
За компанијата:
Новомак, од скромните почетоци во 2006 година, со напорна работа и истрајност, постојано го зголемува обемот на своите деловни активности, паралелно со зголемување на деловните капацитети, како и бројот... повеќе за компанијата »
Новомак е специјализирана компанија со седиште во Скопје, водечки дистрибутер и ексклузивен застапник на репроматеријали за изработка на мебел од бројни реномирани европски брендови. На македонскиот пазар целиме кон достигнување на врвната позиција во однос на квалитет и препознатливост. Развиваме организација со разбирање за тековните трендови и социјални аспекти, во кои што ги интегрираме предностите стекнати со долгогодишната традиција. Градиме кооперативна култура и усовршување на вработените, кои се нашата движечка сила. Доколку сакаш да бидеш дел од нашата визија и мисија, те повикуваме да аплицираш за следната позиција:
ОПЕРАТОР ЗА СОСТАВУВАЊЕ НА АЛУМИНИУМСКИ РАМКИ
Локација: Ѓорче Петров, Скопје
Работни задачи:
- Сечење, обработка и составување на алуминиумски профили
- Работа според технички цртежи, мерки и работни налози
- Контрола на димензиите и квалитетот на готовите рамки
- Правилно користење и одржување на алатите и машините
- Почитување на работни процедури и стандарди за квалитет
- Одржување на чисто и безбедно работно место
Потребни квалификации:
- Претходно работно искуство во производство, монтажа или обработка на алуминиум ќе се смета за предност
- Способност за работа со рачен и електричен алат
- Прецизност, одговорност и посветеност
- Способност за индивидуална и тимска работа
- Подготвеност за работа во производствен погон
Нудиме:
- Работа во стабилна и растечка компанија со современа организација
- Можност за професионален и личен развој
- Мотивирачки услови за работа, стабилна плата и тимска средина
📧 Аплицирајте со ваша биографија на: [најави се за да го видиш е-маилот]
🕒 Рок за аплицирање: 30.07.2026
Слични огласи »