Промовирани огласи »

Малопродажната цена на бензините од ноќеска на полноќ ќе биде повисока за еден денар по литар, а дизел горивата поскапуваат за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 79,5, а ЕУРОСУПЕР БС-98 – 81,5 денари по литар, додека ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продаваат по 71,5 денари за литар.

Се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 44,722 денари.

Промовирани огласи »

Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерката за труд и социјални прашања, Јована Тренчевска, министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и советникот на претседателот на Владата Милан Живковиќ, денес остварија работна средба со претставници на Сојузот на синдикати на Македонија, предводени од претседателот на ССМ, Дарко Димовски, а на која главна тема беа барањата на синдикалците за зголемување на минималната плата во земјава.

Од ССМ порачаа дека единствената светла точка од денешната средба со Владата е тоа што за в среда е закажан Економско-социјален совет, каде што на трипартитно ниво помеѓу Владата, работниците и работодавачите ќе се одлучува за зголемување на минималната плата на 18 000 денари и скалесто зголемување на сите останати плати.

„Како Сојуз на синдикати на Македонија не го прифаќаме зборот „ќе“, туку „кога“ и „колку“. Затоа сум малку револтиран од односот на нашите социјални партнери. Во среда продолжува битката за работничките права. Единствената цел е егзистенцијата на работникот во оваа економска, ковид и енергетска криза“, рече претседателот на ССМ, Дарко Димовски по денешната средба во Владата.

Претседателот на ССМ ги повика работниците на штрајк, протести и блокади на улиците доколку во среда не бидат исполнети нивните барања за зголемување на минималната плата на 18 000 денари.

Промовирани огласи »

Граѓаните уште цел февруари ќе ги користат паркинг услугите во Скопје по старите цени, а од први март стапуваат на сила новите повтини цени. 

Цената за паркирање ќе се намали во зонското паркирање, во зона А0 од 100 се намалува на 75 денари, во зона А од 50 се намалува на 40 денари, во зона Б од 40 на 30 денари, а во зоните Ц и Д паркирањето ќе се намали од 30 на 25 денари за 1 час. 

Ова минатата недела го соопшти надлежното јавно претпријатие Градски паркинг - Скопје од каде што порачаа дека со ова се исполнува едно од главните ветувања на новото раководство за граѓаните на Скопје. 

Промовирани огласи »

На булеварите кои се под надлежност на Град Скопје од денеска е вратен зелениот бран на семафорите, како и бројчаниците.

Едно од ветувањата во предизборната кампања за локалните избори на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска беше поставувањето на бројчаници на семафорите, на крстосниците каде не се следи движењето од ЦУКС. Покрај поставувањето на бројчаниците, реализирано е и ветувањето за враќањето на зелениот бран на делниците во надлежност на Град Скопје.
Градоначалничката Арсовска вети дека во првите 82 дена од нејзиниот мандат ќе постави бројчаници на семафорите на крстосници во Скопје на кои не следи движење ЦУКС, и ветувањето го исполни. Имено, поставени се бројчаници на булеварот Христијан Тодоровски Карпош на семафорот на крстосницата со Натанаил Кучевишки, на крстосницата со Боца Иванова и на крстосницата со бул. Босна Херцеговина,  а истите ќе бидат поставени дополнително и на уште неколку семафори за кои е детектирано дека се од важност за регулирање, соопштија од Град Скопје.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »