Промовирани огласи »

Трет циклус саеми за вработување што го организира Агенцијата за вработување почнува од денеска и ќе трае до 15-ти следниот месец. Во овој циклус ќе бидат опфатени шест градови, а стартува и завршува во Скопје, следуваат Штип на 26 мај, Кавадарци 30 мај, Битола 6 јуни, Тетово 8 јуни и Струмица на 13 јуни.

На отворањето на саемот најавено е обраќање на министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими и на директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски.

Според Поповски, преку директен контакт со работодавачот лицето кое бара вработување може да  види што се бара, колку се бара, колку е тоа платено, односно што нудат работодавачите и какви се работните места.

Ги повика младите да ги посетат саемите и да видат што се бара за кога ќе се запишуваат во средно училиште или на факултет  да изберат образование со кое во иднина ќе имаат можност  за вработување кај некоја од компаниите.

На претходните два циклуса со по осум саеми за вработување  над 79.000 посетители оставиле 21.190 биографии пред учествувале 734 работодавачи. Тие контакти резултирале со најмалку 2.500 вработувања.  

Според него со саемите се сака да се направи промоција на работните места  кои имаат иднина во смисла на брзо вработување по завршување на образованието.

Промовирани огласи »

Дали се сеќавате на работењето пред појавата на имејлот? Пред да ги поминувавме толку многу време гледајќи во екраните на компјутерите и пред да започнеме да купуваме онлајн?

Како експеримент, само пробајте еден ден да работите на вашето работно место без компјутер? Дали ќе можете да ги завршите вашите обврски? Дали ќе имате за што да размислувате? Нема да можете да комуницирате, информациите ќе се пренесуваат споро и ќе се чувствувате бескорисен


Денес компјутерот е најважниот дел од канцеларијата. Својата доминанта улога ја добил и тотално ги заменил канцериските хартиени папки, корпата за отпадоци, па дури и вашиот личен потпис кој денес може да биде електронски - и сето ова се чини се случи толку многу брзо.

Во 1975 година, се појавила колумна под наслов ,,Канцеларијата на иднината". Во неa, Џорџ Е Паке, раководител на едно истражување, предвидува "револуција во текот на следните 20 години".
Што ќе се случи со хартијата во нашите канцеларии? - било главното прашање на колумната и во истата истражувачот објаснува како преку својот компјутер ќе добива пораки, ќе може сите документи да ги има на екранот и со притискање на едно копче ќе може да пребарува и дека целиот свет ќе се промени целосно откога канцелариите ќе започнат со глобално применување на компјутерите низ свето.

Компјутерот ќе го промени секојдневниот живот, и тоа би можело да биде страшно- Вели тој кон крајот на истражувањето

Сепак, на почетокот имало многу скептици, па до пред некоја година некои луѓе сеуште ги принтаа своите мејлови за да зачуваат хартиена копија од иститие. некои дури и се шегуваа во почетокот на овој милениум - канцеларијата ќе може да биде без хартија колку што може еден тоалет да функсионира без хартија.

Сепак,човекот кој стои зад тоа беше Џон Симонс, математичар од Кембриџ кој сонуваше машина која ќе го замени човекот во многу сфери, чудовиштето кое тој го изгради беше наречено  LEO - Lyons Electronic Office и во тоа време дури и нејзиниот пронаоѓач беше во сомнеж како ќе се вклопи во тогашниот бизнис свет.

Во 1960 година, силни супер-компјутери, кој тогаш биле увоз од САД, пристигнаа во британскате канцеларии. Но, визијата на Симонс да ги ослободи службениците од досадните монотони обврски не беше целосно достигната.

Овие компјутери работеле на ниво на броеви. Но, за просечниот канцелариски работник вистинска револуција дојде со доаѓањето на процесори со кои започнаа да се користат зборови или подоцна цел реченици.

Овој концепт бил измислен од страна на германскиот научник  Улрих Штејнхилпер во 1950 година. Сепак неговата идеја била отфрлена, но не за долго - во седумдесетите години за првпат започнале зборовните конструкции и се станало полесно.

Во 1977 година, Apple го лансираше Apple II. Четири години подоцна IBM го измислија персоналниот компјутер или денес познат под името PC.



Првите зборовни процесори кои се користеле во Financial TImes во доцните 80-ти биле машини со леплива тастатура и темно зелени екрани и зелени букви кои на крајот на денот причинувале главоболка.

Во доцните 1980ти и 1990- ти сите службеници се учеа како да ги користат компјутерите и навистина многу се вложуваше во обуки на вработените во оваа област.

За среќа, работите се променија многу. Денес, компјутерите ги користиме на многу едноставен начин и нашите мозоци од најмала возраст лесно се навикнуваат на софтверите без никаков проблем.

До каде ќе оди иновативноста на компјутерските научници и како ќе изгледаат нашите канцеларии за неколку години, останува да видиме и да се прилагодуваме на се поинтересните софтвери кои се се полесни за користење и ни ги скратуваат нашите секојдневни обврски.

Промовирани огласи »

Дубаи планира да вложи 1,7 милијарда долари во проектот за пополнување на два вештачки острова од двете страни на луксузниот хотел „Бурј Ал Араб“. Новиот мегапроект е наречен „Марса Ал Араб“  и подразбира градење одморалиште, кое би требало да го зголеми бројот на посетителите на Обединетите Арапски Емирати на 20 милиони годишно.

Тоа е дел од подготовките за светската изложба World Expo, која во 2020 година ќе се одржи во Дубаи. Изградбата на двата нови острова би требало да почне во јуни оваа година, а завршувањето се планира кон крајот на 2020 година.

„Марса Ал Араб“ ќе се простира на површина од околу 370.000 метри квадратни и на досегашниот брег ќе бидат додадени 2,2 километри плажа. Еден остров ќе биде посветен на забава и семеен туризам, додека другиот остров ќе биде место за луксузно одморалиште.

Новиот амбициозен проект ќе опфаќа и приватно пристаниште, јахт клуб, рекреативни атракции, ресторани и кафулиња, хелиодром, хотел, огромни продажни простори и 300 апартамани со поглед на море.

Станбениот остров ќе биде лоциран лево од познатиот вештачки остров Бурј Ал Араб Џумеирах и ќе понуди 140 луксузни вили.

Промовирани огласи »

Во Македонија се регистрирани 1.440.000 корисници на интернет или 68,5 проценти од населението, а милион се приклучени на социјалната мрежа Фејсбук, покажуваат податоците на специјализираниот статистички веб сајт „Интернет ворлд стат“.

Од земјите во регионот повеќе од Македонците интернет користат во Словенија  (72,8 проценти) и во Хрватска (75 проценти). Зад Македонија се рангирани БиХ (68,1 процент), Србија (66,6 проценти), Грција (63,2 проценти), Црна Гора (60,2 проценти), Албанија (60), Бугарија (56,7).

Во Европа интернет користат 637 милиони луѓе, а Фејсбук 328 милиони. Глобалната он лајн мрежа најмногу се користат во Исланд, односно 100 проценти од жителите, по што следат Норвешка, Холандија и Шведска со 96 проценти. Најмалку интернет корисници има во Украина 43,4 проценти.

Според Интернет ворлд стат, во светот има 3,67 милијарди интернет корисници или 50,1  процент од вкупната светска популација, а 1,68 милијарди луже користат Фејсбук.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »