Промовирани огласи »

Вакцинираните и оние кои прележале Ковид-19 и имаат валиден европски сертификат, од утре во Грција ќе патуваат слободно, без да биде потребно дополнително да се тестираат, додека пак за останатите, задолжителен е негативен резултат од ПЦР или рапид тест, согласно измените на мерките што утре стапуваат во сила, а важат и за државјаните на Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.

По нешто помалку од два месеци, Грција ја укина мерката (воведена на 19 декеври 2021 година) за задолжителен ПЦР/рапид тест за сите патници од сите земји независно од тоа дали се вакцинирани или не, нешто што во петокот го соопшти и министерот за здравство Танос Плеврис кој рече дека „влезот во земјата за оние кои имаат активен европски сертификат ќе биде без задолжителен тест”.

Со укинувањето на вонредната мерка, всушност условите за патување кај јужниот сосед се истите како што беа и претходно, пред да се воведе задолжителниот тест, но со ограничувања во однос на важноста на сертификатот за вакцинација, на девет месеци по втората доза и потврдата за прележан Ковид-19, 180 дена по првиот позитивен резултат.

Во Службен весник на Грција веќе е објавена новата министерската одлука „Предуслови за влез во земјата за ограничување на ширењето на Ковид-19″, што стапува во сила утре и ќе важи до 21 февруари 2022 година во шест часот наутро, а МИА детално ги пренесува правилата за патување кај јужниот сосед.

Влез во Грција е дозволен за посетители од државите членки на Европската Унија и Шенген зоната и за 33-те земји кои се вклучени во системот на ЕУ за дигитален сертификат (European Union Digital Covid Certificate, EUDCC), а меѓу нив и  Македонија, кои ќе треба да поседуваат европски дигитален сертификат за Ковид-19, поврзан со вакцинација, прележана болест или негативен тест по направен ПЦР или рапид тест.

Промовирани огласи »

Во емисијата „Стисни плеј“, која вчеравечер имаше специјално издание, беше прогласен годинашниот македонски претставник на „Евровизија“.

Покрај гласовите од публиката, која имаше шанса да ги даде преку онлајн гласање, своите гласови ги даде и стручно жири. Виктор Апостоловски и Андреа Коевска беа со идентичен број гласови, со што кај Виктор беше поголем бројот  на оние од публика, а кај Андреа оние од стручното жири, по што таа беше и прогласена за победник.

Слушнете ги двете песни:

Промовирани огласи »

Првиот лет од Софија до Скопје пристигнува на 11 февруари, каде бугарска делегација предводена од министерот за транспорт и комуникации на Република Бугарија, Николај Сабев, придружуван од бугарските тур-оператори, ќе оствариме заедничка средба и ќе разговараме за отворање на нови можности за нашите граѓани и за воспоставување на авиолинијата Скопје – Софија како редовна, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска од Кочани.

Министерот Бочварскиочекува оваа авиолинија да ги поврзе двата главни градови и да започне редовно да оперира од почетокот на месец март.

Тур – операторите од двете земји, на заедничката средба, ќе понудат и трета дестинација, екстензија од летот Софија – Скопје, која треба да понуди нови можности за нашите граѓани, а ќе донесе како туристички, така и економски бенефит.

На 10 февруари во Софија ќе имам работна средба со министерот Сабев, заедно со нашите тимови од Комисијата за транспорт и инфраструктура, а веќе наредниот ден на 11 февруари, ќе се реализира првиот лет Софија – Скопје, каде министерот, со бугарските тур-операторите ќе пристигнат во Скопје. На заедничката средба тука кај нас, вклучително и со нашите тур-оператори, ќе разговараме за воспоставување на оваа линија како редовна, со која ќе овозможиме нови поволности и најдобри солуции за нашите граѓани. Имаме и заинтересирана авиокомпанија за реализација на оваа авиолинија и очекувам таа да стане редовна од почетокот на месец март, изјави министерот Благој Бочварски.

Ова е дел од договорите и разговорите кои во последниот месец се интензивираа помеѓу двете влади, со цел развивање на економијата, туризмот и комуникациите меѓу двете земји.

Промовирани огласи »

Ако вашата професионална способност е во продажбата, маркетингот, менаџментот или креативноста, ве очекуваат работни места во областа на технологијата.
За разлика од изгледите за работа за софтверски инженери или мрежни инженери, овие непрограмски работни места ви овозможуваат да имате кариера во технологијата без потреба да стекнете дополнителни технички вештини. 

Технички работни места кои не вклучуваат кодирање:

Повеќето технолошки работни места кои не бараат вештини за кодирање спаѓаат во категоријата на продажбата. Другите технолошки кариери се потпираат на компетентност на експертско ниво и обично не вклучуваат програмски вештини. Тоа се графички дизајн, развој на бизнисот и пишување.

Податоците подолу се земени од Payscale и Бирото за статистика на трудот. Тие ја покажуваат просечната плата и растот на работните места за овие профитабилни кариери во технологијата. Исто така, ги претставува минималните барања што ќе ви требаат за да се пробиете во кариерата на технологијата.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »