Промовирани огласи »

Sony креираше своевиден хибрид помеѓу звучници и слушалки. Моделот SRS-NS7 на компанијата претставуваат преносни звучници, кои можат да се постават околу вратот на корисникот.

Според компанијата, уредот може да им понуди на корисниците „извонредно домашно кино искуство“, без потреба од поголем систем звучници за сараунд звук.

Sony SRS-NS7 звучниците нудат поддршка за Dolby Atmos, но на корисниците ќе им биде потребен Sony Bravia XR телевизор и WLA-NS7 безжичен предавател. Потоа, можно е да се користи 360 Spatial Sound Personalizer придружната апликација, кој креира фотографија од увото на корисникот и се обидува да го оптимизира најдобриот звук врз основа на неа.

SRS-NS7 ќе работат и со други уреди кои не се телевизори. Sony истакнува дека звучниците можат да се спарат со телефонот и да се ужива во 360 Reality Audio од стриминг услугите како Deezer и Tidal. Можно е и поврзување со компјутери и таблет уреди.

Кога станува збор за цената, Sony SRS-NS7 звучниците чинат 300 долари, додека WLA-NS7 трансмитерот чини 60 долари.

Промовирани огласи »

Немавме премногу информации за претстојниот Honor X20 Max телефон. Претходните гласини споменуваа дека уредот ќе го покренува Mediatek Dimensity 1100 чип, со 6000mAh батерија и 7,2-инчен дисплеј.

Сепак, изгледа дека на остататокот од спецификациите на смартфонот нема да мораме да чекаме уште долго, бидејќи Honor X20 Max ќе биде официјално објавен во текот на месецот.

Извештајот на Weibo страниците сугерира дека заедно со X20 Max ќе пристигне и Watch GS3 паметниот часовник.

Судејќи според се, Honor се подготвува за Chinese Singles’ Day (познат и како iDouble 11), кој е неофицијален шопинг празник и се одржува на 11. ноември.

Промовирани огласи »

Компанијата Lenovo се подготвува да ја претстави рачната конзола Legion Play која го користи оперативниот систем Android.

Legion Play ќе биде ривал на рачната конзола Steam Deck како и на Nintendo Switch. Компанијата Lenovo требаше да го претстави својот модел за време на Mobile Word Congress, но тоа не се случи.

Уредот е опишан како Android cloud gaming конзола која им овозможува на гејмерите да играат видеоигри на мобилните уреди и да прават стрим на своите PC игри, а сето тоа во еден уред.

Legion Play има 7-инчен FHD екран со HDR 10 поддршка и формат 16:9. Има два звучника, а го напојува батерија од 7.000 mAh.

Конзолата користи модифицирана верзија на Android, a поддржува и Nvidia GeForce Now платформа.

Наскоро ќе дознаеме кои стриминг сервиси ќе ги поддржува конзолата, како и остатокот од спецификациите.

Тагови: Lenovo

Промовирани огласи »

Google официјално објави дека својот Pixel Fall Launch ќе го одржи во вторник, 19 октомври. Компанијата во текот на настанот ќе ги претстави Pixel 6 и Pixel 6 Pro телефоните.

Ова е веројатно првиот настан што се фокусира само на само Pixel уредите, што е различно од претходните настани на компанијата, кога со Pixel уредите вообичаено беа претставувани и други производи на Google.

Можно е дека во текот на настанот ќе го дознаеме и официјалниот датум на објава на Android 12 за Pixel смартфоните. Google засега го објави само Android 12 како AOSP и најави дека во текот на следните недели ќе пристигне на Pixel и другите уреди.

Pixel 6 телефоните ќе бидат првите што ќе го имплементираат Tensor чипот на Google, како и модерен дизајн и нови камери со Samsung сензори. Ова ќе бидат и првите смартфони кои пристигнуваат со Android 12.

Тагови: Google

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »