Пивара Скопје АД лого

Водител на смена во производство (м/ж)

За компанијата:

Пивара Скопје АД е една од најстарите и најпрепознатливи компании во Македонија, со традиција што трае повеќе од 100 години. Основана во 1924 година, денес Пивара Скопје е водечки производител на пиво,... повеќе за компанијата »

Водител на смена во производство м/ж

КОИ СМЕ НИЕ

Ние сме Пивара Скопје, неприкосновен лидер на пазарот за производство и продажба на безалкохолни пијалаци, пиво и премиум алкохолни пијалаци. Постојано растеме и сме посветени на одржливиот развој како една од нашите главни заложби. Ние сме продажно-ориентирана компанија која континуирано воведува иновации во секојдневното работење и постојано ја проширува палетата на производи, одржувајќи највисоко ниво на квалитет и богатство од вкусови, со цел да бидеме 24/7 партнер за пијалаци.

Тука сме повеќе од 100 години и го поврзуваме нашето културно-историско богатство заедно со моќта на двете глобални групации на кои припаѓаме - Coca-Cola HBC и HEINEKEN. Постојано откриваме нови начини на испорака на најдобра услуга на нашите купувачи и уникатно искуство на нашите потрошувачи. И ќе продолжиме да го правиме тоа на начин што ќе ги инспирира нашите луѓе да победуваат како еден заедно со нашите купувачи.

Повеќе од 100 години градиме силни партнерства со нашите купувачи, потрошувачи и заедницата. Заедно создаваме, заедно растеме и заедно им се радуваме на сите досегашни успеси и на оние што допрва ќе дојдат, затоа што ние сме партнери засекогаш!

ШТО НУДИМЕ?

  • Целосно дигитализиран процес на работа базиран на современи алатки и технологии
  • Фит кит – бесплатна месечна членарина која овозможува пристап до повеќе од 300 спортски активности
  • Исплата на годишен бонус согласно корпоративните, локалните и индивидуалните остварувања
  • Годишно зголемување на плата врз основа на индивидуални перформанси
  • Бесплатни компаниски производи за роденден и празници
  • 24/7 осигурување од незгода
  • Можности за обуки и развој поддржани од две интернационални корпорации
  • ТВОИТЕ РАБОТНИ ЗАДАЧИ:
  • Раководење со производствениот процес во смена и обезбедување навремена реализација на производниот план
  • Координација и управување со тим од производни оператори
  • Следење на продуктивноста, ефикасноста и искористеноста на производните линии
  • Контрола на процесите на производните линии, сирупната станица и третманот на вода
  • Обезбедување високо ниво на квалитет на производите и пакувањето
  • Следење и оптимизирање на потрошувачката на суровини, амбалажа, енергија и вода
  • Грижа за имплементација на стандардите за безбедност и здравје при работа, заштита на животната средина и GMP
  • Подготовка на распоред, sледење на присуство и годишни одмори за вработените
  • Идентификување потреби за обука и развој на членовите на тимот
  • Учество во активности за континуирано подобрување и Lean иницијативи
  • Подготовка на извештаи за перформансите на смената и клучните производствени индикатори
  • Соработка со останатите сектори со цел постигнување на заедничките деловни цели

ШТО БАРАМЕ:

  • Универзитетска диплома од областа на техничките науки
  • Минимум 3 години работно искуство во производство
  • Претходно искуство во раководење со тим
  • Одлични организациски и лидерски способности
  • Силни аналитички и комуникациски вештини
  • Напредно познавање на MS Office алатки (Word, Excel, PowerPoint)
  • Вледеење на деловен англиски јазик
  • Познавање на GMP, HACCP, ISO стандарди и системи за безбедност и здравје при работа ќе се смета за предност
  • Тимски дух, проактивност и ориентираност кон резултати

Доколку се пронаоѓаш во описот и си подготвен/а за нови предизвици и можности за развој, аплицирај до 10.07.2026.

Неделното работно време за позицијата е организирано во 3 смени согласно потребите на производниот процес. Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати. Со праќање на вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »