Промовирани огласи »

Владата ќе набави 10.000 дози вакцини Фајзер за деца од 5 до 12 години. 

На денешната 127-ма седница е донесена одлука за набавка на 500.000 дози вакцини Фајзер. Во нив се вклучени и дозите за деца во количина од 1 процент од вкупниот број на деца во државата на возраст од 5 до 12 години, или околу 10.000 дози. 

Дозите за возрасните да почнат да се испорачуваат од месец мај, а педијатриските дози во првото тромесечје на 2022 година, а вкупната количина треба да се испорача до декември 2022 година, велат од Владата. 



Набавката на оваа количина вакцини против КОВИД-19 за 2022 година е поради заштита на јавното здравје и за рестартирање на економијата. 

Промовирани огласи »

Доколку сакате да патувате и чедто ги користите услугите на авиокомпанијата „Визер“, денес можете да искористите една неверојатна понуда и да го испланирате следното патување со тоа што ќе купите билети за само 2 евра.

Имено, на почетната страница веднаш ќе ви се појави можеби најубавата вест на денот, а тоа е дека се продаваат билети за само 2 евра.

Доколку сакате да патувате и чедто ги користите услугите на авиокомпанијата „Визер“, денес можете да искористите една неверојатна понуда и да го испланирате следното патување со тоа што ќе купите билети за само 2 евра.

Имено, на почетната страница веднаш ќе ви се појави можеби најубавата вест на денот, а тоа е дека се продаваат билети за само 2 евра.

Промовирани огласи »

Не постои човек на планетата кој е имун на стрес. Тоа е природна реакција дизајнирана да ви помогне да се соочите со опасните, заканувачки ситуации.Колку и да се паметни луѓето, ние не сме доволно еволуирани за да правиме разлика помеѓу физичките, опасни по живот предизвици и емоционалните.

1. Се сомневате во себе

Луѓето доживуваат стрес на работа кога има неусогласеност помеѓу барањата и ресурсите за справување со барањатa.

2. Мислите дека вашата работа е бесмислена

Кога не верувате во вашата работа или не можете да видите како вашите секојдневни задачи придонесуваат за поголемите цели на вашата компанија, не можете да извлечете радост од тоа. Колку помалку радост добивате од вашата работа, толку повеќе сте подложни на стрес - особено затоа што недостатокот на мотивација предизвикува побрзо снемување на пареата.

3. Не можете да се сетите на вашата последна победа

Повторно и повторно сте полни со идеи што не го купуваат лесно шефот, а може да ја изгубите мотивацијата, да ја нарушите вашата креативност и да ја отворите вратата за стресот да тече слободно. Не ви треба четирицифрено покачување за да се чувствувате како успешен, но нешто толку едноставно како добивање на кредит за вашата одлична идеја може да го активира центарот за наградување на вашиот мозок и да го компензира стресот.

4. Не спиете доволно

Ќе се подготвите за хроничен замор на работа, каде што заморот и стресот се хранат еден со друг. Тоа е затоа што мозокот прави грешки и станува помалку ефикасен кога е уморен. 

Промовирани огласи »

ЕВН Хоме како Универзален Снабдувач на електрична енергија ја прифати понудата на АД ЕСМ од 41 евро за мегаватчас за ценатат на струјата во 2022 за првата половина од годината. Старата цена беше 36,1 евро по мегаватчас.

Понуда доставил само АД ЕСМ и тоа за целокупните потреби на ЕВН, односно за задолжителниот минимум од 60 отсто, како и за преостанатите 40 отсто, по кои инаку универзалниот снабдувач би бил должен да ги бара на слободниот пазар.
 

АД ЕСМ како најповолен понудувач ќе ги покрие вкупните планирани потребни количини на електрична енергија за корисниците кои се снабдувани од страна на Универзалниот снабдувач за првата половина од 2022 година. Добиената купопродажна цена е за 13,6 % повисока од претходната која беше добиена на последниот тендер на Универзалниот снабдувач за набавка на електрична енергија за периодот Јули-Декември 2021 година, кога АД ЕСМ понуди купопродажна цена на електрична енергија од 36,1 евро за мегаватчас за вкупните планирани потреби на ЕВН Хоум како Универзален Снабдувач, гласи соопштението од ЕВН.

Сега преостанува уште ЕВН и МЕПСО да направат пресметки на своите трошоци и да ги достават до Регулаторната комисија за енергетика. Врз основа на тие пресметки ќе биде конечно познато колкаво ќе биде поскапувањето на сметките за домаќинствата и малите потрошувачи од 1 јануари 2022.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »