Промовирани огласи »

Германскиот производител на луксузни автомобили Mercedes-Benz потврди дека поради кризата со чипови, не може да ги достави сите возила со комплетна техничка опрема. Во такви случаи, клиентите можат да ги добијат нарачаните автомобили со намалена опрема по пониска цена, изјавила портпаролката на Мерцедес-Бенц.

Доколку купувачот не се согласи со изменетата понуда, може да се повлече од купопродажниот договор, се додава во соопштението. Mercedes-Benz на тој начин го демантираше написот во локалниот дневен весник Stuttgarter Nachrichten според кој нарачката не може да се откаже.

Кој ќе преземе автомобил со намалена опрема, не може да очекува негова последователна надградба, бидејќи тоа не е секогаш возможно од технички причини, објави одделот за продажба на компанијата. Не се наведува колку автомобили биле нарачани и кои модели ќе излезат од монтажната линија со намалена опрема поради кризата со чипови.

Клиентите исто така можат да чекаат за испорака на нивните возила додека не биде достапна саканата опрема.

Современите автомобили содржат многу електроника, така што производителите на автомобили во моментов се принудени да произведуваат недовршени возила, да ги паркираат и да ги завршат кога ќе ги набават сите електронски делови поради проблеми со снабдувањето со чипови.

Mercedes-Benz исто така привремено складира возила поради недостаток на некои полупроводнички компоненти, потврди неодамна портпаролот на компанијата. Практиката е вообичаена и кај производителите на камиони.

Незавршените камиони всушност не се испорачуваат на клиентите, изјави во вторникот извршниот директор на Daimler Truck, Мартин Даум. Камионскиот сектор има помалку „луксузни инсталации“ отколку секторот за патнички автомобили, додал Даум.

Промовирани огласи »

Важно соопштение од Пошта, еве кои сметки можете да ги плаќате кај нив

Покрај редовните комунални трошоци, ќе може да ги плаќате и следниве сметки:

Вкупно 324 активни поштенски единици на Пошта на РСМ со 470 шалтерски места им стојат на располагање на граѓаните за реализирање на сите безготовински и плаќања во готово, вклучително и за плаќање на сметки за комунални услуги. Овие услуги во единиците на Пошта се достапни преку платниот промет на Халкбанк АД Скопје.

Отсега на шалтерите на Пошта можат да се плаќаат сметки за електрична енергија од ЕВН Македонија, сметките од БЕГ за испорачана топлинска енергија, за потрошена вода преку ЈП Водовод и канализација-Скопје, како и сметки од речиси сите јавни комунални претпријатија во земјава. Дополнително, овоможено е плаќањето на сметките кон телекомуникациските оператори, како Македонски Телеком, А1, Неотел, Телекабел и сите останати регионални оператори. Услугата „Плаќање сметки“ во готово на Пошта ја има една од најконкурентните цени на пазарот во однос на цените на домашните банки и изнесува 35 денари по сметка, се вели во соопштението од поштенското претпријатие и банката. 

Промовирани огласи »

СИТЕ ГОРИВА ОДАТ НАГОРЕ ЗА ПО ЕДЕН ДЕНАР - литар бензин ќе се продава по 78,5 денари

Бензините се повеќе ќе им создаваат главоболки на граѓаните

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,23 отсто.

Во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување: кај бензинот за 2,197 отсто, кај дизелот за 2,842 отсто, кај екстра лесното масло за 2,853 отсто и кај мазутот за 0,554 проценти.

Во истиот период курсот на денарот во однос на долароте повисок за 0,164 отсто.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 денар за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,249 денар/килограм и сега ќе изнесува 43,010 ден/кг.

Од 19.10.2021 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС - 95  76,50  (денари/литар)

Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС -98  78,50  (денари/литар)

Дизел гориво  ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)  68,50  (денари/литар)

Масло за горење  Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)  68,00  (денари/литар)

Мазут М-1 НС  43,010  (денари/килограм)

Промовирани огласи »

Рекордно поскапување во Германија, растат цените и на автомобилите и велосипедите

Покрај основните производи и енергијата, скокаат цените и на столаријата

Во септември, цените во Германија пораснаа за дури 4,1 отсто во споредба со истиот месец минатата година. Ова е првпат инфлацијата, гледана на овој начин, да надмине четири проценти од 1993 година, соопшти Федералното биро за статистика, пишува Дојче веле.

Ветрот зад силната инфлација дава скокот на цените на енергијата, но тоа не е единственото нешто. Експертите го споменуваат и зголемувањето на данокот на додадена вредност (ДДВ) за некои производи, како и одложувањето на глобалната испорака на стоки и метежот што се случува во пристаништата.

Потрошувачите во Германија сепак ќе треба да ја стават раката во џебот за да ги загреат становите оваа зима.

Една четвртина од домаќинствата се греат на мазут, што ќе биде дури 76,5 проценти поскапо отколку пред една година.

Додуша, таа цена не беше нормална ниту од минатата година - во тоа време цената на барел сурова нафта беше речиси на најниско ниво на сите времиња поради пандемијата и екстремно намалената побарувачка. Од оваа календарска година, се воведе данок за емисија на јаглерод диоксид од 25 евра по тон од овој штетен гас. Тоа секако влијае на нафтата и се претвора во цена.

Греењето на гас, кое го користеа половина од домаќинствата во Германија, во септември беше поскапо за 5,7 проценти, но не е исклучено дека ќе биде уште поскапо, бидејќи цената на таа енергија на слободниот пазар продолжува да расте.

Според германскиот автомобилски клуб АДАК, цените на горивата на бензинските пумпи „флертуваат со историски рекорд“. Најновиот неделен просек објавен од алијансата во вторникот (12 -ти октомври) покажа дека дизелот чини просечно 1.526 евра за литар, а супер Е10 дури 1.647 евра за литар. На почетокот на годината, дизелот делумно чинеше помалку од едно евро. И не се гледа крај на тоа поскапување.

Тука повторно, причините се зголемувањето на цената на суровата нафта, но и давачките поради јаглерод диоксид, што ја зголемува цената на горивото за 6 до 8 центи за литар. Герхард Хилдебрант од АДАК ја повикува идната германска влада „да се откаже од играњето со идејата за уште побрзо зголемување на цената на СО2“.

Според Заводот за статистика, Германците имале и рекордни цени на храната во септември (зголемување од 4,9 проценти во споредба со септември 2020 година). Најголем раст е забележан кај зеленчукот (9,2 проценти), маслата за јадење (6,4), млечните производи и јајцата (5,5) и месото и преработените производи (4).

Автомобилите поскапеа (6,3 проценти), но не е изненадувачки што велосипедите станаа уште поскапи, поточно за 7,7 проценти.

Причината за бумот на пазарот за велосипеди е што граѓаните, од страв од инфекција или забрани, почнаа помалку да се потпираат на јавниот превоз. Од слична причина - за да избегнат колективно сместување на одмор - Германците како луди купуваат кампери, чија цена се зголеми за 8,1 проценти и чекаат со месеци.

Исто така, има зголемување на цените на градежните производи (6,1 проценти), особено паркетот и ламинатот (7,6), градежните материјали и столаријата (6,1). Бидејќи се е поврзано во глобалната економија, дури и кога звучи бизарно, причината за скокот на цената не е само зголемената градба по пандемискиот шок, туку и зголемувањето на цените на дрвото поради пожарите во Калифорнија или нападите на штетници врз шумите во Канада.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »