Промовирани огласи »

Некои се согласуваат со своите шефови, а некои не. Тоа не е толку важно ако никому не му смета. Потрудете се да го запознаете добро својот шеф со цел да за да постапувате онака како што тој замислува. Така тој ќе биди добар шеф, а вие ќе бидете задоволни. Овие хороскопски знаци се најдобри шефови, па погледнете далиот вашиот надреден е еден од нив.

Близнаци

Доколку вашиот шеф е роден во знакот на Близнаци, веројатно е љубезен и може да толерира грешки а вие ништо да не забележувате. Води грижа за односите помеѓу вработените, не е строг и се може да реши лесно, доколку сака. Ако не е така тогаш нема да ги обвинува останатите за своите постапки. Тој не сака да работи, но сака да се дружи па тоа му е мотивација.

Рак

Доколку имате Рак шеф, знаете дека тој трпи изговори. Го интересира што правите пред и после работи, се додека работите фокусирано. Се грижи и за вашиот приваетн живот и доколку имате некој проблем радо би ви помогнал. Ако нешто не направите на време, може да се случи тој да го направи тоа наместо вас, а додека се случува тоа не морате да се грижите дека ќе го изгубите своето работно место.

Риби

Доколку вашиот шеф е роден во знакот на Риби, можете да се опуштите. Немојте да доцните на работа, затоа што најверојатно тоа ќе го нервира, но сепак, ако касните, останете малку подолго на работа. Најдете некој заеднички интерес со него, тоа ќе ја зголеми неговата доверба во вас. Ако ви верува, ќе бидете наградени за вашиот труд.

Промовирани огласи »

Програмерите и натаму се со највисоки плати во земјава. Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август била 28.642 денари.

Највисоки нето плати од 73.805 денари во август зеле компјутерските програмери. Од друга страна со најнизок просек на плата од 16.404 денари се вработените во „заштитните и истражните дејности“. Малку повисок просек на плата од 16.442 денари е исплатена во кожарската индустрија. Во конфекциите, пaк, е исплатена просечна плата од 17.880 денари.

Kaко што објави Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2021 година, во однос на август 2020 година, изнесува 104.0. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Стручни, научни и технички дејности (14.0  отсто), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (13.4 отсто) и Други услужни дејности (12.6 отсто). Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Земјоделство, шумарство и рибарство (5.5  отсто), Уметност, забава и рекреација (3.6 отсто) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3.1 отсто).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули 2021 година, изнесува 28 540 денари.

Промовирани огласи »

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски очекува до крајот на годинава да имаат предлог за новиот закон за градење и верува оти ќе се донесе најдоброто решение за сите страни.

Бочварски во обраќањето на стручната расправа за новиот предлог-закон за градење, во организација на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, истакна дека со предлогот на законот за градење ќе се овозможи и стимулира просторниот и економски развој, ќе се стимулира инвестирањето во градењето, ќе се зајакне улогата на стручната јавност и правата на странките, но и ќе се овозможи разрешување на голем број наталожени проблеми кои постојано се јавуваат во оваа област.

Со оглед на тоа дека постојниот закон е менуван преку 30-на пати и е многу често кочница за развојот на општините и на државата, се определивме да креираме целосно нов закон за градење кој ќе има за цел да ги забрза процедурите и да го стимулира просторниот и економскиот развој на државата, рече Бочварски.

Образложи дека со новиот предлог закон се обезбедува поголема општа и оперативна ефикасност на системот за уредување и контрола на просторниот развој и градењето. Се дефинира статусот, посветеноста, поставеноста на правата и обврските на учесниците во градбата, а за првпат се уредени и сите видови акти за градење што ги регулираат сите видови градби.

Со него, како што рече, се регулира целосно процесот на градење патишта, водоводи, железници, ветерници, градски улици, канализација и се она што се гради во државава.

Без овој закон нема развој и нема одење напред, нема движење напред на државата, посочи Бочварски, додавајќи дека со ова законско решение ќе се зајакне и надзорот над градењето со тоа што општинските инспектори стануваат дел од државниот инспекторат за урбанизам и градежништво преку оформување на регионални подрачни единици.

Тој дополни дека ќе се скратат постапките за издавање на актите за градење со воведување на обединета постапка за сите видови на акти за градење. Понатаму, посочи министерот, ја зголемуваме транспарентноста, инклузивноста, партиципативноста и стручноста во процесот и на носењето на законот и потоа во делот на примената на овој закон.Министерството за транспорт и врски ја продолжува праксата на носење реформски закони со вклучување на стручната фела, на сите институции, бизнис коморите, асоцијациите и сите заинтересирани страни во оваа дејност. Во една траснпарентна постапка, можеби малку побавна, но транспарентна со вклученост на сите заинтересирани страни беше донесен и законот за урбанистичко планирање, но така на истиот начин се носи и овој закон за градење, рече Бочварски.

Промовирани огласи »

Просечната исплатена нето-плата по вработен во август годонава изнесувала 28 642 денари и е за 4% повисока од истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.

Зголемување се должи, пред сѐ, на повисоката просечната месечна исплатена нето-плата во секторите: Стручни, научни и технички дејности (14.0 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (13.4 %) и Други услужни дејности (12.6 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Земјоделство, шумарство и рибарство (5.5 %), Уметност, забава и рекреација (3.6 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3.1 %).

Просечната бруто-плата во август 2021 година, пак, изнесувала 42 776 денари. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »