
Т.А. ДАРМА ТРАВЕЛ ДООЕЛ Скопје е туристичка агенција со седиште во Скопје, на ул. Методија Шаторов Шарло, бр. 5а, специјализирана за организирање туристички аранжмани, индивидуални и групни патувања, продажба на авионски билети, хотелски резервации и други туристички услуги. Нашата цел е на секој клиент да му понудиме сигурна, квалитетна и професионална услуга, со внимание на неговите потреби и желби.
Во моментов бараме мотивирана и комуникативна личност за позицијата: Агент за презентација, продажба и реализација на туристички аранжмани.
Работни задачи и одговорности:
- Комуникација со клиенти во агенцијата, телефонски и онлајн.
- Советување на клиентите при избор на туристички аранжмани и дестинации и подготовка на индивидуални понуди според барањата на клиентите.
- Продажба и резервација на туристички аранжмани, авионски билети, хотелско сместување и патничко осигурување.
- Комуникација со домашни и странски туристички партнери.
- Следење и навремено ажурирање на резервациите.
- Подготовка и евиденција на потребната документација.
- Обезбедување професионална поддршка пред, за време и по завршувањето на патувањето.
Потребни квалификации:
- Одлични комуникациски и продажни вештини, со професионален пристап кон клиентите.
- Организираност и внимание на детали.
- Способност за самостојно и тимско работење.
- Одговорност, доверливост и проактивност.
- Способност за работа со повеќе задачи истовремено.
- Иницијативност и желба за професионален развој и долгорочен професионален ангажман.
- Минимум средно образование (предност ќе имаат кандидати со високо образование)
- Солидно познавање на англиски јазик
- Добро познавање на Microsoft Office (Word, Excel, Outlook).
- Претходно искуство во туристичка агенција ќе се смета за предност.
- Познавање на системи за туристички резервации ќе се смета за предност.
Нудиме:
- Редовен работен однос со полно работно време.
- Работа во професионална и пријатна работна средина.
- Почетна обука и поддршка при воведување во работните процеси.
- Работа со разновидни туристички услуги и домашни и странски деловни партнери.
- Редовни месечни примања.
- Конкурентна плата со можност за професионален развој и напредување.
- Попусти за туристички аранжмани за вработените.
Доколку сакате работа со која секојдневно ќе креирате незаборавни патувања и ќе бидете дел од современа туристичка агенција, Ве охрабруваме да аплицирате на: [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »