Промовирани огласи »

Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ), како единствен репрезентативен претставник на бизнисот во трипартитниот социјален дијалог, ја подржува програмската определба на Владата за постепено достигнување на нивото на минималната плата од 18.000 денари до крајот на мандатот на оваа влада.

Сметаат дека постојните законски норми според кои се врши годишно усогласување на висината на минималната плата со растот на просечно исплатената плата, со индексот на трошоците на живот и со растот на бруто домашниот производ, овозможуваат на фер начин да се одреди реалната вредност на минималната плата и со тоа да се компензира растот на цените на основните производи од кои во најголем дел зависи животниот стандард на населението.

– Остануваме на својот став дека до реално зголемување на платите и подобар стандард на целото население во земјава може да се дојде само преку здрав и одржлив економски раст, кој ќе се темели на пораст на продуктивноста и конкурентската способност на компаниите. Затоа, во следниот период мора повеќе да се вложува во нови технологии, дигитализација и автоматизација, а државата да создаде поволен економски амбиент за да се реализираат ваквите инвестиции, се наведува во денешното соопштение од ОРМ.

Изразуваат надеж дека во следните години ќе се остварат проекциите на Владата за економски раст, без поголеми потреси предизвикани од актуелната панде*ија, политички кризи или друг вид ризици.

Во врска со предложените измени во Законот за работни односи и Законот за трговија, со кои се доуредуваат одредбите за недела како ден за одмор, за кои во тек е процедурата за усвојување во Собранието, ОРМ смета дека во овој момент е направен добар компромис помеѓу барањата на синдикатите и реалните можности на бизнис секторот.

– Но, истовремено укажуваме дека моделот во предложеното законско решение со кој се прави избор и се набројани дејностите во кои поради природата на дејноста и техничко-технолошкиот процес ќе можат да работат и во недела, носи ризик некои дејности да бидат изоставени од таа листа. Затоа сметаме дека уште во текот на собраниската расправа за овие законски измени, како и во текот на имплементацијата на Законот, ќе мора да се води сметка за евентуално дополнување на листата на дејности кои имаат право да работат во недела, стои во соопштението.

Такви се на пример, се посочува, дејностите за производство на цемент, каде поради карактерот на технолошкиот процес не може да се прекинува работењето во недела, како и дејноста изградба на патишта и железници, каде поради временските услови може да дојде до прекин на работата во текот на работните денови, а изгубените работни часови да мора да бидат надоместени во недела.

Од ОРМ изразуваат надеж и дека со подзаконските акти и правилници кои ќе ги донесе ресорниот министер за труд и социјална политика поточно ќе се утврдат помошните или придружните дејности и работните места кои имаат карактер на помошни и придружни дејности, со што, како што посочуваат, Законот би станал целосно применлив и дека нема да предизвика поголеми проблеми во работењето на компаниите.

Извор: МИА

Промовирани огласи »

Ако имате блага болка во грлото, замор, болки во мускулите слични на грип и блага треска можно е да сте заразени со омикрон сојот на коронавирусот. 

Тоа се најчестите симптоми кај пациентите заразени со омикрон, кои се лекувани во неколку индиски болници. Од 14 заразени во болницата во Мумбаи, осум биле асимптоматски, а 13 биле пуштени на домашно лекување. ЦТ на белите дробови покажа дека ниту еден пациент нема промени, што може да значи дека омикрон не предизвикува тешка пневмонија како некои претходни соеви на коронавирусот. Од 35 случаи во другата болница, половина немале симптоми.  Но,  ниту еден пациент не го изгубил чувството за мирис или вкус.  

Омикрон го има во над 80 држави во светот. Расте бројот на заболени со омикрон во регионот во Грција, а пет случаи веќе има и во Црна Гора. Овој сој ги менува очекувањата за крај на пандемијата.  Во пресрет на празниците, многу земји воведуваат рестрикции. 
Инаку, научниците велат дека е потребен период од една година за целосно закрепнување од ковид. 

Промовирани огласи »

радоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска на брифинг со новинарите истакна дека за две години ќе се имплементира целосно бесплатниот јавен превоз.

Според неа, тоа ќе биде откако ќе се елиминираат долговите на ЈСП, која е во голема загуба.

Арсовска се осврна и кон долгот на Град Скопје.

Целосниот долг на Град Скопје е над 50 милиони евра, додаде Арсовска.

Промовирани огласи »

Од денеска нашите возачки дозволи се признати и во Данска. Последните информации кои пристигнаа од нашата амбасада во Копенхаген, е дека данските власти, а врз основа на билатералната соработка, донесоа одлука за признавање на возачките дозволи на Северна Македонија, соопшти министерот за надворешни работи Бујар Османи на Фејсбук.

Со оваа одлука граѓаните на Северна Македонија, кои имаат регулирано постојан престој на територијата на Данска, веќе од 14 декември ќе можат да управуваат возило со замена на својата возачка дозвола за соодветна данска возачка дозвола, за категорија Б, без услов апликантот да мора да положи контролен возачки испит.

Конечното решавање на ова прашање за државјаните на Република Северна Македонија во Данска е од голема важност за нив и се надминува еден деценски проблем што го обременуваше нивниот секојдневен живот таму, имајќи ја во предвид и бројностÐ ° на нашата дијаспора во Данска. Дипломатијата во служба на дијаспората, напиша Османи.  

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »