Промовирани огласи »

 Речиси 200 вработени во болница во американската сојузна држава Масачусетс се отпуштени поради тоа што во одредениот рок не се вакцинирале против коронавирусот, јави агенцијата Анадолија.

Станува збор за вработените на болницата „ЈуМас Меморијал хелт" во Бостон, која на персоналот му дала рок до 1 ноември целосно да се вакцинира против Ковид-19.

Раководството на болницата соопшти дека чекало уште еден месец и оти на крајот ги раскинало договорите со персоналот кој не е вакциниран.

Вакцинирани се 98 проценти од персоналот на болницата, а со тие 2 проценти кои пружија отпор ја раскинавме соработката, се наведува во соопштението.

Се наведува дека приоритет на болницата е заштитата на персоналот и пациентите и оти отпуштањето на невакцинираните работници е единствената опција.

Во таа бостонска болница работат околу 15.000 луѓе.

Промовирани огласи »

Генералниот директор на државните електрани, Васко Ковачевски, вели дека наместо задолжителните минимални 60 отсто, АД ЕСМ одлучиле да испорачуваат 100 отсто енергија кон Евн Хоум. Тој вели дека компанијата ги направила сите подготовки, доставила табела со цени до Владата, а таа треба на седница да донесе одлука за препорачана цена за количините на енергија кои ЕСМ ќе ги испорачува до ЕВН ХОУМ за малите потрошувачи и домаќинствата.

Ние донесовме одлука да испорачуваме 100 проценти енергија во 2022 кон ЕВН ХОУМ и тоа значи дека оваа компанија нема да набавува дополнителни количества енергија кои на берзата се со повисоки цени. Така нашата компанија и натаму ќе остане стабилизатор на цената за домаќинствата и малите потрошувачи. Очекуваме во наредните денови Владата да донесе таква одлука, да препорача цена и веќе до 9 декември, до кога е отворениот повик на ЕВН ХОУМ да доставиме официјална понуда и да почнеме подготовки за реализација на планот за 2022 година, изјави Васко Ковачевски, генерален директор на АД ЕСМ.

Тој истакна и дека за оваа грејна сезона ги прават сите напори сите нивни капацитети да ги стават во функција. ТЕЦ Неготино ќе почне со работа до крајот на декември и ќе работи до април. Во функција ќе биде ставен и трансформаторот на третиот блок, чија санација оди побрзо наместо предвидените шест месеци.

Во РЕК Битола наскоро, до крајот на месецов, во функција ќе биде ставен трансформаторот што беше опожарен, а потоа ќе продолжиме со работа на трите блокови на РЕК Битола. Во изминатите неколку денови е ставен во функција и нашиот капацитет РЕК Осломеј, работи со максимален капацитет и тоа значи сите наши капацитети ќе бидат ставени во функција и ќе произведуваат електрична енергија, рече Ковачевски. 

Инаку, ЕСМ очекува Владата да донесе одлука со препорачана цена на електричната енергија и веќе во четврток, кога и истекува рокот на ЕВН Хоме, да достават понуда. Владата на затворена седница ќе го разгледува финансискиот и планот за производство на државните електрани за 2022 година.

Како што е познато, на средбата на премиерот Зоран Заев со лидерот на Алтернатива Африм Гаши, еден од условите беше да не се зголеми цената на струјата за повеќе од 20 отсто.  

Промовирани огласи »

Тој во вечерашното гостување на Телма телевизија информираше дека одлуката за замрзнување на цените која што беше донесена на последната седница на Владата веќе е објавена во Службен весник и стапи на сила.

Од утре, како што рече, инспекторите на Државниот пазарен инспекторат ќе почнат да прават контроли за цените во маркетите.

Чекаме во текот на оваа недела дополнителни информации од страна на Државниот завод за статистика и за други производи, во делот на зголемувањето за месец ноември. Ако покажат податоците, а граѓаните го чувствуваат тоа, ќе ја прошириме листата. Со тоа најверојатно ќе бидат опфатени и јајцата, оризот, но и макароните и тестенините. Одлуката ќе биде донесена најдоцна на следната седница на Владата. Ако ги имаме податоците во среда и четврток, Владата може да свика седница и пред тоа, посочи министерот Бектеши.

На прашањето дали Владата ќе им помогне финансиски на компаниите кои произедуваат прехранбени производи и кои се опфатени со одлуката за замрзнување на основните прејхранбени производи, министерот потенцираше дека Владата во изминатите неколку години даде значителна финансиска поддршка за бизнисот.

Во последните три/четири години стопанството е најмногу поддржано. Во последните години се одвојуваат по 15 милиони евра годишно и досега над 500 компании добиле финансиска поддршка за отварање на нови работни места, за воведување на нови производи, за нови производствени погони, додаде Бектеши.

Тој потенцираше дека до крајот на годината Владата треба да го усвои Царинскиот тарифник каде што најголем дел од цатинските тарифи се намалуваат на 0 проценти, или ќе бидат на исто ниво како на Европската унија, што значи помали трошоци за компаниите.

Министерот додаде дека во исто време расте и минималната плата, која од 9.000 денари во 2017 година, сега е над 15.000 денари.

Минималната плата ќе се зголеми на 18.000 денари, после Нова година. Платите не стојат. Во 2016 година просечната беше 22.000-23.000 денари, а сега е 28.820 денари и ќе се зголемува во континуитет. Зголемување на платите имаме и во образованието, здравството, приватниот сектор. Само мининалната плата е зголемена за 100 отсто за четири години, колку што не е направено со години наназад, рече Бектеши.

Во однос на цената на струјата, министерот Бектеши појасни дека не се очекуваат ценовни шокови.

Тој напомена дека ДДВ на струја нема да се зголеми, а во функција се ставени сите капацитети за производство на електрична енергија во државата.

РЕК Битола работи со два блока, ТЕЦ Осломеј е ставен целосно во функција, се подобруваат акомулациите, за десетина дена ќе биде во функција ТЕЦ Неготино, денеска е веќе набавен мазут, засилено се градат фотонапонски централи и од страна на државата и од страна на приватни инвеститори, додаде министерот Бектеши.

Промовирани огласи »

Препораките говорат да не се позајмуваат пари на пријатели и роднини, ако не сакате да ги одредувате условите за враќање и ако Ви е непријатно да ги побарате назад, за да не ги расипете блиските односи, смета психотерапевтката Ана Стори.

Доколку, сепак, треба да дадете заем, таа советува да подготвите писмен договор во кој ќе се наведе износот и условите за отплата на заемот. Доколку не го направите ова однапред, бидете подготвени да не Ви се вратат парите, предупредува психологот. „Од друга страна, не би требало да има проблем со отплатата доколку сте сигурни дека вашиот близок е свесен за својата одговорност и се однесува како возрасен“, додава таа.

Ако Вашиот пријател е навреден од тие услови – очекувајте дека парите или нема да бидат вратени, или ќе бидат, но не наскоро.

Личноста во овој случај ќе продолжи да се однесува незрело и ќе се обиде да направи – Вие да се чувствувате виновни. Во овој случај вие одлучувате дали ќе дадете пари или не, со тоа што ако дадете, „ќе ги дарувате“, и не ги позајмувате!, објаснува Ана Стори.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »