
За компанијата:
Најголемиот принт центар во Македонија, Polyesterday, со брзо темпо го продолжува својот раст. Тимот од стручни, посветени и способни кадри се клуч на нашето успешно работење и достигнување.
повеќе за компанијата »Ние сме Polyesterday, најкомплетниот принт центар во регионот. Во потрага сме по Помошник за печатење на офсет машина кој ќе се приклучи на нашиот тим. Работата вклучува поддршка на операторот на машината и активно учество во целиот процес на печатење.
Како ќе изгледа твојот работен ден:
- Подготовка на материјали за печатење (хартија, бои, плочи).
- Асистирање при поставување и прилагодување на офсет машината.
- Следење на квалитетот на отпечатените производи.
- Одржување на работната средина чиста и безбедна.
- Поддршка на тимот при секојдневните задачи.
Што очекуваме од тебе:
- Средно образование (графичка или техничка насока е предност).
- Подготвеност за работа во динамична средина и во смени.
- Одговорност, прецизност и способност за тимска работа.
- Работно искуство во печатница е предност, но не е задолжително – обезбедуваме обука.
Што ти нудиме ние:
- Работа во стабилна компанија со долгогодишно искуство.
- Обука и можност за професионален развој.
- Пријатна работна атмосфера и тимска поддршка.
- Колективно осигурување во случај на незгода,
- Работна униформа согласно работното место.
- Безбедни услови за работа според највисоки стандарди.
- Обезбеден превоз до работното место.
- Навремена исплата на плата, додатоци на плата – минат труд и К-15.
Заинтересираните кандидати можат да достават кратка биографија (CV) на email адресата: [најави се за да го видиш е-маилот] со наслов: “за работна позиција - Помошник оператор на офсетна машина за печатење ”.
Веб сајт:
www.print.mk
www.polyesterday.com.mk
Слични огласи »