Промовирани огласи »

Премиерот Димитар Ковачевски најави дека в петок ќе се одржи првиот состанок за можноста за промена на методологијата за пензиите, која ќе треба да овозможи одржливо зголемување на пензиите, но и дека ќе се прават анализи за финансика помош на пензионерите. 

На начин на кој беше направена новата методологија за минималната плата што овозможи нејзин пораст, нагласи Ковачевски ќе се прави и промена на методологијата за исплата на пензиите, а тоа е низ разговори и преговори.

На ист начин ќе биде направена новата методологија за пензиите која што ќе биде резултат на дијалог со здруженијата на пензионерите, односно асоцијациите на пензионерите. Тој дијалог ќе започне в петок оваа недела. Министерката за труд и социјална политика веќе го има свикано првиот состанок на којшто ќе се разговара за моделите коишто ги имаат размислувано асоцијациите на пензионерите, нормално и економските ресори во Владата. Таа методологија треба да овозможи зголемување на пензиите кое ќе биде одржливо во текот на наредните години, при што треба да се внимава и на одржливост на пензискиот Фонд, рече премиерот одговарајќи на новинарско прашање на МИА по посетата на компанијата „Текспорт“.

Дополнително, додаде Ковачевски, со оглед на тоа што се работи за година на економска криза предизвикана од енергетската европска криза, се прават анализи за дополнителна финансиска помош за пензионерите.

Анализите се водат во насока помошта да биде скалеста, односно оние што имаат најмали пензии да добијат најмногу, а оние што имаат повисоки пензии соодветно на тоа да добијат износ. Во овој момент не можам да ви кажам за конкретен износ со оглед на тоа дека анализите се прават, а разговорите започнуваат в петок, бидејќи сметаме како со минималната плата која што се водеше низ дијалог така треба да се направи и новата методологија за пензиите, бидејќи тоа е начин на којшто сите заинтересирани страни како од оние коишто се корисници на пензиите така и институциите коишто треба тоа решение да го спроведат и да биде одржливо да бидат вклучени во изнаоѓање на најсоодветното решение, рече Ковачевски.

Сето ова додаде оди во насока на постојаните заложби на Владата да им се помогне на граѓаните, да помогне на стопанството во услови на криза.

Сите одлуки коишто ги носиме и сите решенија коишто се предлагаат и коишто веќе се реализирани, како што е минималната плата, како што е справувањето со енергетската криза – субвенционирање на дел од трошоците за електрична енергија за да нема ценовен шок, како што е преземањето на управувањето со БЕГ за да обезбедиме непречено снабдување со топлинската енергија, така и во делот на пензиите. Минималната плата ја постигнавме низ дијалог со сите заинтересирани страни што значи дека во дијалогот и во тој процес беа вклучени синдикатите и беа вклучени работодавците, а беа консултирани и стопанските комори, рече премиерот Ковачевски.

Промовирани огласи »

Министерот за економија Крешник Бектеши утринава посочи дека од први март нема да има замрзнати цени на производите  но рече  дека најверојатно ќе се ограничи маржата на трговците.


Според него оваа и наредената недела ќе имаме директни средби со сите засегнати страни, посебно со производителите и трговците со прехранбени производи за оние производи кои се наведени во одлуката за замрзнување на цените за да најдеме начин да нема поскапување на цените.

Оваа и наредната недела ќе имаме директни средби со сите засегнати страни, посебно со производителите и трговците со прехранбените производи кои се наведени во одлуката за замрзнување за да најдеме начин да нема зголемување на цените. Најверојатно ќе се оди со дефинирање на одредени маржи во трговијата на мало и на големо. Во делот на производите што ги произведуваме дома ќе може да се интервенира со замрзнување на цените, но забележавме дека генерално има поголемо зголемување на цените на тие производи кои се увезуваат во нашата држава и затоа најверојатно ќе се оди со опцијата на ограничување на трговската маржа.Ако се вратиме назад во времето кога беше објавено дека целосно ќе има затворање на одредени сектори ние такви одлуки носевме како Влада, дополнително имавме и други начини и можности како да им помогнеме на граѓаните со цел да ја подигнеме потрошувачката и да влијаеме на намалување на нивните трошоци и да не влијаеме негативно на животниот стандард. Веќе од декември се применува мерката за замрзнување на цените и е во сила до крајот на февруари. Во текот на оваа недела со економските ресори и со сите чинители, посебно во делот на производителите на овие основни производи, ќе имаме дискусии и најверојатно согласно првичните информации кои ги има Секторот за трговија ќе одиме со опцијата на одредување на маржи, имајќи во предвид дека согласно нашите анализи на таков начин нема да има ценовни шокови за основните прехранбени производи, прецизира Бектеши.

Промовирани огласи »

Американските научници соопштија дека со трансплантација на коскена срцевина на донор кој имал природен имунитет на вирусот што ја предизвикува болеста, успешно ја излекувале првата жена од СИДА во САД, вкупно трето лице.

Случајот на средовечната пациентка од мешана раса беше претставен на научна конференција за ретровируси и инфекции во Денвер и таа е првата личност која се лекува со новата метода која вклучува матични клетки од крв од папочна врвца.

Откако добила крв од папочна врвца за третман на акутна миелоидна леукемија, форма на рак што се формира во клетките кои формираат крв во коскената срцевина, пациентката сега е во фаза на ремисија и е излекувана од вирусот по 14 месеци.

Двата досега случаи на излекувани од СИДА се однесуваа на мажи, еден бел и еден латиноамериканец, а тие се излекувани преку возрасни матични станици, кои вообичаено се користат при трансплантација на коскена срцевина.

Овој случај е дел од поголемо истражување кое третира 25 лица заразени со ХИВ, а кои ќе бидат подложени на трансплантација на коскена срцевина. Сите првично ќе подлежат на хемотерапија за да им се отстранат канцерогените клетки. Потоа ќе им биде пресадена коскена срцевина од луѓе со специфична генска мутација, кои немаат рецептори кои вирусот ги користи за инфицирање на клетките.

Научниците веруваат дека овие лица потоа ќе развијат имунолошки систем, отпорен на ХИВ.

Промовирани огласи »

Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд во понеделникот соопштија дека привремено преместиле дел од персоналот од Украина поради зголемената загриженост за потенцијална руска инвазија, но двете институции рекоа дека нивната работа за кредитирање и поддршка во Украина продолжува.

Светската банка во интерен меморандум што го видел Ројтерс соопшти дека привремено ги суспендирала мисиите на персоналот во Украина и внимателно ја следи ситуацијата на границата, каде што Русија собра голема воена сила на растојание од Украина.

ММФ одржува програма за заем од 5 милијарди долари за Украина, додека Светската банка обезбеди речиси 1,3 милијарди долари финансирање за Украина од почетокот на пандемијата KОВИД-19.

Најосновниот приоритет на Групацијата Светска банка е да ги заштити персоналот и нивните семејства. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »