Промовирани огласи »

Поскапувањето на цигарите беше најавено уште минатиот месец, иако никој од производителите и увозниците на цигари во Македонија официјално не ја потврди таа информација.

Како што кажуваат купувачите, цигарите се поскапени за дури 10 денари.

Вакво нешто се очекуваше со оглед на трендот на зголемување на цените на суровините, репроматеријалите и енергенсите, пред сѐ гасот и електричната енергија, кои имаат значителен удел во производството.

Притисок врз цената на цигарите создава и редовното годишно зголемување на акцизата, која како дополнителна давачка ја воведе државата за да го дестимулира пушењето. Имено, секоја година, почнувајќи од 2013 година, па сѐ до 2023 година, акцизата на цигарите се зголемува за најмалку пет денари по кутија.

Во изминатите години, за да избегнат поголемо поскапување на цигарите, некои производители и увозници на цигари, носеа одлуки да преземат дел од трошокот за зголемената акциза врз себе.

Промовирани огласи »

Австрискиот канцелар Карл Нехамер најави укинување на епидемиолошките мерки на 5 март.

Владата, заедно со гувернерите на покраините, донесе одлука за натамошно олеснување на мерките со образложение дека состојбата во болниците и покрај големиот број новозаразени, е стабилна.

Денеска учесниците на средбата сакаа да го прогласат 5 март за „Ден на слободата“, по примерот на Велика Британија.

Според претходната одлука на Владата, на 19 февруари ќе следи натамошно олеснување на мерките. Така, во угостителството, хотелите и настаните, 2G ќе се смени во правилото 3G, со што на невакцинираните со негативен тест, повторно ќе им се овозможи пристап до кафулиња, ресторани, хотели, концерти, натпревари.

Исто така, од 5 март ќе бидат овозможени приватни и јавни прослави, концерти, саеми и други собири без ограничување на бројот на присутни.

Се укинува и канрантинот за инфицираните без симптоми, а единствено што ќе остане е обврската за носење маски на одредени места, како јавниот превоз и супермаркетите.

Се размислува и за времено прекинување на задолжителната вакцинација, која беше воведена пред десетина дена.

Извор: Блиц.рс

Промовирани огласи »

На барање на правните субјекти заради заштита и превенција од болеста, Централниот регистар донесе одлука за продолжување од 10 дена на рокот и за хартиено и за електронско поднесување на годишните сметки.

Како што информираат од Централниот регистар, крајниот рок во хартиена форма ќе биде до 10 март годинава, со работно време на сите канцеларии на Централниот регистар од 08:00 до 16:00 часот, додека крајниот рок за поднесување на годишната сметка во електронска форма ќе биде до 25 март до 24 часот.

Централниот регистар како сервисно ориентирана институција која секогаш ги зема во предвид барањата и потребите на странките и нашите корисници, во рамките на законските можности трета година по ред го продолжува рокот за поднесување на годишните сметки поради зголемениот број на позитивни случаи. Сакаме да напоменеме дека минатата година приемот на годишните сметки го следеше трендот, како и изминатите години, па во законски предвидениот рок во Централен регистар беа поднесени 95 отсто годишни сметки, се вели во соопштението од Централниот регистар.

Оттаму појаснуваат дека одлуката за пролонгирање на рокот е во согласност со член 477 став 1 од Законот за трговски друштва.

Промовирани огласи »

Сите апокалиптични сценарија и најави дека цената на електрична енергија за домаќинставата ќе се зголеми до 50 проценти или ќе има рестрикции не се остварија. Цената се корегираше за 9,48 проценти, а рестрикции нема, посочи Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) на собраниската Комисија за економски прашања на која трет ден се разгледува Предлог финасискиот план на РКЕ за 2022 година.

Бислимовски информираше дека во изминатиот период РКЕ посредуваше во решавање на проблемите на граѓаните кои пријавиле дека добиле несоодветни високи сметки за електрична енергија.

Станува збор за несоодветно отчитување. Затоа самите граѓани можат да превинираат и да си го отчитаат броилото и состојбата да ја пријават. ЕВН Хоме е должен да фактурира по состојбата што граѓаните ја пријавиле со самоотчитување, рече Бислимоски.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во дебататата за енергетската состојба и предлог финасискиот план обвинија дека членовите не ги задоволуваат критериумите при нивното бирање и со тоа е доведена во прашање нивната независност.

За ова малку време што ви остана покажете интегритет. Секако за кратко ќе се смени власта и ќе дојдат луѓе што знаат проблематиката во РКЕ, рече Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ.

Бислимоски посочи дека РКЕ во последните три години е оценета за број еден регулатор од страна на Енергетската заедница. Во извештаите, како што рече, е оценета дека го има потврдено кредибилитетот и независноста со тоа што РКЕ има покажано највисока експертиза, стандарди, посветеност и способност да се спротистави на потенцијалните влијанија врз независноста.

Во извештајот на ЕК се констатирани политички влијанија, но точно се знае кој ја кочи работата и сака да влијае како што го кочите финасискиот извештај сега. Нема да најдете регулатор во ЕУ каде четири месеци се потребни да се усвои финасиски извештај. И секако овие ваши изјави дека ќе ги разрешите членовите во РКЕ откако ќе дојдете на власт – во Европската комисија го констатираат како притисок врз независноста, посочи Бислимоски. 

Извор: Банкометар

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »