Шведска ги огласи сите свои села на интернет платформата за барање сместување „Airbnb“, рекламирајќи се како земја во која секој може да дојде да пешачи, кампува, планинари и собира бобести плодови-целосно бесплатно.
Шведска, Данска, Финска и останатите нордиски земји имаат правило под името „allemansrätten“, односно „право на секој човек“, кое подразбира секој да може да дојде и целосно слободно и бесплатно да лута по природните и селски предели на земјата, независно од тоа дали се работи за земја во јавна или приватна сопственост.
„Можете да берете плодови и да шетате било каде, се додека не им приоѓате близу на куќите на мештаните и не ги вознемирувате животните во полето кое мирно пасат“, вели Џени Кајзер од агенцијата „Visit Sweden“.
Шведска не морала да го плати ова огласување а Кајзер смета дека овој оглас ќе привлече многу корисници на „Airbnb“.