Промовирани огласи »

Претседателот на СДСМ и мандатар за состав на нова Влада, Димитар Ковачевски на Фејсбук објави дека Владата ги активираше сите механизми, обезбедено е парно греење за скопјани.

Скопјани да бидат спокојни, парно ќе имаат и денеска, и овој викенд и во текот на цела грејна сезона со соодветна температура. Како што најавив, Владата ги активираше сите механизми, ги презеде чекорите за да обезбеди топли домови и проблемот е надминат. Владините претставници детално ќе информираат за решението на вечерашната прес конференција. Грижата за нашите сограѓани не е предизборен памфлет, туку преземање одговорност кога е најпотребно. стои во објавата на Ковачевски.

Промовирани огласи »

Пандемијата „удри“ по угостителите, па така во Германија секој четврти угостител останал без работа. 

Во најтешка ситуација се вработените во кафеаните и кафулињата, каде што бројот на вработени е намален за 44,7 отсто од појавата на пандемијата. Во рестораните има 22,5 отсто помалку работници.  Податоците на Заводот за статистика на Германија, покажуваат дека во првите десет месеци лани бројот на вработени во угостителството бил за 23,4 отсто помал во однос на истиот период во 2019 година. Во фирмите кои се занимаваат со „угостителство“, на платен список се „само“ 17,1 отсто од работниците. Угостителството и туризмот се најпогодени од пандемијата. 

foto freepik.com

Промовирани огласи »

“Балкан енерџи груп” (БЕГ) ќе остане без лиценца во моментот кога ќе престане да испорачува топлинска енергија во Скопје, а одговорноста за снабдување со топлинска енергија ќе ја преземе Владата, откако претходно денеска БЕГ соопшти дека има пари за набавка на гас до крајот на денешниот ден, вели претседателот на Регулатроната комисија за енергетика Марко Бислимовски.

Предлогот што го понуди БЕГ за Регулаторната комисија е неприфатлив, имајќи предвид дека сите опции што ги понудија и Регулаторната комисија и Владата, БЕГ и ТЕ-ТО ги одбија. Се разбира дека одговорноста за снабдување со топлинска енергија ќе си ја преземе Владата кога веќе БЕГ кажува дека тоа нема да може да го прави од сабота, но затоа Регулаторната комисија ќе им ја одземе лиценцата за работата. Дополнително, нека не очекуваат некој друг да им го реши проблемот за тие во мај да се вратат како принцеви на бели коњи. Сè што треба да преземе државата за да си ги заштити граѓаните, ќе преземе, вели Бислимоски за САКАМДАКАЖАМ.МК.

Владата на вчерашната седница не ја одзеде лиценцата на БЕГ, туку проблемот со струјата и парното одлучи да го решава со еден потег. Ќе се активира во полн капацитет ТЕ-ТО, и ќе работи од 5 наутро до 1 часот по полноќ наредниот ден, седум дена во неделата, а не само пет.

Министерот за економија Крешник Бектеши појасни дека АД „ТЕТО“ ќе работи седум дена во неделата во период од 05 до 01 часот со полна моќност, а АД ЕСМ ќе го откупува вишокот на електрична енергија што компанијата нема да го продаде на слободниот пазар, за што денеска ќе биде потпишан договор меѓу двете компании.

Промовирани огласи »

Согласно Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ” бр.21/98 и 18/07), 19 јануари 2022 година (среда), Богојавление (Водици), е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Северна Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Од Министерството воедно им го честитаат празникот Богојавление (Водици) на граѓаните од православната вероисповед.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »