Премиерот Зоран Заев, заедно со министерот за правда Бојан Маричиќ и претседателот на Основниот суд во Кавадарци, Лазар Нанев, денеска одржаа заедничка прес-конференција на која ги претставија резултатите од процесот на системска дигитализација на судството.
Во оваа пригода премиерот Заев истакна дека дигитализацијата е меѓу врвните приоритети со кои се затвораат одделни теми од владината „Акција 21“ и „Европа дома“ и порача дека овој процес треба да биде приоритет за сите министри, директори, градоначалници, како и за сите одговорни луѓе во правосудството и другите општествени дејности кои вршат сервиси за граѓаните.

Тој подвлече дека дигитализацијата на судството е само почеток на процесот на осовременување на услугите кон граѓаните по што ќе следува вградување на современа информатичка технологија во сите 34 судови во земјава со што ќе се обезбеди и судење на далечина, но и ќе се овозможува видеозапис од судењата.
За успешноста на овој процес сакам јавно да се заблагодарам на Врховниот суд и Министерството за информатичко општество, а ќе ја продолжиме соработката и со нашите стратешки партнери Соединетите Американски Држави кои дадоа голема поддршка за процесот за дигитализација на судниците ширум земјата но и со ОБСЕ и Норвешката влада, подвлече министерот за правда Маричиќ.
Судијата Нанев, како претседател на работната група за дигитализација на судството, истакна дека дигиталните услуги за издавање на уверенија се однесуваат на физички и на правни лица и ги опфаќаат сите основни судови кои постапуваат по кривични и прекршочни предмети.
Услугата овозможува електронско поднесување на барањето, електронско плаќање преку платежна картичка и електронско добивање на уверението во ПДФ формат со бар код – сертификат што подразбира поврзување на документот со електронски потпис и електронски печат на судот издавач на документот со кој се потврдува веродостојноста на документот. Користењето на дигиталната услуга е едноставно, брзо и лесно. Корисникот преку националниот портал за услуги https://uslugi.gov.mk/ се најавува со корисничко име креирано за добивање и користење на услугите на УЈП, појасни Нанев.