата низ целиот континент.

Дан Варди, основач и претседател на AUTOBEST рече: „Не можеме повеќе да сонуваме за нашата прослава на 20 годишнината од AUTOBEST Гала, веројатно најважниот автомобилски медиумски настан во Европа и светот. SEAT Leon е AUTOBEST Best Buy Car of Europe, најголемото признание во автомобилската индустрија, давајќи им на мнозинството европски потрошувачи најдобра независна, автентична, професионална оценка за врвните нови модели што доаѓаат во Европа. Ние им ги доверивме на Барселона и Шпанија да бидат место на нашиот историски настан. Многу сме среќни што сме во La Llotja del  Мar, знаменитост на Барселона, едно од местата што ја прави Европа толку горда на своето наследство. Сакам да изразам благодарност за сите луѓе што придонесоа за овој фантастичен настан. Лично, сакам да му се заблагодарам на Вејн Грифитс, кој се покажа како најдобриот водител за кој можеме да сонуваме!“

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »