Растат трошоците за живот во Македонија. Тоа може да се види од статистичките податоци.
Намалување на индексите имало само кај „комуникациите“ за 0,5 отсто. За „ресторани и хотели“ има скок за 5,9 отсто, „алкохолни пијалаци, тутун и наркотици“ за 3,8 отсто, „храна и безалкохолни пијалаци“ за 3,1 отсто, „здравје“ за 2,9 отсто, „домување, вода, електрика, гас и други горива„ и „рекреација и култура“ за 2,7 отсто, „разновидни стоки и услуги“ за 1,4 отсто, „мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата“ за 1 отсто и „облека и обувки“ за 0,2 отсто.
Државниот завод за статистика денеска објави дека трошоците за живот во декември лани биле поголеми за 0,4 отсто во однос на ноември, а цените на мало за 0,9 проценти,. За цела 2021 година, во однос на претходната, цените на мало се зголемиле за 4,3 отсто. Најголем пораст има во транспортот, кајшто има поскапување од скоро 10, односно 9,9 отсто.
За околу 150 денари се зголемени минималните трошоци на едно семејство во декември во однос на ноември, покажуваат пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија.
За споредба, просечната нето плата во октомври била 29.145 денари.