Промовирани огласи »

Google официјално објави дека својот Pixel Fall Launch ќе го одржи во вторник, 19 октомври. Компанијата во текот на настанот ќе ги претстави Pixel 6 и Pixel 6 Pro телефоните.

Ова е веројатно првиот настан што се фокусира само на само Pixel уредите, што е различно од претходните настани на компанијата, кога со Pixel уредите вообичаено беа претставувани и други производи на Google.

Можно е дека во текот на настанот ќе го дознаеме и официјалниот датум на објава на Android 12 за Pixel смартфоните. Google засега го објави само Android 12 како AOSP и најави дека во текот на следните недели ќе пристигне на Pixel и другите уреди.

Pixel 6 телефоните ќе бидат првите што ќе го имплементираат Tensor чипот на Google, како и модерен дизајн и нови камери со Samsung сензори. Ова ќе бидат и првите смартфони кои пристигнуваат со Android 12.

Тагови: Google

Промовирани огласи »

Веќе во четврток можно е да се пушти парното греење

Одлуката ќе се донесе врз основа на прогнозата од УХМР

Во четврток скопјани можно е да имаат топли радијатори во своите домови и работни простории, доколку просечната надворешна температура е еднаква или помала од 12 степени Целзиусови. Дали тоа ќе се случи ќе одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) врз основа на прогнозата за средна дневна температура од Управата за Хидрометеролошки работи.

Штом се добие такво известување од УХМР за наредниот ден, системот се подготвува, топланите почнуваат со работа и се дистрибуира парното до потрошувачите. Доколку пак, тоа не се случи, скопјани ќе почекаат некое друго топло утро.

Имајќи предвид дека доколку се случи пад на температурите, грејната сезона може да започне порано од 15 октомври, соработката од страна на потрошувачите и заедниците на сопственици за ставање во функција на сите објекти дополнително ќе придонесе за да се обезбеди навремена и квалитетна испорака на топлинската енергија – потенцираат од „Снабдување со топлина – Балкан Енерџи„.

Оттаму велат дека во моментов во 152 колективни станбени објекти, кои се приклучени на системот за централно греење, сè уште не се отстранети пречките кои се во надлежност на потрошувачите и заедниците на станари за да може грејната сезона да започне навремено и испораката на топлинска енергија да се одвива непречено.

Во околу 50 објекти не е обезбедено напојување на топлинската станица со електрична енергија, во 12 не е обезбеден пристап на службените лица до топлинската станица, а во 90 не се отстранети дефектите во внатрешната грејна инсталација или истото не е пријавено во Центар за грижа за потрошувачи на „Снабдување со топлина – Балкан Енерџи“.

Нагласуваат дека постојано контактираат со потрошувачите и Заедниците на станари за отстранување на пречките, со цел грејната сезона да стартува навремено и испораката на топлинска енергија да се одвива непречено.

Затоа во изминатиот период над 1.100 потрошувачи се телефонски контактирани и испратени се повеќе од 400 писмени ивестувања до потрошувачите и до Заедниците на станари. Ги повикуваме потрошувачите да ги отстранат дефектите во внатрешната инсталација и истото веднаш да го пријават кај нас, а заедниците на станари или управителите на зградите да овозможат непречен пристап на службените лица до топлинската станица, како и да обезбедат постојано напојување на топлинската станица со електрична енергија (платени сметки за електрична енергија за топлинската станица и функционална електрична инсталација) – појаснуваат од компанијата.

Тагови: парно греење Управа за хидрометеоролошки работи (УХМР)

Промовирани огласи »

Возачот на Honda Марк Маркез конечно дојде до неговата втора победа во MotoGP шампионатот, додека Фабио Квартараро го зајакна своето водство во генерален пласман.

Откако ја заврши својата низа на победи шест победи на Американската патека после падот во 2019 година, Марк Маркез се врати победнички оваа година со доминација во секој круг до крајот на трката.

Маркез од третата позиција дојде во водство уште пред првиот свиок веднаш после стартот, со Квартараро и Бањаја позади себе. Од круг во круг Маркез го зголемуваше своето водство и едноставно не дозволи да биде загрозен.

Квартараро дојде до комфорна втора позиција и воедно го зголеми своето водство во генерален пласман, а веќе на следната рунда на Мизано има шанси да дојде до титулата оваа година.

На третата позиција заврши Франческо Бањаја пред Алекс Ринс Хорхе Мартин, Енеа Бастианини, Џек Милер, Жоан Мир, Бред Бинер и Пол Еспергаро кој ги заокружи топ 10-те.

Во генерален пласман води Квартараро со 254 поени, пред Бањаја со 202 и Мир со 175 поени.

Промовирани огласи »

Заев: Секој средношколец или студент што веднаш ќе тргне на работа ќе добие стимулации од државата

Според премиерот, тоа ќе биде младешка сила што ќе ја раздвижи економијата напред

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање, најави дека секој средношколец кога ќе матурира, или студент кога ќе дипломира, да добие државни стимулации доколку веднаш тргне на работа.

Младите тргнуваат на работа на 30 години, односно пред да стапат во брак. Секој што веднаш ќе тргне на работа на 18 години по средното училиште, или на 22-23 години по факултетот, ќе добие платени придонеси од државата и други стимуланси само да ги натераме да тргнат на работа, рече Заев.

Премиерот додаде дека ќе биде помагано и практиканството, а целта е невработеноста кај младите да се намали на ниво од 17 отсто. Придонесите ќе бидат платени од државата во првите години од вработувањето, а за останатото само рече дека ќе бидат „награди“.

Заев додаде дека енергијата на младоста ќе биде дополнителен стимуланс и ќе ја придвижи економијата.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »