Промовирани огласи »

Ова се автомобили за кои „народски“ речено трошат како запалка, сакајќи да се потенцира нивната ниска потрошувачка на гориво…

Со растот на цените на горивото, потрошувачката на гориво повторно стана актуелна како една од најважните карактеристики на возилата. Откако димензииte на екранот (во дијагонала) и системите за помош имаат предност како најчести теми за автомобилите, сегашните услови на пазарот диктираат некои нови трендови. Едно од нив е секако потрошувачката на гориво, која сега има зголемено учество во буџетот на домаќинствата.

Меѓутоа, има и автомобили чии сопственици не се грижат премногу за потрошувачката, пишуваат специјализираните портали во регионот. Не мислиме на сопствениците на возила со инсталација на системи на гас, оние на поскапите хибриди или дури и поскапите електрични автомобили, туку на сопствениците на некои многу економични автомобили.

На пример, во раните 1990 -ти години такви автомобили беа Daihatsu Charade, Suzuki Swift и Citroen AX (потоа Saxo), кои дури тогаш трошеа помалку од 5 l / 100 km. И тоа била драстична разлика во однос на највообичаените возила Zastava и Yugo, кои беа двојно повеќе жедни со класичните карбуратори, без разлика колку лесна нога имале нивните сопственици врз педалот за гас.

Денес, некои други автомобили ја преземаа таа улога, а нивната потрошувачка, и покрај технолошкиот напредок, не се намали значително. Поголеми и потешки, овие автомобили останаа на нивото на поранешните штедачи, што значи дека тие се вртат околу 5 л / 100 км.

Промовирани огласи »

Германскиот производител на луксузни автомобили Mercedes-Benz потврди дека поради кризата со чипови, не може да ги достави сите возила со комплетна техничка опрема. Во такви случаи, клиентите можат да ги добијат нарачаните автомобили со намалена опрема по пониска цена, изјавила портпаролката на Мерцедес-Бенц.

Доколку купувачот не се согласи со изменетата понуда, може да се повлече од купопродажниот договор, се додава во соопштението. Mercedes-Benz на тој начин го демантираше написот во локалниот дневен весник Stuttgarter Nachrichten според кој нарачката не може да се откаже.

Кој ќе преземе автомобил со намалена опрема, не може да очекува негова последователна надградба, бидејќи тоа не е секогаш возможно од технички причини, објави одделот за продажба на компанијата. Не се наведува колку автомобили биле нарачани и кои модели ќе излезат од монтажната линија со намалена опрема поради кризата со чипови.

Клиентите исто така можат да чекаат за испорака на нивните возила додека не биде достапна саканата опрема.

Современите автомобили содржат многу електроника, така што производителите на автомобили во моментов се принудени да произведуваат недовршени возила, да ги паркираат и да ги завршат кога ќе ги набават сите електронски делови поради проблеми со снабдувањето со чипови.

Mercedes-Benz исто така привремено складира возила поради недостаток на некои полупроводнички компоненти, потврди неодамна портпаролот на компанијата. Практиката е вообичаена и кај производителите на камиони.

Незавршените камиони всушност не се испорачуваат на клиентите, изјави во вторникот извршниот директор на Daimler Truck, Мартин Даум. Камионскиот сектор има помалку „луксузни инсталации“ отколку секторот за патнички автомобили, додал Даум.

Промовирани огласи »

Важно соопштение од Пошта, еве кои сметки можете да ги плаќате кај нив

Покрај редовните комунални трошоци, ќе може да ги плаќате и следниве сметки:

Вкупно 324 активни поштенски единици на Пошта на РСМ со 470 шалтерски места им стојат на располагање на граѓаните за реализирање на сите безготовински и плаќања во готово, вклучително и за плаќање на сметки за комунални услуги. Овие услуги во единиците на Пошта се достапни преку платниот промет на Халкбанк АД Скопје.

Отсега на шалтерите на Пошта можат да се плаќаат сметки за електрична енергија од ЕВН Македонија, сметките од БЕГ за испорачана топлинска енергија, за потрошена вода преку ЈП Водовод и канализација-Скопје, како и сметки од речиси сите јавни комунални претпријатија во земјава. Дополнително, овоможено е плаќањето на сметките кон телекомуникациските оператори, како Македонски Телеком, А1, Неотел, Телекабел и сите останати регионални оператори. Услугата „Плаќање сметки“ во готово на Пошта ја има една од најконкурентните цени на пазарот во однос на цените на домашните банки и изнесува 35 денари по сметка, се вели во соопштението од поштенското претпријатие и банката. 

Промовирани огласи »

СИТЕ ГОРИВА ОДАТ НАГОРЕ ЗА ПО ЕДЕН ДЕНАР - литар бензин ќе се продава по 78,5 денари

Бензините се повеќе ќе им создаваат главоболки на граѓаните

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,23 отсто.

Во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување: кај бензинот за 2,197 отсто, кај дизелот за 2,842 отсто, кај екстра лесното масло за 2,853 отсто и кај мазутот за 0,554 проценти.

Во истиот период курсот на денарот во однос на долароте повисок за 0,164 отсто.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 денар за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,249 денар/килограм и сега ќе изнесува 43,010 ден/кг.

Од 19.10.2021 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС - 95  76,50  (денари/литар)

Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС -98  78,50  (денари/литар)

Дизел гориво  ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)  68,50  (денари/литар)

Масло за горење  Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)  68,00  (денари/литар)

Мазут М-1 НС  43,010  (денари/килограм)

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »