Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денес на главна седница ќе донесе конечна одлука за цената на електрична енергија, што ќе биде во важност од 1 јануари следната година.

На вчерашната подготвителна седница се претставени вонредните механизми што РКЕ првпат ќе ги активира во кризна состојба.

Се чекаат и забелешките што ќе бидат доставени во писмена форма од енергетските компаниии, кои ќе бидат разгледани на главната седница и ќе биде донесена конечната одлука.

Новата цена на струјата за корисниците на регуларниот пазар ќе важи во првите шест месеци од наредната година. Сите енергетски компании веќе побараа зголемување на цената на електричната енергија.

Промовирани огласи »

Воведувањето недела да биде неработен ден ги вознемири охридските дуќанџии. Тие бараат иземање на Охрид како туристички центар од законот кој на сила стапува од првиот викенд во новата година, бидејќи како што велат тоа ќе предизвика сериозни штети на локалната економија и туризмот со оглед на тоа што најголемиот број туристи градот го посетуваат токму за викендите.

Дуќанџиите посочуваат дека Охрид не смее да биде затворен во недела, и се загрижени за опстанокот на нивните ионака погодени бизниси во пандемијата.

Трговците најавија дека овој викенд нема да ги затворат своите дуќани и за тоа ќе ги известат сите надлежни органи и инспекции а побараа поддршка за своите барања од советот на Град Охрид, Градоначалникот и пратениците од Охрид.

Промовирани огласи »

Додатокот на плата за работа во недела и на празници изнесува најмалку 100% (по Општиот колективен договор за приватниот сектор работа во празник се плаќа дополнителни 150% или вкупно 250%), за секој час поминат на работа.

Сојузот на синдикатите на Македонија од самиот почеток е против работничките права за уредување на правото на недела за ден на неделен одмор да не се уредат во Законот за работните односи и да се уредуваат и со Законот за трговија и тоа јасно и недвосмислено го укажуваше тоа на седниците на Економско – социјалниот Совет.

Собранието на 27 декември 2021 година го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за трговија во кој покрај другото на барање на ССМ, во член 4, односно во изменетиот член 25 од Законот за трговија во ставот 4 се уредува дека Tрговија на големо и трговија на мало не може да се вршат во недела, како и на државни празници и други празници кои се определени како неработни денови согласно со закон.

Што значи дека само за мал број од исклучоците се предвидува дека трговијата на мало може да се врши во недела и на празник и тоа само во:

1) во специјализирани продавници или киосци за продажба на сладолед, колачи и апетисани, цвеќиња, сувенири, филигранство, весници и цигари, во туристичките места утврдени со Законот за туристичка дејност;

2) во продавниците на бензински станици во чии рамки се врши трговија на мало претежно со храна, пијалоци и тутун;

3) во продавници, киосци и штандови во трговските центри (молови) кои имаат минимална ефективна површина за трговија на мало од 8.000 м2;

4) на штандови и киосци каде што се продава добра за време на спортски настани, фестивали и манифестации, саеми и за време на јавната проекција на кинематографски дела;

5) во продавници за трговија на мало со храна (без зеленчук и овошје), пијалоци и тутун во кои трговијата се врши лично само од сопственикот на продавницата

6) на зелени пазари.

За работниците кај трговците на мало од ставот 5 на овој член, ден на неделен одмор може да биде друг ден во неделата, согласно со закон.

Додатокот на плата за работа во недела и на празници изнесува најмалку 100% (по Општиот колективен договор за приватниот сектор работа во празник се плаќа дополнителни 150% или вкупно 250%), за секој час поминат на работа.

Износот на додатокот за плата за работа во недела беше веднаш прифатен од страна на Министерот Крешник Бектеши со кој очигледно беше полесно и постручно да се преговара и имаше повеќе разбирања за работниците.

Заедно, покрај ограничувањето за работа во недела во трговијата на големо и мало го ограничивме и работењето во празник односно повеќе ниту еден друг работодавач освен во наведените исклучоци покрај тоа што нема да смее да работи во недела, а нема да смее да работи ни во празник.

Ова од причини поради тоа што работниците токму во трговијата беа најмногу експлоатирани од страна на работодавачите на празник, а за тоа или не им го исплаќаа додатокот за работа во празник утврден во ОКД за приватниот сектор во висина од +150% или пак им исплаќаа некој симболичен износ или пак 50% што беше незаконски и на таков начи на грбот на работниците се богатеа.

Мораме да напоменеме дека сме изненадени што со Амандман на член 4 се менува член 25 во став 13 алинеја 3, поднесен од пратениците: Арбер Адеми, Арта Билали-Зендели, Фаница Николоска и Славјанка Петровска, во насока на тоа што работниците во продавници, киосци и штандови во трговските центри (молови) кои имаат минимална ефективна површина за трговија на мало од 8.000 м2 се дозволува да работат од 10:00 до 20:00 часот ( 10 часа ), а не како што беше договорено на ЕСС до 18:00 часот ( 8 часа) или една смена па од тука се поставува прашањето дали доследно ќе се почитуваат останатите одредби од Законот за работните односи па така овие два дополнителни часа ќе се третираат како прекувремена работа или работниците ќе бидат организирани во смени со доследно почитување на Законот за работно време, паузи, дневен и неделен одмор.

Сојуз на синдикатите на Македонија

Промовирани огласи »

Ајова бара медицински сестри, кои ќе ги плаќа по 330 долари на час. 

Работниците надвор од државата ќе добијат платен престој во хотел и бонус за превоз.

Американската сојузна држава Ајова одобри буџет од над девет милиони долари за ангажирање медицински сестри затоа што бројот на хоспитализации поради коронавирусот продолжува да расте, објави Вашингтон Егзаминер.

Ајова и нуди на компанија со седиште во Канзас околу 220 долари на час за медицински сестри кои ќе успее да ги испрати. Од нив се очекува да работат 20 часа прекувремена работа за 330 долари на час. Најмалку 100 респираторни терапевти и медицински сестри веќе пристигнаа во Ајова.

foto freepik.com

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »